Кралски список од Абидос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Почетокот на кралскиот список го покажува Сети и неговиот син - Рамзес II - се подготвуваат да дадат понуда на боговите Птах - Секер - Озирис, во име на нивните 72 предци, кои се набројани во кралскиот список. Рамзес е прикажан како држи кадилници.

Кралскиот список од Абидос, исто така познат и како Табла од Абидос, е список на имиња на седумдесет и шест кралеви на древниот Египет, пронајдени на ѕидот од храмот на Сети I во Абидос, Египет. Се состои од три редови од триесет и осум картуши (граници со името на кралот) во секој ред. Горните два реда содржат имиња на кралевите, додека третиот ред само го повторува престолското и картуш името на Сети I.

Покрај тоа што го дава редоследот на кралевите од Старото Кралство, тоа е единствениот извор за редоследот на имињата на многумина од кралевите на седмата и осмата династија, па списокот се цени многу поради таа причина.

Овој список ги изоставува имињата на многумина претходни фараони кои очигледно се сметале за нелегитимни: како што се Хиксос, Хатшепсут, Ахенатен, Сменахкаре, Тутанкамон и Ај.

Содржина на кралскиот список[уреди | уреди извор]

Цртеж на картуши во кралскиот список од Абидос

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]