Сахуре

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сахуре
Сефрис (Мането)
Статуа, главата на Сахуре од галеријата 103 во Њујоркшкиот Метрополитен Музеј.[1][2][3]
Фараон на Египет
Владеел13 години, 5 месеци и 12 дена, на почеток од 25 век п.н.е..[note 1], Петта египетска династија
ПретходникУсеркаф
НаследникНефериркаре Какаи
Сопружницимеретнебти[16]
ДецаРанефер (фараон со името Нефериркаре Какаи), нетјериренре (најверојанто Шепсескаре), Хоремсаф, Раемсаф, Какаре и Небанкре[17][18]
ТаткоУсеркаф
МајкаНеферхетепес II
ЗакопанСахурова пирамида
СпоменициСахурова пирамида Духот Ба на Сахуре[19] во Абусир
Сончев храм Полето на Ра
Палата Сјајот на Сахуре се искачи на небото

Сахуре (со значење „Оној што е блиску до Ре“, исто така познат на грчки како Сефрис, Σεφρής) бил древноегипетски фараон, втор владетел на Петтата династија, кој владеел околу 12 години во раниот 25 век п.н.е. Сахуре се смета за еден од најважните владетели од Старото Кралство, бидејќи неговото владеење било политичка и културна висока точка на Петтата династија.[20] Веројатно бил син на неговиот претходник Усеркаф со кралицата Неферхетепес II, а го наследил неговиот син Нефериркаре Какаи.

За време на владеењето на Сахуре, Египет имал важни трговски врски со брегот на Левант. Сахуре лансирал неколку поморски експедиции во денешен Либан за да набави кедрово дрво, луѓе (можеби робови) и егзотични предмети. Тој, исто така, спровел експедиција во земјата Пунт, која донела големи количества на смирна, малахит и електрум . Сахуре е прикажан како го слави успехот на овој потфат на релјеф во неговиот храм, на кој е прикажан со дрво мирта во градината на неговата дворец, со натпис „Сјајот на Сахуре се искачи на небото“. Овој релјеф е единствен во египетската уметност на кој е прикажано кралско градинарство. Сахуре испратил дополнителни експедиции во рудниците на тиркиз и бакар во Синај. Тој, исто така, можеби наредил воени кампањи против либиските водачи во Западната пустина, и го вратил добитокот во Египет.

Сахуре изградил пирамида за себе во Абусир, на тој начин напуштајќи ги кралските некрополи во Сакара и Гиза, каде што неговите претходници ги граделе своите пирамиди. Оваа одлука можеби била мотивирана од присуството на сончевиот храм на Усеркаф во Абусир, првиот храм на Петтата династија. Пирамидата на Сахуре е многу помала од пирамидите од претходната Четврта династија, но декорацијата е посложена. Храмот и мртовечница од неговиот пирамидален комплекс некогаш бил украсен со над 10.000 квадратни метри фини релјефи, кои биле познати во антиката. Архитектите на пирамидалниот комплекс на Сахуре користеле столбови чиј капител има форма на палмови лисја, кои потоа станале белег на древната египетска архитектура. Исто така, познато е дека Сахуре изградил сончев храм наречен „Полето на Ра“, и иако не е најден, се претпоставува дека се наоѓа во Абусир.

Семејство[уреди | уреди извор]

Папирус Весткар, кој датира од 17-та династија, но најверојатно прво напишан за време на 12-та династија, го раскажува митот за потеклото на Петтата династија.

Ископувањата на Сахуровата пирамида во Абусир под раководство на Мирослав Вернер и Тарек Ел-Авади во раните 2000-ти години, даваат слика на кралско семејство од почетокот на Петтата династија. Особено, релјефите од насипот што ги поврзуваат храмовите на долината и мочуриштето на пирамидалниот комплекс откриваат дека мајката на Сахуре била кралицата Неферхетепес II.[21] Таа била жена на фараонот Усеркаф, според локацијата на нејзината пирамида веднаш во близина на онаа на Усеркаф,[22] и го носи името на „кралска мајка“.[note 2] [23] Според ова, Усеркаф е татко на Сахуре. Ова дополнително се потврдува со откривањето на картуш на Сахуре во храмот на Усеркаф во Сакара, што укажува на тоа дека Сахуре ја завршил градбата најверојатно започната од неговиот татко.[22]

Ова е во спротивност со постарите, алтернативни теории според кои Сахуре бил син на кралицата Кенткаус I,[24] за која се верувало дека била сопруга на последниот фараон од претходната, 4-та династија, Шепсескаф и брат или на Усеркаф или на Нефериркаре.[note 3] [27] По откритијата на Вернер и Ел-Авади во Абусир оваа теорија сега се смета за застарена.[21]

