Табла од Сакара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Таблата од Сакара, сега во египетскиот музеј, е древна камена резба со список на египетски фараони од периодот на Дваесеттата египетска династија. Таа била пронајдена во 1861 година во Египет во Сакара, во гробот на Тјенри (или Тјунерој), официјален („главен лектор свештеник“ и „надгледник на работите на сите кралски споменици“) на фараонот Рамзес II.[1]

На натписот се наведени педесет и осум кралеви, од Анеџиб и Ка'а (Прва династија) до Рамзес II (Деветнаесеттата династија), во обратен хронолошки редослед, пропуштајќи ги „владетелите од Вториот среден период, Хиксос и оние владетели ... кои биле блиски со еретикот Ахенатен“.[2]

Имињата (секој опкружен со граница позната како картуш), од кои само четириесет и седум се читаат, се тешко оштетени. Како и со другите египетски кралски списоци, Таблата од Сакара пропушта одредени кралеви и цели династии. Списокот брои назад од Рамзес II до средната точка на Првата династија, со исклучок на единаесеттата и дванаесеттата династија, кои се обратни. Добро познатата фотографија од кралскиот список била објавена во 1865 година.[3] Деталните слики со висока резолуција можат да се видат на интернет и во книгата „Внатре во египетскиот музеј со Захи Хавас“.[4]

Цртеж на кралскиот список од Сакара врз основа на фотографии и цртежи од 1864-1865.

Други кралски списоци од Ново Кралство[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Robert Morkot. The Egyptians: An Introduction. Routledge, 2005.
  2. Quoted from: Gerald Verbrugghe, John Moore Wickersham. Berossos and Manetho, Introduced and Translated. University of Michigan Press, 2001. Page 104.
  3. de Rougé, Emmanuel (1865). Album photographique de la mission remplie en Égypte. Paris. стр. 152, photographs 143–145. 
  4. Hawass, Zahi (2010). Inside the Egyptian Museum with Zahi Hawass. Cairo: American Univ in Cairo Press. стр. 299, photographs 156-157. ISBN 9789774163722. 

Библиографија[уреди | уреди извор]

    • Auguste Mariette: La table de Saqqarah in Revue Archeologique Vol 10, Paris 1864, p. 168-186, Pl. 17
    • Emmanuel de Rougé: Album photographique de la mission remplie en Égypte, Paris 1865, Photographs, No. 143-145
    • Auguste Mariette: Monuments divers recueillis en Égypte et en Nubie (Tables), Paris 1872, Vol. II, Pl. 58
    • Eduard Meyer: Ägyptische Chronologie, Pl. 1, (Berlin 1904)