Кралски список од Карнак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Цртање на списокот, 1843 година

Кралскиот список од Карнак, список на рани египетски кралеви врежани во камен, се наоѓал во југозападниот агол на Фестивалната сала на Тутмос III, во средината храмот посветен на Амон, во комплексот на храмови во Карнак, денешен Луксор, Египет. Составен за време на владеењето на Тутмос III, во него се набројани шеесет и еден крал, почнувајќи со Снеферу од египетското Старо Кралство. Само имињата на триесет и деветте кралеви сè уште се читливи, а еден не е напишан во картуш (граница што се користи нормално за да го опколи името на кралот).

Ова не е комплетен список на египетските фараони, бидејќи за другите кралеви знаеме од други антички списоци, но овој список е важен затоа што ги содржи имињата на кралевите од Првиот и Вториот преоден период, кои се исфрлени во повеќето други кралски списоци.

За првпат списокот бил опишан од Џејмс Бартон во 1825 година.[1] Во 1843 година, германската експедиција предводена од египтологот Карл Ричард Лепсиус, патувала низ реката Нил до Карнак. Еден француски авантурист, Емил Прис де Авенс, една ноќ ги расклопил и ги украл блоковите со кралскиот список, и го испратил дома во Франција.[2][3] Многу оштетен, списокот сега е изложен во Лувр[4] во Париз.

Цртеж на кралскиот список од Карнак. Обоениот дел постои, белите делови се повеќе или помалку изгубени.


Фотографии од списокот во Лувр

Повврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Burton, James: "Excerpta Hieroglypica", Plate Ia, Cairo, 1825
  2. "L'Illustration, Journal Universel", Vol. VII, p 244-245, Paris 1846
  3. Monderson, Frederick. "Temple of Karnak: The Majestic Architecture of Ancient Kemet" p. 58
  4. Chapelle des ancêtres in the Sully wing, Rez-de-chaussée, Room 12, Catalogue number E13481bis

Надворешни врски[уреди | уреди извор]