Родриго Агире
Родриго Агире | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Родриго Себастијан Агире Сото | ||
Роден на | 1 октомври 1994 | ||
Роден во | Монтевидео, Уругвај | ||
Висина | м | 1,85||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Насионал | ||
Број | 27 | ||
Младинска кариера | |||
Ливерпул Монтевидео | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2011-2015 | Ливерпул Монтевидео | 57 | (16) |
2014- | Удинезе | 17 | (1) |
2014-2015 | → Емполи | 1 | (0) |
2006 | → Перуџа | 17 | (3) |
2016-2017 | → Лугано | 9 | (1) |
2017- | → Насионал | 1 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
2010-2011 | Уругвај 17 | 13 | (2) |
2013 | Уругвај 20 | 8 | (1) |
* Ажурирано на: 21 септември 2011 ** Ажурирано на: 6 септември 2011 |
Родриго Себастијан Агире Сото (роден на 1 октомври 1994 во Монтевидео) — уругвајски фудбалер, напаѓач на Насионал Монтевидео на заем од Удинезе.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетоците во Ливерпул Монтевидео
[уреди | уреди извор]Својата кариера ја започнал во екипата на Ливерпул од Монтевидео за која го направил своето професионално деби на 4 септември 2011 со само 16 години во првенствената победа на домашен терен над Бела Виста со 2-0, влегувајќи како замена од клупата на местото на Енцо Ерера во 71-вата минута. Првата сезона како професионалец ја завршил со 11 лигашки настапи без постигнат гол.
На 29 август 2012 го постигнал својот прв погодок во кариерата во првиот натпревар од второто коло на Копа Судамерикана на гости против колумбијскиот Енвигадо што завршил 1-1. Сезоната ја завршил со 20 првенствени настапи и 8 постигнати гола, вклучувајќи ги и двата натпревари на кој постигнал по два гола против Дефензор Спортинг и Бела Виста.
Удинезе и Емполи
[уреди | уреди извор]Во април 2014 италијанскиот Удинезе го купил Агире од Ливерпул Монтевидео за 4 милиони евра.[1] Меѓутоа само неколку месеци подоцна на 3 јули 2014 Агире бил позајмен на новиот прволигаш Емполи до крајот на сезоната 2014-2015.[2] Своето деби во Серија А го направил на 20 септември 2014 во ремито 2-2 против Чезена, влегувајќи во игра во 87-мата минута на местото на Симоне Верди. Сепак, во Емполи Агире не успеал да пронајде повеќе простор за игра и до јануари 2015 одиграл само два натпревари (еден во првенството и еден во купот), по што заем бил прекинат и се вратил во својот матичен клуб Удинезе на 17 јануари 2015. Тој одиграл 7 натпревари во лигата и постигнал еден гол за фриуланите - во поразот со 4-3 од Каљари во последното коло.[3] Следната сезона Агире одиграл 10 натпревари за Удинезе во Серија А и 2 натпревари во Купот на Италија без постигнат погодок забележувајќи една асистенција во поразот со 3-1 од Рома на Олимпико.
Позајмиците во Перуџа, Лугано и Насионал
[уреди | уреди извор]На 1 февруари 2016, Агире бил позајмен на Перуџа до крајот на сезоната 2015-2016 во Серија Б.[4] Постигнал три гола во лигата на 17 натпревари, од кој првиот бил во ремито 1-1 против Салернитана на домашен терен на 19 март 2016.
На 20 јули 2016 Агире оди на заем во швајцарскиот Лугано. Своето деби во Супер лигата го имал на 11 септември 2016 во победата со 2-0 на гостувањето кај Санкт Гален, постигнувајќи го притоа вториот гол за Лугано.
На 18 јануари 2017 се вратил во својот роден Уругвај на заем во Насионал Монтевидео. На своето деби на 12 февруари 2017 против Данубио, Агире влегол од клупата за резерви и постигнал два гола со кој му донел пресврт и победа на својот тим од 2-1.[5]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Агире го претставувал Уругвај во репрезентациите под 17 и под 20 години.
Клупска статистика
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 13 јануари 2017.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2011-2012 | Ливерпул М. | ПД | 11 | 0 | - | - | - | - | - | - | 11 | 0 | |||
2012-2013 | ПД | 20 | 8 | - | - | КС | 6 | 1 | - | - | 26 | 9 | |||
2013-2014 | ПД | 26 | 8 | - | - | - | - | - | - | 26 | 8 | ||||
Вкупно Ливерпул М. | 57 | 16 | - | - | 6 | 1 | - | - | 63 | 17 | |||||
2014-јан. 2015 | Емполи | А | 1 | 0 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | 2 | 0 | ||
јан.-јун. 2015 | Удинезе | А | 7 | 1 | КИ | 1 | 0 | - | - | - | - | 8 | 1 | ||
2015-јан. 2016 | А | 10 | 0 | КИ | 2 | 0 | - | - | - | - | 12 | 0 | |||
Вкупно Удинезе | 17 | 1 | 3 | 0 | - | - | - | - | 20 | 1 | |||||
јан.-јун. 2016 | Перуџа | Б | 17 | 3 | КИ | - | - | - | - | - | - | 17 | 3 | ||
авг. 2016-јан. 2017 | Лугано | СЛ | 9 | 1 | КШ | ||||||||||
јан.-јун. 2017 | Насионал Монтевидео | ПД | 1 | 2 | |||||||||||
Вкупно во кариерата | 101 | 21 | 0 | 6 | 1 | - | - | 102 | 21 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ spaziocalcio.it, уред. (16 август 2014). „I nuovi stranieri della Serie A: Rodrigo Aguirre (Empoli)“.
- ↑ „Arriva Rodriguo Aguirre“ (италијански). Empoli F.C. Архивирано од изворникот на 2018-01-12. Посетено на 4 July 2014.
- ↑ „Cagliari-Udinese 4-3: i rossoblù salutano con Sau, Joao Pedro e Mpoku“ (италијански). La Gazzeta dello Sport. Посетено на 13 февруари 2017.
- ↑ „AC Perugia Calcio - Sito Ufficiale - Aguirre è biancorosso!“. Посетено на 4 февруари 2016.
- ↑ „Nacional a lo campeón…“. Посетено на 12 февруари 2016.