Рудничко Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед на Рудничкото Езеро од патот за Невеска
Карта на Рудничко Езеро и езерото Зазерци

Рудничко Езеро или Врапчинско Езеро (грчки: Λίμνη Χειμαδίτιδα, Химадитида) — езеро во Егејска Македонија (денес Грција), дел од групата на Егејските езера.

Езерото се наоѓа на територијата на леринската Општина Суровичево. Се наоѓа на надморска висина од 593 метри, а површината околу 1,7 км2. Поврзано е со соседното езеро Зазерци, од каде што добива вода. Неговите води пак се влеваат во Петерското Езеро. На неговиот североисточен брег се наоѓа селото Рудник (Ανάργυροι), а на југозападниот се урнатините на селото Врапчин (Χειμάδιο).

Флора и фауна[уреди | уреди извор]

Со езерото Зазерци сочинуваат заеднички екосистем, мошне богат на птици (повеќе од 150 видови), цицачи (12 видови), змии (7 видови), водоземци (7 видови), риби (8 видови), и 150 видови растенија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]