Петта египетска династија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Петтата династија на древниот Египет (династија V) често се комбинира со династиите III, IV и VI како Старо Кралство. Фараоните на Петтата династија владееле околу 150 години, од почетокот на 25 век п.н.е. до средината на 24 век п.н.е.

Владетели[уреди | уреди извор]

Познатите владетели од Петтата династија се наведени подолу.[1] Мането запишал 248 години владеење на Петтата династија; сепак, фараоните од оваа династија најверојатно владееле приближно 150 години.[2] Оваа проценка варира од научник и извор.[б 1] Хорусовото име[10] и повеќето имиња на кралиците[11] се земени од Додсон и Хилтон.[12]

Фараони од Петтата династија
Име на кралот Хорусово Име Проценето времетраење на владеењето Пирамида Кралица (и)
Усеркаф Иримаат 7 години Пирамида во Сакара Кенткаус I ?
Неферхетепе
Сахуре Небкау 13 години, 5 месеци и 12 дена Пирамида во Абусир Неферетнебти
Нефериркаре Какаи Нефериркаре 20 години Пирамида во Абусир Кенткаус II
Неферефре Неферкау 2 до 3 години Незавршена пирамида од Неферефре во Абусир Кентакавес III ?
Шепсескаре Шепскескаре Веројатно неколку месеци Можеби во Абусир
Ниусере Ини Нусере 24 до 35 години Пирамида во Абусир Ретинуб
Менкаухор Каиу Менкаухор 8 или 9 години Безглава пирамида во Сакара Мересанк IV ?
Џедкаре Исеси Џедкаре 33 до повеќе од 44 години Пирамида во Сакара Сетибор
Унас Ваџтави 15 до 30 години Пирамида во Сакара Небет
Кенут

Мането пишува дека кралевите на петтата династијата владееле од Елефантин, но археолозите откриле докази кои покажуваат дека нивните палати сè уште се наоѓале во Инеб-Хеџ („бели ѕидови“).

Како и претходно, биле испратени експедиции до Вади Магаре и Вади Карит на Синај да копаат тиркиз и бакар, и во каменоломите северозападно од Абу Симбел за гнајс. Трговски експедиции биле испратени на југ до Пунт за да обезбедат малахит, смирна и електрома, а археолошките наоди во Библос потврдуваат дека дипломатски експедиции биле испратени до тој феникиски град. Наодите кои носат имиња на неколку кралеви од петтата династија на местото на Дорак, во близина на Мраморно Море, може да бидат доказ за трговија, но остануваат мистерија.

Како фараонот Усеркаф ја основал оваа династија не е позната со сигурност. Папирусот Весткар, кој бил напишан за време на Средното Кралство, раскажува за тоа како кралот Куфу од династија IV добил пророштво дека тројца родени од сопруга на свештеник на Ра во Сакбу ќе го тргнат него и неговите наследници од престолот, и како тој се обидел да ги убие овие деца, именувани Усеркаф, Сауре и Нефериркаре. Сепак, во последниве години, научниците ја прогласија оваа приказна за легенда, и признаа дека не знаат како се случила транзицијата од една династија во друга.

За време на оваа династија, се случиле неколку важни измени воегипетската религија. Се појавиле најраните познати примероци на погребни молитви напишани на кралските гробови (познати како пирамидални текстови). Култот кон богот Ра добил дополнителна важност, а кралевите од Усеркаф до Менкаухор Каиу граделе храмови посветени на Ра во близина на Абусир. Подоцна во оваа династија, култот кон божеството Озирис добил на важност, особено во натписите што се најдени во гробот на Унас.

Меѓу Египќаните кои не биле кралеви од ова време, Птахотеп, везир на Џедкаре Исеси, станал славен поради својата мудрост. Максимите на Птахотеп му биле припишани од подоцнежните препишувачи. Не-кралските гробови исто така биле украсени со натписи, како што се кралските, но наместо молитви или инканации, на ѕидовите биле напишани биографиите на починатите.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Shaw 2000, стр. 482.
  2. Altenmüller 2001, стр. 597.
  3. Verner 2001b, стр. 588–590.
  4. Altenmüller 2001, стр. 597–600.
  5. Verner 2001d, стр. 473.
  6. Grimal 1992, стр. 390.
  7. Bard 1999, Chronology of Ancient Egypt.
  8. Lehner 2008, стр. 8.
  9. Arnold 2003, стр. 267.
  10. 10,0 10,1 Dodson & Hilton 2004, стр. 288.
  11. Dodson & Hilton 2004, стр. 65.
  12. Dodson & Hilton 2004, стр. 65 & 288.

Забелешка[уреди | уреди извор]

  1. Предложени години за Петтата династија: околу 2513–2374,[3][4] околу 2510–2370,[5] околу 2510–2460,[6] околу 2494–2345,[1][7] околу 2465–2323,[8] околу 2450–2325,[9] околу 2392–2282[10]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Altenmüller, Hartwig (2001). „Old Kingdom: Fifth Dynasty“. Redford, Donald B.. The Oxford Encyclopedia of Ancient Egypt, Volume 2. Oxford: Oxford University Press. стр. 597–601. ISBN 978-0-19-510234-5. 
  • Arnold, Dieter (2003). The Encyclopaedia of Ancient Egyptian Architecture. London: I.B Tauris & Co Ltd. ISBN 1860644651. 
  • Bard, Kathryn, уред (1999). Encyclopedia of the Archaeology of Ancient Egypt. London; New York: Routledge. ISBN 978-0-203-98283-9. 
  • Dodson, Aiden; Hilton, Dyan (2004). The Complete Royal Families of Ancient Egypt. London: The American University in Cairo Press. ISBN 0500051283. 
  • Grimal, Nicolas (1992). A History of Ancient Egypt. Translated by Ian Shaw. Oxford: Blackwell publishing. ISBN 978-0-631-19396-8. 
  • Lehner, Mark (2008). The Complete Pyramids. New York: Thames & Hudson. ISBN 978-0-500-28547-3. 
  • Shaw, Ian, уред (2000). The Oxford History of Ancient Egypt. Oxford: Oxford University Press. ISBN 0-19-815034-2. 
  • Verner, Miroslav (2001b). „Old Kingdom“. Redford, Donald B.. The Oxford Encyclopedia of Ancient Egypt, Volume 2. Oxford: Oxford University Press. стр. 585–591. ISBN 978-0-19-510234-5. 
  • Verner, Miroslav (2001d). The Pyramids: The Mystery, Culture and Science of Egypt's Great Monuments. New York: Grove Press. ISBN 9780802117038.