Познато е дека Сахуре бил наследен од Нефериркаре Какаи,[note 4] за кој се верувало дека е негов брат[28] до 2005 година. Но, таа година, бил откриен релјеф од египтолозите Мирослав Вернер и Тарек Ел-Авади, на кој Сахуре седи пред двајца од неговите синови, Ранефер и Нетјериренре.[29] До името на Ранефер, додаден е текстот „Кралот Нефериркаре Какаи на Горниот и Долниот Египет", што укажува на тоа дека Ранефер е син на Сахуре кој го презел престолот под името „Нефериркаре Какаи“ по смртта на неговиот татко.[21] Со оглед на тоа што на Ранефер и Нетјериренре се запишани како „најстариот син на кралот“, Вернер и Ел-Авади шпекулираат дека можеби биле близнаци, од кои Ранефер бил првороден. Тие предлагаат дека Нетјериренре можеби подоцна го зазел престолот за кратко време под името „Шепсескаре“, иако ова останува да биде само претпоставка.[30] На истиот релјеф понатаму е прикажана и кралицата Меретнебти[31] која најверојатно била сопруга на Сахуре и мајка на Ранефер и Нетјериренре.[32] Другите тројца синови, Хакаре,[33] Хоремсаф,[34] и Небанкре[35] се прикажани на други релјефи од храмот на Сахуре, но идентитетот на нивната мајка е непознат.[16]

Нетјериренре имал неколку религиозни титули кои одговараат на високи позиции во дворот и кои сугерираат дека можеби дејствувал како везир за неговиот татко.[36] Меѓутоа, ова не е сигурно, бидејќи Мишел Бод укажува дека во времето на Сахуре, кралските принцови биле отстранети од везирството.[37]

Владеење[уреди | уреди извор]

Хронологија[уреди | уреди извор]

Релјеф од храмот на Сахуре, на кој се прикажува египетската флота што се враќа од Сирија.

Релативната хронологија на владеењето на Сахуре е добро воспоставена со историски записи и современи артефакти, покажувајќи дека тој го наследил Усеркаф, а по него владеел Нефериркаре Какаи.[38] Кралскиот список од Торино, запишан за време на 19-та династија (1292 – 1189 г. п.н.е.), му доделува на Сахуре владеење од десет години, пет месеци и дванаесет дена. Спротивно на тоа, на Каменот од Палермо се запишани неговите втора, трета, петта и шеста година на престолот, како и неговата последна година на владеење, па дури и денот на неговата смрт како 28-ми Шему II (што одговара на крајот на деветтиот месец).[39] [40] Во документот е забележано шест или седум броења на добиток, што би укажало на владеењето од најмалку дванаесет години, ако броењето на добитокот во Старото Кралство се вршело еднаш на секои две години.[41] Ако оваа претпоставка е точна, тогаш значи дека Сахуре починал во 13-та година на престолот, и владеењето се сведува на 13 години 5 месеци и 12 дена. Овој број би бил само една година повеќе од дванаесетгодишната фигура за Сахуре од каменот од Торино. Оваа бројка е исто така поблизу до фигурата од 13 години дадена од Мането во неговата историја на древниот Египет, напишана во 3 век п.н.е.[42][43]

Сахуре се појавува во уште две историски записи: на Кралскиот список од Карнак, направен за време на владеењето на Тутмос III (1479 – 1425 п.н.е.) и во таблата од Сакара која датира од времето на Рамзес II (1279 – 1213 п.н.е.).[9] Ниту еден од овие извори не ја дава должината на неговото владеење. Апсолутните датуми на владеењето на Сахуре се неизвесни, но повеќето научници го сметаат во првата половина на 25-тиот век п.н.е.[note 5][9]

Активности надвор од Египет[уреди | уреди извор]

Релјеф на Сахуре од Вади Магхаре.[44][45]

Историските записи и преживеаните артефакти сугерираат дека контактите со странските земји биле многубројни за време на владеењето на Сахуре. Понатаму, овие контакти се чини дека се претежно економски, а не од воена природа. Релјефи од пирамидалниот комплекс покажуваат дека тој поседувал морнарица со чамци долги сто лакти (околу 50 м), од кои некои се прикажани како се враќаат од Либан, натоварени со стебла од скапоцените кедрови дрвја.[19] Други бродови се претставени натоварени со Азијати,[note 6] и возрасни и деца, кои можеби биле робови.[6][9][46] Еден уникатен релјеф прикажува неколку сириски кафеави мечки, веројатно донесени од брегот на Левант од поморска експедиција.

Трговските контакти со Библос сигурно се одржале за време на владеењето на Сахуре и навистина при ископувањата кај храмот на Ваалат-Гебал најдена е алабастерска чинија со името на Сахуре.[9] Постојат уште докази за трговија со поширокиот Левант за време на Петтата династија, преку бројни камени садови на кои е ставен картуш на фараоните од оваа династија, а се откриени во Либан. Конечно, едно парче злато со печат на дрвен престол и со картуш на Сахуре, наводно, е откриено за време на нелегалните ископувања во Турција меѓу поширока збирка позната како "Дораковско богатство".[6][47] Сепак, постоењето на ова богатство денес се негира.[48]

