Евреи
Зборот Евреин се користи за различни намени, но најчесто се однесува на следбеник на еврејската религија, дете на еврејска мајка, или некој со еврејско потекло кој е поврзан со еврејската култура или народност.
Повеќето Евреи се сметаат себеси за народ, припадници на нација, која потекнува од античките Израелити и од оние кои ја прифатиле нивната религија на различни места и во различни времиња. Изразот „Евреин“ настанал кога древното Израелско кралство било поделено на северното Кралство Израел и јужното Кралство Јудеја. Израелитите (кои подоцна ќе бидат уништени од Асирците) биле припадниците на северното кралство, додека Евреите (оние кои преживеале) биле припадниците на јужното кралство. Со текот на времето, зборот Евреин повеќе се однесувал на оние со Еврејска вера, одошто на оние кои буквално потекнуваат од Јудеја. Модерната употреба на зборот Евреин се однесува и на оние кои активно го практикуваат јудаизмот, и на оние Евреи, кои иако не го практикуваат јудаизмот како религија, сѐ уште се идентификуваат себеси како Евреи поради традицијата на нивните еврејски семејства, како и поради лична културна идентификација.
Историја на Евреите и нивното населување на Балканот
[уреди | уреди извор]Евреите се антички народ, создавачи на првата монотеистичка религија - јудаизмот. Нивната историска прататковина е Палестина. Историјата на Евреите, е позната од текстовите во Библијата, а кои се потврдуваат со археолошките наоди во сегашната држава Израел. Откако Римјаните го задушиле еврејското востание во 66 година од н.е. и го уништиле Соломоновиот храм, Евреите се раселиле по целиот свет. Првите Евреи на Балканскиот Полустров биле наречени Ромањоти, затоа што дошле за времето на Римското Царство. Во средниот век, на Балканот пристигнале Ашкеназите - источноевропски Евреи, кои зборуваат германски јазик. Во 1492 година, на територијата на Отоманското Царство се населиле Сефардите, протерани од Шпанија.
Евреите на Балканот живееле помирно во споредба со Евреите во другите делови на Европа сè до средината на XX век, кога на нив бил извршен холокауст од страна на нацистите. Единствено Бугарија успеала да го спаси своето еврејско население. Сепак, бугарските власти во окупираните подрачја (Македонија и Тракија) учествувале во депортацијата на Евреите во германските концентрациони логори. Депортацијата на македонските Евреи била извршена во Скопје, во март 1943 година.
Евреите основале своја држава - Израел дури во 1948 година.
Евреите како мотив во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Плачот на Евреинот“ - песна на полскиот поет Станислав Гроховјак.[1]
- „Птица-Евреин“ - расказ на американскиот писател Бернард Маламуд.[2]
- „Црн, Евреин и сиромашен“ (Black, Jewish, and Poor) - песна на американската хард-кор група „Воид“ (Void) од 1981 година.[3]
- „Изгледаш како Евреин“ (You Look Like a Jew) - песна на американската рок-група „Пуси Галор“ (Pussy Galore) од 1986 година.[4]
- „Тини, кралот на Евреите“ (Tiny, King Of The Jews) - песна на американската рок-група „Биг Блек“ (Big Black) од 1987 година.[5]
- „Еврејчето Шами“ - расказ од Владимир Костов издаден во склоп на збирката раскази „Патар“.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Savremena poljska poezija. Beograd: Nolit, 1964, стр. 241-242.
- ↑ Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 147-158.
- ↑ YouTube, VOID - Sessions 1981-83 (FULL ALBUM) (пристапено на 22.8.2017)
- ↑ YouTube, Pussy Galore - Corpse Love: The First Year (1992) (Full Album) (посетена на 22.8.2017)
- ↑ Discogs, Big Black – Songs About Fucking (пристапено на 30.7.2019)
Ноќ на убиените поети |
||
---|---|---|
Ликвидирани уметници | Перец Маркиш · Давид Бергелсон · Ицик Фефер · Лајб Квитко · Давид Хофштајн | |
Поврзано | Антисемитизам · Евреи · Ј. В. Сталин |
|