Кенткаус III

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кенткаус III
Сопруга на кралот, Мајка на кралот

На престол околу 2450 г. п.н.е.
Сопружник Неферефре?
Деца
Менкаухор Каиу?
Татко Нефериркаре Какаи?
Мајка Кенткаус II?
Почивалиште Абусир, мастаба AC 30
Вероисповед Староегипетска религија

Кенткаус III,[1] [2] честопати нарекувана Кентакавес III од страна на медиумите, била древна египетска кралица која живеела за време на Петтата династија околу 2450 п.н.е.[1]

Кенткаус најверојатно била ќерка на кралот Нефериркаре Какаи и кралицата Кенткаус II, додека нејзиниот сопруг најверојатно бил фараонот Неферефре,[2] а нејзиниот син бил фараонот Менкаухор Каиу.[3][4]

Откривање на гробот[уреди | уреди извор]

На 4 јануари 2015 година, откривањето на нејзината гробница од страна на чешки археолози било објавено од страна на египетските власти.[3] Според египетскиот министер за антиквитети Мамдух Елдамати, немало сознанија за постоењето на Кенткаус III пред ова откритие. Меѓутоа, претходно биле идентификувани две претходни египетски кралици со исто име.[3] [5]

Гробот на Кенткаус III, означен како AC 30,[1] бил ископан во Абусир, каде што има неколку пирамиди посветени на фараоните од Петтата династија, вклучувајќи го и Неферефре.[5] Гробницата била пронајдена во близина на погребниот комплекс на Неферефре од страна на чешкиот археолошки тим предводен од Мирослав Барта од Универзитетот Чарлс во Прага, во соработка со Египет.

Името и рангот на Кенткаус биле впишани на внатрешните ѕидови на гробот, веројатно од градителите.[5] Погребана е во мастаба со подземна гробница до која се постигнува преку шахта.[6] Цртежите во гробот ја идентификувале како „жената на кралот“ и „мајката на кралот“, што значи дека нејзиниот син подоцна бил на престолот.[2][4] Во гробот биле пронајдени и статуетки и дваесет и четири предмети од травертин, заедно со четири бакарни предмети (кои биле дел од погребните предмети).[4] Гробот е датиран од средината на Петтата династија.[5]

Археолозите кои ја откриле гробницата верувале дека тоа е на сопругата на Неферефре, бидејќи била блиску до неговиот комплекс, на мали гробишта југоисточно од комплексот.[7][6] Елдамати изјавил: „Ова откритие ќе ни помогне да откриеме некои непознати аспекти на Петтата династија, која заедно со Четвртата династија, била сведок на изградбата на првите пирамиди“.[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Czech expedition discovers the tomb of an ancient Egyptian unknown queen“. Charles University. January 2015. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Verner, Miroslav (2014). Sons of the Sun. Rise and decline of the Fifth Dynasty. Prague: Charles University. стр. 58. ISBN 978-8073085414. 
  3. 3,0 3,1 3,2 Tomb of previously unknown pharaonic queen found in Egypt“, „The Express Tribune“, 4 јануари 2015.
  4. 4,0 4,1 4,2 Tomb find reveals existence of new Egyptian queen“, „The San Diego Union-Tribune“, 4 јануари 2015.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Tomb of Fifth Dynasty queen found in Egypt“, ABC, 4 јануари 2015.
  6. 6,0 6,1 4500 years old tomb of unknown Ancient Egyptian Queen discovered“, „Luxor Times“, 9 јануари 2015.
  7. Roisin O'Connor. „Tomb of ancient Egyptian queen uncovered by archaeologists“, „The Independent“, 5 јануари 2015.
  8. Queen Khentakawess III's tomb found in Egypt“, BBC News, 5 јануари 2015.