Во последната година од своето владеење, Сахуре ја испратил првата документирана експедиција[49] во легендарната земја Пунт.[50] Се вели дека експедицијата се вратила со 80.000 мери смирна, како и малахит и електрум.[9] Поради ова, Сахуре често се смета за основач на египетската морнарица. Сепак, денес е познато дека претходните египетски кралеви имале и морнарици, особено Куфу, за време на чие владеење се користело најстарото познато пристаниште Вади ал-Јарф, на Црвеното Море.[51] Сепак, релјефите од пирамидалниот комплекс на Сахуре остануваат „првите дефинитивни претстави на морски бродови во Египет“ (Шели Ваксман).[52]

Во последната година од владеењето, Сахуре испратил уште една експедиција во странство, овој пат во рудниците за бакар и тиркиз во Вади Магхарех[44][53] и Вади Карит во Синај, кои биле активни уште од почетокот на Третата династија.[54] Оваа експедиција донела повеќе од 6000 единици бакар во Египет, а исто така произвела два релјефа во Синај, од кои на едната е прикажан Сахуре во традиционалниот чин на поразување Азијати[9] со натписот: Големиот Бог ги удира Азијатите од сите земји.[55]

Воени походи
Сребрен цилиндричен печат на кралот Сахуре[5]

Воената кариера на Сахуре е позната првенствено од релјефите од неговиот посмртен комплекс. Очигледно се состоела од походи против Либијците во Западната пустина. Походите донеле добиток, а Сахуре бил прикажан како измачува локални водачи. Каменот од Палермо потврдува некои од овие настани и ги споменува експедициите на Синај и на егзотичната земја Пунт. Меѓутоа, оваа иста сцена од нападот на Либијците се користела двесте години подоцна во посмртниот храм на Пепи II (2284 – 2184 п.н.е.) и во храмот Тахарка во Кава, изграден околу 1800 години по смртта на Сахуре. Истите имиња се цитирани за локалните водачи. Затоа, постои можност исто така Сахуре да копирал постар цртеж со оваа сцена.[56][57]

Активности во Египет[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел од активностите на Сахуре во Египет, запошани на каменот од Палермо, се религиозни по природа. За време на петтата година од неговото владеење каменот го споменува изработувањето на божествен шлеп, најверојатно во Хелиополис, точната количество на дневни жртви леб и пиво на Ра, Хатор, Некбет и Ваџет, утврдени од кралот, како и подарок на земја на разни храмови.[55]

Сахуре, исто така, го реорганизирал култот кон неговата мајка Неферхетепес II, чиј посмртен комплекс бил изграден од страна на Усеркаф во Сакара.[58] Додал влезен трем со четири столбови во нејзиниот храм, така што влезот повеќе не гледда кон пирамидата на Усеркаф.[58][59]

Археолошките докази сугерираат дека понатамошните градежни активности на Сахуре биле концентрирани во Абусир, каде ја изградил својата пирамида, и најверојатно неговиот храм на сонцето.[60] Овој храм е втор храм на сонцето изграден во Петтата династија, се знае дека постоел благодарение на запис на каменот од Палермо, каде што се нарекува „Секет Ре“, што значи „Полето на Рa.[55] Нови анализи на текстот од каменот од Палермо, изведени во 2018 година од страна на Чешкиот Институт за археологија, овозможија читање на понатамошни записи, кои ја споменуваат токму архитектурата на храмот, како и списоците на донации што ги добил, цврсто утврдувајќи дека е различен од претходниот храм на Сонцето на Усеркаф, Нехенре.[61]

Пирамидален комплекс[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Сахурова пирамида.
Уништената пирамида на Сахуре како што се гледа од насипот на пирамидата

Главната пирамида на посмртниот комплекс на Сахуре е пример за напуштањето на идејата за градење пирамиди, во однос на големината и квалитетот. Сепак, придружниот посмртен храм се смета за најсофистициран изграден до тоа време.[9] Со своите многубројни архитектонски иновации, како што е употребата на палмиформни столбови, целокупниот распоред на комплексот на Сахуре послужил како образец за сите посмртни комплекси изградени од владеењето на Сахуре до крајот на Старото Кралство, околу 300 години подоцна.[19]

Огромен розе гранит со запишана титулата на Сахуре, од дворот на неговиот посмртен храм.

Наследство[уреди | уреди извор]

Во Средното Кралство[уреди | уреди извор]

Статуа на Сахуре, направена од страна на Сенусрет I.

