Менкаухор Каиу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Менкаухор Каиу
Менчерес, Менкаоухор, Икау, Икаоухор, Хор-А-Кау
Статуа на Менкаухор Каиу, Мемфис, Египет[note 1][2]
Фараон на Египет
ВладеелОсум до девет години кон крајот на 25 век и почеток на 24 век п.н.е.[note 2], 5-та династија
ПретходникНиусере Ини
НаследникЏедкаре Исеси
СопружнициНесигурно: Куит I,[12][13] Мересанк IV[14]
ДецаПретпоставка: Раемка, Каемнтјенент
ТаткоНесигурно, можно е Неферефре или, помалку веројатно, Ниусере Ини
МајкаВеројатно Кенткаус III[15]
ЗакопанБезглава пирамида
СпоменициСончев храм Акет-Ра
пирамида Нетјер-исут-Менкаухор

Менкаухор Каиу (исто така познат како Икаухор и на грчки како Менчерес, Μεγχερῆς)[16] бил антички египетски фараон од периодот на Старото Кралство. Тој бил седмиот владетел на Петтата династија на крајот од 25 век п.н.е. или почетокот на 24 век п.н.е. (околу 2399–2390 п.н.е.).

Менкаухор владеел осум или девет години, како наследник на кралот Ниусере Ини, а него го наследил Џедкаре Исеси. Иако Менкаухор е добро потврден од историските извори, преживеале само неколку артефакти од неговото владеење. Следствено, не е јасна неговата семејна врска со неговиот претходник и наследник, и не се идентификувани негови потомци. Кенткаус III можеби била мајка на Менкаухор, како што укажуваат доказите откриени во нејзината гробница во 2015 година.

Покрај изградбата на споменици, единствената позната активност датирана од времето на владеењето на Менкаухор е експедиција во рудниците за бакар и тиркиз во Синај. Менкаухор наредил изградба на сончев храм, наречен „Ахет-Ра“, што значи „Хоризонтот на Ра“. За овој сончев храм се знае од натписите пронајдени во гробниците на неговите свештеници, сè уште не се знае каде е. Менкаухор бил погребан во мала пирамида во Сакара, која античките Египќани ја нарекле Нетјер-Исут Менкаухор, „Божествените места на Менкаухор“. Позната денес како Безглава пирамида, урнатината била изгубена под песокот сè до нејзиното откривање во 2008 година.

Цртеж на цилиндричен печат на Менкаухор Каиу[17]

Име[уреди | уреди извор]

Името на Менкаухор е различно од оние на другите кралеви од Петтата династија. Менкаухор, чие име значи „Вечни се Ка на Хорус“, е првиот фараон во последните 80 години чие име не се однесува на богот на сонцето Ра.[18] Името на Менкаухор е слично со имињата на принцовите од Петтата династија, на пример, со принцот Кентикаухор „Силите на Хорус се во прв план“,[18] син на Ниусере Ини,[18] и принцот Несеркаухор, син на Џедкаре Исеси.[19]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Vymazalová & Coppens 2008, стр. 33.
  2. Borchardt 1911, стр. 37–38.
  3. Verner 2001b, стр. 589.
  4. 4,0 4,1 Clayton 1994, стр. 60–61.
  5. Malek 2000, стр. 100.
  6. Rice 1999, стр. 107–108.
  7. Sowada & Grave 2009, стр. 3.
  8. Strudwick 2005, стр. xxx.
  9. von Beckerath 1999, стр. 58–59 & 283.
  10. Hornung 2012, стр. 491.
  11. 11,0 11,1 11,2 Leprohon 2013, стр. 40.
  12. Seipel 1980, стр. 214.
  13. Baud 1999, стр. 537.
  14. Dodson & Hilton 2004, стр. 64–65 & 68.
  15. Charles University Press Release 2015.
  16. Müller 2010.
  17. Petrie 1917.
  18. 18,0 18,1 18,2 Vymazalová & Coppens 2008.
  19. Dodson & Hilton 2004.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Статуата се наоѓа во Египетскиот музеј со каталошки број CG40 и JdE 28579.[1]
  2. Предложени датуми: 2444–2436 п.н.е.,[3] 2422–2414 п.н.е.,[4] 2421–2414 п.н.е.,[5][6][7] 2414–2405 п.н.е.,[8] 2389–2380 п.н.е.,[9] 2373–2366 п.н.е.[10]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]