Дефенсор Спортинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Дефензор Спортинг)
Дефенсор Спортинг
Целосно имеДефенсор Спортинг Клуб
ПрекарТемјанушки и Ла Виола
Основан15 март 1913
СтадионСтадион Луис Францини
Капацитет18.000
ПретседателУругвај Даниел Јаблонка
МенаџерУругвај Хорхе Оросман да Силва
ЛигаПримера Дивисион
20184-ти
Домашни бои
Гостински бои

Дефенсор Спортинг е фудбалски клуб од Монтевидео, Уругвај. Моментално се натпреварува во Примера Дивисион, највиското ниво на уругвајскиот лигашки фудбалски систем.

Клубот е основан на 15 март 1913, а досега во својата историја четири пати бил државен шампион (1976, 1987, 1991, 2008). Својте домашни натпревари ги играат на стадионот Луис Францини.

Историја[уреди | уреди извор]

Дефенсор Спортинг е формиран на 15 март 1913, како Клуб Атлетико Дефенсор. Денешното име клубот го добил во 1989 по соединувањето со Спортинг Клуб Уругвај.

Клубот исто така е четирикраетен шампион на Уругвај (1976, 1987,1991 и 2008).

Дефенсор исто така го има претставувано Уругвај неколкупати во Либертадорес купот. За овој тим во минатото играле неколкумина многу познати фудбалери како: Себастиан Абреу, Дарио Силва, Мартин Касерес, Максимилијано Переира, Табаре Виудез и др.

Титули[уреди | уреди извор]

Други официјални домашни титули

  • Апертура: - 1994, 2008.
  • Клаусура: - 1997.