На почетокот од периодот на Средното Кралство, на почеток од 12-та династија (1991 – 1802 година п.н.е.), фараонот Сенусрет I (1971 – 1926 година п.н.е.) направил статуа на Сахуре. Статуата се наоѓала во храмот во Карнак и веројатно припаѓала на група портрети на починати кралеви.[62][note 7]

Статуата на Сахуре, сега во египетскиот музеј во Каиро (каталог број CG 42004), е направена од црн гранит и е висока 50 см. Сахуре е прикажан седнат на трон, облечен во здолниште и со кадрава перика. Двете страни на престолот носат натписи кои ја идентификуваат статуата како портрет на Сахуре направен според наредбите на Сенусрет I.[64]

Друг показател дека Сахуре го паметеле за време на Средното Кралство е Папирусот Весткар, кој бил напишан за време на 12-та династија. Папирусот ја раскажува митската приказна за потеклото на Петтата династија, презентирајќи ги кралевите Усеркаф, Сахуре и нефериркаре Какаи како тројца браќа, синови на Ра и жена по име Редеџет.[26]

Во Новото Кралство и подоцна[уреди | уреди извор]

Како покоен крал, Сахуре продолжил да прима религиозни придонеси за време на Новото Царство. Ова е најдобро потврдено од Кралскиот список од Карнак, листа на предци впишани на ѕидовите на храм во Карнак за време на владеењето на Тутмос III од 18-та династија. За разлика од другите антички египетски кралски списоци, овде кралевите не се наведени по хронолошки редослед. Тоа е затоа што целта на списокот била чисто религиозна, а не историска: нејзината цел била да се именуваат починатите кралеви кои треба да се почитуваат во храмот Карнак.[62]

