Прејди на содржината

Руска Империја

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Руското Царство)
Руска Империја
Россійская Имперія
1721–1917
Flag of Русија
Знаме
Motto: Съ нами Богъ!
(Бог е со нас!)
Химна: „Боже, чувај го Царот!
Руската Империја во 1866 г.[1]
Руската Империја во 1866 г.[1]
СтатусИмперија
Главен градСанкт Петербург
(1721–28)
Москва
(1728–30)
Санкт Петербург (Петроград од 1914 г.)
(1730–1917)
Говорени јазициДржавен: руски
Признаени регионални јазици: фински, шведски, полски
Втор јазик: француски
Вероисповед
Државна црква: Руска православна црква
Малцински: јудаизам, католицизам, протестантство, староверие, ислам, будизам
Уредувањеапсолутна монархија и
царизам
Император (Цар) 
• 1721–1725
Петар I (прв)
• 1894–1917
Николај II (последен)
Претседатели на Министерскиот совет 
• 1905-1906
Сергеј Вите (прв)
• 1917
Николај Голицин (последен)
LegislatureУправен сенат
Државен совет
Државна дума
Историја 
• Крунисување на Петар I
7 мај 1682
• Прогласена за империја
22 октомври 1721 1721
26 декември 1825
3 март 1861
јануари–декември 1905
6 мај 1906
15 март 1917 1917
7 ноември 1917
Површина
191621.799.825 km2 (8,416,959 sq mi)
Население
• 1916
181.537.800
ВалутаРубља
Претходници
Наследници
Царство Русија
Привремена влада
Денес дел од

Руска Империја (тогашен руски: Pоссiйская Имперiя) — држава која постоела од 1721, па сѐ додека не била прогласена за република во август 1917.

Историја

[уреди | уреди извор]

Руската Империја произлегла од моќната средновековна држава Московија (Московска Русија), владеена од наследниците на Иван IV како цареви. Иако империјата била официјално прогласена во 1721 г. од страна на цар Петар I, таа навистина се родила кога Петар станал цар во 1682. Петар бил згаден од назадноста на неговата земја, и затоа, пред да го заземе престолот, тој патувал по Европа, работејќи разни работи и занимања за да стекне искуство, како би можел да ја осовремени Московија. По војната на Балтикот во раните 1700-ти, Петар се зацврстил на крајбрежјето, и го основал градот кој ќе биде престолнина на државата во следните 200 години, Санкт Петербург. До крајот на XIX век империјата зафаќала површина од 22,400,000 км2 (речиси 1/6 од копнената површина на светот); во тоа време нејзиниот единствен соперник била Британската Империја. Меѓутоа во тоа време, најголемиот дел од населението живеело во европска Русија. Во Руската Империја живееле повеќе од 100 различни етнички групи, со тоа што русите биле мнозинство, со околу 45% од населението.

Во 1914, Руската Империја се состоела од 81 губернии и 20 области. Вазали и протекторати на Руската Империја биле Бухарскиот емират, Хивскиот ханат и, по 1914, Тува (Уријанхаи).

Покрај денешна Русија, пред 1917 во Руската Империја влегувала речиси цела денешна Украина, (Дњепарска Украина и Крим), Белорусија, Молдавија (Бесарабија), Финска (Велевојводство Финска), Ерменија, Азербејџан, Грузија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан (Руски Туркестан), речиси цела Литванија, Естонија и Латвија (Балтички губернорат), како и во голем дел Полска (Полско царство) и турските провинции Ардахан, Артвин, Игдир и Карс. Помеѓу 1742 и 1867 Руската Империја ја зазела Алјаска како своја колонија.

Руската Империја била наследна апсолутна монархија на чие чело стоел автократскиот император (царот) од династијата Романови. Руското православие била официјална државна религија која била контролирана од царот преку Светиот Синод. Поданиците на Руската Империја биле поделени цо сословја, или општествени класи како благородништво (дворјанство), свештенство, трговци, козаци и селани. Сибирските и централноазиските народи биле официјално регисрирани како инородци (несловени, буквално: „луѓе со друго потекло“).

По падот на монархијата по Февруарската револуција во 1917 год, Русија била прогласена за република од страна на Привремената влада.

Овој период, заедно со неговите преклопи со следните периоди, е покриен во следниве статии.

Владетел

[уреди | уреди извор]

Петар Велики ја променил својата титула од Цар во 1721, кога бил прогласен за Серуски Император. Додека следните владетели ја задржиле оваа титула, владетелот на русија останал да се нарекува Цар или Царица сѐ до падот на империјата во Февруарската револуција во 1917 год.

Надворешни територии

[уреди | уреди извор]

Вон самата „поширока Русија“, империјата се состоела и од уставните монархии во персонална унија:

Балтичкиот губернорат исто така се сметал за засебен од самата „поширока Русија“, заради воглавно автономното балтичко германско благородништво кое ја задржило контролата врз правниот систем, Лутеранската црква, локалните и градските управи, како и образованието кое се одвивало на германски јазик сѐ до доцниот XIX век, и делумно до 1918.

Империјата исто така контролирала и голема прекуморска територија во Северна Америка:

Покрај тоа, понекогаш империјата контролирала и концесиони територии, од кои значајни биле пристанишниот град Квантунг и Кинеската источна железничка зона, од кои двете биле предадени на царска Кина, како и концесија во Тјанѕин.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. По 1866 г. Алјаска е продадена на САД, Јужен Сахалин потпаѓа под Јапонија, но припоени се Батум, Карс, Памир и Задкасписката област (Туркменистан).
  2. Источниот дел на провинацијата Бадахшан
  • Library of Congress Country Studies: Russia
  • Hingley, Ronald. The Tsars, 1533-1917. Macmillan, 1968.
  • Warnes, David. Chronicle of the Russian Tsars: The Reign-by-Reign Record of the Rulers of Imperial Russia. Thames & Hudson, 1999.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]