За време на 19-та династија, принцот Каемвасет, син на Рамзес II, презел реставраторски работи низ Египет на пирамиди и храмови кои пропаѓале. Натписите на камени облоги од пирамидата на Сахуре покажуваат дека таа била обновена во тоа време.[65][66] Ова е веројатно затоа што, од средината на 18-та династија па наваму, посмртниот храм на Сахуре служел како светилиште за божицата Секмет.[67] Во вториот дел од 18-та династија и за време на 19-та династија, бројни посетители оставиле натписи,[68] стели и статуи во храмот. Се чини дека активностите продолжиле на локалитетот долго време, како што се гледа од графитите кои датираат од 26-та династија (664 – 525 п.н.е.) до периодот на Птоломеј (332 – 30 п.н.е.).[65][69]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Proposed dates for the reign of Sahure: 2506–2492 BC,[4] 2496–2483 BC,[5] 2491–2477 BC,[6] 2487–2475 BC,[7][8][9][10] 2471–2458 BC,[11] 2458–2446 BC,[1][12] 2428–2416 BC,[13]
  2. Ancient Egyptian Mwt-Nswt.[23]
  3. In a version of this theory, Khentkawes possibly remarried Userkaf after the death of her first husband[25] and became the mother of Sahure and his successor on the throne Neferirkare Kakai.[7] This theory is based on the fact that Khentkawes is known to have borne the title of mwt nswt bity nswt bity, which could be translated as "mother of two kings". Additionally, a story from the Westcar Papyrus tells of a magician foretelling Khufu of the future demise of his lineage as three brothers will be born of the god Ra and a woman named Rededjet and reign successively as the first three kings of the Fifth Dynasty.[26] Some egyptologists have therefore proposed that Khentkawes was the mother of Sahure and the historical figure on which Rededjet is based. Following the discoveries of Verner and El-Awady in Abusir this theory was abandoned and the real role of Khentkawes remains difficult to ascertain. This is in part because the translation of her title is problematic and because the details of the transition from the 4th to the Fifth Dynasty are not yet clear. In particular, an ephemeral pharaoh Djedefptah may have ruled between Shepseskaf and Userkaf.[25]
  4. The first pharaoh to have a throne name, called the prenomen, different from his birth name, called the nomen
  5. Proposed dates for the reign of Sahure: 2506–2492 BC,[4] 2496–2483 BC,[5] 2491–2477 BC,[6] 2487–2475 BC,[7][8][9][10] 2471–2458 BC,[11] 2458–2446 BC,[1][12] 2428–2416 BC,[13]
  6. In the context of Egyptology, the term "Asiatics" is used to refer to people from the Levant, including Canaan, modern day Lebanon and the southern coast of modern day Turkey.
  7. Another statue from this group is that of Intef the Elder.[63]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 MET 2015.
  2. Allen et al. 1999, стр. 329–330.
  3. Online archive 2014.
  4. 4,0 4,1 Redford 2001, entry "Fifth Dynasty".
  5. 5,0 5,1 5,2 Walters Art Museum website 2015.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Clayton 1994, стр. 60–63.
  7. 7,0 7,1 7,2 Rice 1999, стр. 173.
  8. 8,0 8,1 Malek 2000, стр. 83–85.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 9,6 9,7 9,8 Baker 2008, стр. 343–345.
  10. 10,0 10,1 Sowada 2009, стр. 3.
  11. 11,0 11,1 von Beckerath 1999, стр. 283.
  12. 12,0 12,1 Allen et al. 1999, стр. XX.
  13. 13,0 13,1 Hornung 2012, стр. 491.
  14. Allen et al. 1999, стр. 337.
  15. 15,0 15,1 Leprohon 2013, стр. 38.
  16. 16,0 16,1 Dodson & Hilton 2004, стр. 62–69.
  17. El Awady 2006a, стр. 214–216.
  18. Borchardt 1910, стр. Plate (Blatt) 32, 33 & 34.
  19. 19,0 19,1 19,2 Lehner 2008, стр. 142–144.
  20. Brinkmann 2010, Book abstract, English translation available online.
  21. 21,0 21,1 21,2 El Awady 2006a, стр. 192–198.
  22. 22,0 22,1 Labrousse & Lauer 2000.
  23. 23,0 23,1 Baud 1999b, стр. 494.
  24. Clayton 1994, стр. 46.
  25. 25,0 25,1 Hayes 1978, стр. 66–68 & p. 71.
  26. 26,0 26,1 Lichteim 2000, стр. 215–220.
  27. Baud 1999b, стр. 547—548 & 550.
  28. Verner 2002, стр. 268.
  29. Baud 1999b, стр. 509—510.
  30. El Awady 2006a, стр. 213–214.
  31. El Awady 2006a, стр. 198–203.
  32. El Awady 2006a, стр. 208–213.
  33. Baud 1999b, стр. 535.
  34. Baud 1999b, стр. 521.
  35. Baud 1999b, стр. 487.
  36. Mac Farlane 1991, стр. 80.
  37. Baud 1999a, стр. 297.
  38. von Beckerath 1999, стр. 56–57, king number 2.
  39. Wilkinson 2000, стр. 259.
  40. Breasted 1906, стр. 70.
  41. Verner 2001, стр. 391.
  42. Waddell 1971, стр. 51.
  43. Wilkinson 2000, стр. 168.
  44. 44,0 44,1 Gardiner, Peet & Černý 1955, стр. 15.
  45. Sethe 1903, стр. 32.
  46. Hayes 1978, стр. 66–67.
  47. Smith 1965, стр. 110.
  48. Mazur 2005.
  49. Sowada 2009, стр. 198.
  50. Hawass 2003, стр. 260–263.
  51. Tallet 2012.
  52. Wachsmann 1998, стр. 12.
  53. Strudwick 2005, стр. 135, text number 57.
  54. Mumford 1999, стр. 875–876.
  55. 55,0 55,1 55,2 Breasted 1906, стр. 108–110.
  56. Baines 2011, стр. 65–66.
  57. Kuiper 2010, стр. 48.
  58. 58,0 58,1 Baud 1999a, стр. 336.
  59. Labrousse 1997, стр. 265.
  60. Verner & Zemina 1994, стр. 110.
  61. Czech Institute of Egyptology website 2018.
  62. 62,0 62,1 Wildung 1969, стр. 60–63.
  63. Legrain 1906, стр. 4–5 & pl. III.
  64. Legrain 1906, стр. 3–4.
  65. 65,0 65,1 Wildung 2010, стр. 275–276.
  66. Wildung 1969, стр. 170.
  67. Verner 2001, стр. 393.
  68. Borchardt 1910, стр. 101.
  69. Wildung 1969, стр. 198.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Allen, James; Allen, Susan; Anderson, Julie; Arnold, Arnold; Arnold, Dorothea; Cherpion, Nadine; David, Élisabeth; Grimal, Nicolas; и др. (1999). Egyptian Art in the Age of the Pyramids. New York: The Metropolitan Museum of Art. OCLC 41431623. http://www.metmuseum.org/research/metpublications/Egyptian_Art_in_the_Age_of_the_Pyramids. 
Baker, Darrell (2008). The Encyclopedia of the Pharaohs: Volume I - Predynastic to the Twentieth Dynasty 3300–1069 BC. Stacey International. ISBN 978-1-905299-37-9. 
Baines, John (2011). „Ancient Egypt“. Feldherr, Andrew; Hardy, Grant. The Oxford History of Historical Writing, Volume 1: Beginnings to AD 600. Oxford: Oxford University Press. ISBN 978-0-19-103678-1. https://books.google.com/books?id=pYM3AwAAQBAJ&pg=PA65&lpg=PA65&dq=Newly+discovered+blocks+from+the+causeway+of+Sahure&source=bl&ots=ubGQVVcVMx&sig=x1zusaiannwK4VZYrhFsRmTKoQk&hl=en&sa=X&ei=EW0xVO71C83dauaxgJAJ&ved=0CEkQ6AEwCA#v=onepage&q=Sahure&f=false. 
Baud, Michel (1999a) (на French). Famille Royale et pouvoir sous l'Ancien Empire égyptien. Tome 1. Bibliothèque d'étude 126/1. Cairo: Institut français d'archéologie orientale. ISBN 978-2-7247-0250-7. http://www.gizapyramids.org/pdf_library/baud_famille_1.pdf. 
Baud, Michel (1999b) (на French). Famille Royale et pouvoir sous l'Ancien Empire égyptien. Tome 2. Bibliothèque d'étude 126/2. Cairo: Institut français d'archéologie orientale. ISBN 978-2-7247-0250-7. http://www.gizapyramids.org/pdf_library/baud_famille_2.pdf. 
von Beckerath, Jürgen (1999) (на German). Handbuch der ägyptischen Königsnamen. Münchner ägyptologische Studien, Heft 49, Mainz : Philip von Zabern. ISBN 978-3-8053-2591-2. 
Borchardt, Ludwig (1910) (на German). Das Grabdenkmal des Königs S'aḥu-Re (Band 1): Der Bau: Blatt 1–15. Leipzig: Hinrichs. ISBN 978-3-535-00577-1. http://digi.ub.uni-heidelberg.de/diglit/borchardt1913bd2b?sid=581395ce99fcb4e7511b5ea7bea65b1b. 
Breasted, James Henry (1906). Ancient records of Egypt historical documents from earliest times to the Persian conquest, collected edited and translated with commentary, vol. I The First to the Seventeenth Dynasties. The University of Chicago Press. OCLC 491147601. https://archive.org/details/BreastedJ.H.AncientRecordsEgyptAll5Vols1906. 
Brinkmann, Vinzenz, уред (2010) (на German). Sahure: Tod und Leben eines grossen Pharao. Frankfurt am Main: Liebieghaus. ISBN 978-3-7774-2861-1. http://www.liebieghaus.de/lh/index.php?StoryID=357. 
Clayton, Peter (1994). Chronicle of the Pharaohs. Thames & Hudson. ISBN 978-0-500-05074-3. https://archive.org/details/ChronicleOfThePharaohsBySamySalah. 
Czech Institute of Egyptology website (2018-10-01). „New research and insights into the Palermo Stone“. cegu.ff.cuni.cz. Архивирано од изворникот на 2018-10-01. конс. 2019-04-21. 
„Short list of attestations of Sahure“. Digital Egypt for Universities. 2000. конс. February 13, 2015. 
„List of Ancient Egyptian viziers“. Digital Egypt for Universities. 2000. конс. February 13, 2015. 
Dodson, Aidan; Hilton, Dyan (2004). The Complete Royal Families of Ancient Egypt. Thames & Hudson. ISBN 978-0-500-05128-3. 
Dorman, Peter (2014). „The 5th dynasty (c. 2465–c. 2325 BC)“. Encyclopædia Britannica. 
Edwards, I. E. S. (1972). The Pyramids of Egypt. New York: Viking Press. ISBN 978-0-67-058361-4. 
El Awady, Tarek (2006). „The royal family of Sahure. New evidence.“. Bárta, Miroslav; Krejčí, Jaromír. Abusir and Saqqara in the Year 2005. Prague: Academy of Sciences of the Czech Republic, Oriental Institute. ISBN 978-80-7308-116-4. http://egyptologie.ff.cuni.cz/pdf/AS%202000_mensi.pdf. 
El Awady, Tarek (2006). „King Sahure with the Precious Trees from Punt in a Unique Scene!“. Bárta, Miroslav. The Old Kingdom Art and Archaeology, Proceedings of the conference held in Prague, May 31 – June 4, 2004. Prague: Czech Institute of Egyptology, Faculty of Arts, Charles University in Prague: Publishing House of the Academy of Sciences of the Czech Republic. ISBN 978-8-02-001465-8. 
El-Shahawy, Abeer; Atiya, Farid S. (2005). The Egyptian Museum in Cairo. A walk through the alleys of ancient Egypt. Cairo: Farid Atiya Press. ISBN 978-9-77-171983-0. 
Gardiner, Alan Henderson; Peet, Thomas Eric; Černý, Jaroslav (1955). The Inscriptions of Sinai, edited and completed by Jaroslav Cerný. London: Egypt Exploration Society. OCLC 559072028. 
Ghaliounghui, Paul (1983). The Physicians of Pharaonic Egypt. Cairo: A.R.E.: Al-Ahram Center for Scientific Translations. ISBN 978-3-8053-0600-3. 
Hawass, Zahi (2003). The Treasure of the Pyramids. White Star. ISBN 978-88-8095-233-6. 
Hayes, William (1978). The Scepter of Egypt: A Background for the Study of the Egyptian Antiquities in The Metropolitan Museum of Art. Vol. 1, From the Earliest Times to the End of the Middle Kingdom. New York: Metropolitan Museum of Art. OCLC 7427345. http://www.metmuseum.org/research/metpublications/The_Scepter_of_Egypt_Vol_1_From_the_Earliest_Times_to_the_End_of_the_Middle_Kingdom. 
Hornung, Erik; Krauss, Rolf; Warburton, David, уред-ци (2012). Ancient Egyptian Chronology. Handbook of Oriental Studies. Leiden, Boston: Brill. ISBN 978-90-04-11385-5. https://archive.org/details/AncientEgyptianChronology. 
Junker, Hermann (1950) (на German). Giza. 9, Das Mittelfeld des Westfriedhofs. Akademie der Wissenschaften in Wien. Philosophisch-historische Klasse, 73.2. Wien: Rudolf M. Rohrer. OCLC 886197144. https://archive.org/download/gzaberichtbe09junk/gzaberichtbe09junk.pdf. 
Khaled, Mohamed Ismail (2013 г). The Economic Aspects of the Old Kingdom Royal Funerary Domains. „Etudes et Travaux“ том  XXVI. 
Kuiper, Kathleen (2010). Ancient Egypt: From Prehistory to the Islamic Conquest. Britannica Guide to Ancient Civilizations. Chicago: Britannica Educational Publishing. ISBN 978-1-61530-572-8. https://archive.org/details/AncientEgypt-FromPrehistoryToTheIslamicConquest. 
Krecji, Jaromir (2003). „Appearance of the Abusir Pyramid Necropolis during the Old Kingdom“. Hawass, Zahi; Pinch Brock, Lyla. Egyptology at the dawn of the Twenty-first Century: proceedings of the Eighth International Congress of Egyptologists, Cairo, 2000. Cairo, New York: American University in Cairo Press. ISBN 978-9-77-424674-6. https://books.google.com/books?id=1E13DorsFMEC&pg=PA281&dq=Sahure&hl=en&sa=X&ei=jBM0VKDXFcPxaOjogogF&ved=0CE4Q6AEwCA#v=onepage&q=Sahure&f=false. 
Labrousse, Audran (1997). „Un bloc décoré du temple funéraire de la mère royale Néferhétephès“. Berger, Catherine; Mathieu, Bernard (на French). Etudes sur l'Ancien Empire et la nécropole de Saqqâra : dédiées à Jean-Philippe Lauer. Orientalia monspeliensia. 9. Montpellier: Université Paul Valéry. ISBN 978-2-84-269047-2. 
Labrousse, Audran; Lauer, Jean-Philippe (2000) (на French). Les Complexes Funéraires d'Ouserkaf et de Néferhétepès. Bibliothèque d'étude, Vol. 130. Cairo: Institut français d'archéologie orientale. ISBN 978-2-7247-0261-3. 
Lauer, Jean-Phillipe; Flandrin, Philippe (1992) (на French). Saqqarah, une vie: entretiens avec Philippe Flandrin. Petite bibliotheque Payot, 107. Paris: Payot. ISBN 978-2-22-888557-7. 
Legrain, Georges (1906) (на French). Statues et statuettes de rois et de particuliers. Catalogue Général des Antiquités Egyptiennes du Musée du Caire. Cairo: Imprimerie de l'Institut français d'archéologie orientale. OCLC 975589. http://www.cfeetk.cnrs.fr/fichiers/Documents/Ressources-PDF/documents/K780-LEGRAIN.pdf. 
Leprohon, Ronald J. (2013). The great name: ancient Egyptian royal titulary. Writings from the ancient world, no. 33. Atlanta: Society of Biblical Literature. ISBN 978-1-58-983736-2. https://books.google.com/books?hl=fr&id=1H3JAgAAQBAJ&q=Nebsenre#v=snippet&q=Nebsenre&f=false. 
Lehner, Mark (2008). The Complete Pyramids. London: Thames & Hudson Ltd.. ISBN 978-0-500-05084-2. 
Lichteim, Miriam (2000). Ancient Egyptian Literature: a Book of Readings. The Old and Middle Kingdoms, Vol. 1. Berkeley: University of California Press. ISBN 978-0-520-02899-9. 
Mac Farlane, Ann. Titles of sm3 + God and ḫt + God. Dynasties 2 to 10.. „Göttinger Miszellen“ (Göttingen: Seminar für Ägyptologie und Koptologie an der Universität Göttingen) том  121. ISSN 0344-385X. 
Malek, Jaromir (2000). „The Old Kingdom (c.2160-2055 BC)“. Shaw, Ian. The Oxford History of Ancient Egypt. Oxford University Press. ISBN 978-0-19-815034-3. 
Mazur, Suzan. „Dorak Diggers Weigh In On Anna & Royal Treasure“, 4 октомври 2005 (посет. 12 февруари 2015 г).
„King Sahure and a Nome God“. Online catalog of the Metropolitan Museum of Art. 2015. конс. February 10, 2015. 
Mumford, G. D. (1999). „Wadi Maghara“. Bard, Kathryn A.; Blake Shubert, Steven. Encyclopedia of the Archeology of Ancient Egypt. New York: Routledge. ISBN 978-0-203-98283-9. 
„Limestone false door of Ptahshepses“. Online catalog of the British Museum. конс. February 13, 2015. 
„Seal impression bearing Sahure's cartouche from Buhen“. Online catalog of the Petrie Museum. 2015. конс. February 12, 2015. 
„Clay impression of a seal of Sahure UC 11769“. Online catalog of the Petrie Museum. 2015. конс. February 12, 2015. 
Redford, Donald B. (2001). The Oxford Encyclopedia of Ancient Egypt, Volume 2. Oxford University Press. ISBN 978-0195102345. 
Rice, Michael (1999). Who is who in Ancient Egypt. Routledge London & New York. ISBN 978-0-203-44328-6. 
Schneider, Thomas (2002) (на German). Lexikon der Pharaonen. Düsseldorf: Patmos Albatros Verlag. ISBN 978-3-49-196053-4. 
„Sahure and the god of the region of Coptos“. February 28, 2014. конс. February 10, 2015. 
Sethe, Kurt Heinrich (1903) (на German). Urkunden des Alten Reichs. wikipedia entry: Urkunden des Alten Reichs. Leipzig: J.C. Hinrichs. OCLC 846318602. http://www.egyptologyforum.org/EEFUrk.html. 
Smith, William Stevenson (1965). Interconnections in the Ancient Near-East: A Study of the Relationships Between the Arts of Egypt, the Aegean, and Western Asia. New Haven: Yale University Press. OCLC 510516. 
Smith, William Stevenson (1971). „The Old Kingdom of Egypt and the Beginning of the First Intermediate Period“. Edwards, I. E. S.; Gadd, C. J.; Hammond, N. G. L.. The Cambridge Ancient History, Volume 1, Part 2. Early History of the Middle East (3rd издание). London, New york: Cambridge University Press. OCLC 33234410. https://books.google.com/books?id=slR7SFScEnwC&pg=PA167&dq=Sahure+navy&hl=en&sa=X&ei=LKQ1VMK8IIXhywObyoCQCw&ved=0CEIQ6AEwBA#v=onepage&q=Sahure&f=false. 
Sowada, Karin N. (2009). Egypt in the Eastern Mediterranean During the Old Kingdom: An Archaeological Perspective. Eisenbrauns. ISBN 978-3-7278-1649-9. https://books.google.com/books?id=bwJe63dlNxUC&pg=PA160&dq=Sahure&hl=en&sa=X&ei=lBc0VMmoEIbVPL6sgLgI&ved=0CEkQ6AEwCDgK#v=onepage&q=Sahure&f=false. 
Strudwick, Nigel C. (2005). Texts from the Pyramid Age. Writings from the Ancient World (book 16). Atlanta: Society of Biblical Literature. ISBN 978-1-58983-680-8. https://books.google.com/books?id=sgoVryxihuMC&printsec=frontcover&source=gbs_ge_summary_r&cad=0#v=onepage&q=Sahure&f=false. 
Tallet, Pierre. Ayn Sukhna and Wadi el-Jarf: Two newly discovered pharaonic harbors on the Suez Gulf. „British Museum Studies in Ancient Egypt and Sudan“ том  18. https://www.britishmuseum.org/PDF/Tallet.pdf. 
Verner, Miroslav; Zemina, Milan (1994). Forgotten pharaohs, lost pyramids: Abusir. Praha: Academia Škodaexport. ISBN 978-80-200-0022-4. http://egyptologie.ff.cuni.cz/pdf/Forgotten%20Pharaohs,%20Lost%20Pyramids.pdf. 
Verner, Miroslav (2001 г). Archaeological Remarks on the 4th and 5th Dynasty Chronology. „Archiv Orientální“ том  69 (3): 363–418. http://www.gizapyramids.org/pdf_library/verner_archiv_or_69.pdf. 
Verner, Miroslav (2002). The Pyramids. The Mystery, Culture, and Science of Egypt's Great Monuments. Translated by Steven Rendall. New York: Grove Press. ISBN 978-0-8021-3935-1. 
Verner, Miroslav (2003). Abusir: The Realm of Osiris. The American University in Cairo Press. ISBN 978-977-424-723-1. https://books.google.com/books?id=9lVfAHXvxSMC&printsec=frontcover&source=gbs_ge_summary_r&cad=0#v=onepage&q&f=false. 
Verner, Miroslav. Betrachtungen zu den königlichen Palästen des Alten Reiches (на German). „Sokar“ том  24. 
Wachsmann, Shelley (1998). Seagoing Ships and Seamanship in the Bronze Age Levant. College Station: Texas A & M University Press. ISBN 978-0-89096-709-6. https://books.google.com/books?id=apna4pv7Ks8C&pg=PA12&dq=Sahure&hl=en&sa=X&ei=jBM0VKDXFcPxaOjogogF&ved=0CEgQ6AEwBw#v=onepage&q=Sahure&f=false. 
Waddell, William Gillan (1971). Manetho. Loeb classical library, 350. Cambridge, Massachusetts; London: Harvard University Press; W. Heinemann. OCLC 6246102. https://archive.org/stream/manethowithengli00maneuoft#page/n85/mode/2up. 
„Dates of Sahure's reign“. Website of the Walters Art Museum. 2015. конс. February 10, 2015. 
Wildung, Dietrich (1969) (на German). Die Rolle ägyptischer Könige im Bewusstsein ihrer Nachwelt. Münchner ägyptologische Studien, 17. Berlin: B. Hessling. OCLC 5628021. 
Wildung, Dietrich (2010). „Das Nachleben des Sahure“. Brinkmann, Vinzenz (на German). Sahure: Tod und Leben eines grossen Pharao. Frankfurt am Main: Liebieghaus. ISBN 978-3-7774-2861-1. http://www.liebieghaus.de/lh/index.php?StoryID=357. 
Wilkinson, Toby (2000). Royal Annals of Ancient Egypt. Columbia University Press. ISBN 978-0-7103-0667-8.