Патар (раскази)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Патар
АвторВладимир Костов
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрзбирка раскази
ИздавачМатица македонска
Издадена
2020
Медиумпечатено издание
Страници190
ISBN608-10-0777-4

Патар – збирка раскази на македонски јазик од битолскиот писател Владимир Костов. Делото било издадено во 2020 година од издавачката куќа Матица македонска, а финансиски помогнато од Министерството за култура.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Книгата содржи 15 раскази[1]:

  • Крин
  • Патар
  • Пусулче
  • Фауст
  • Еврејчето Шами
  • Холокауст
  • Огледалце
  • Десетте божји заповеди и една антрополошка
  • Бунарџија
  • Умирање на Бог
  • Жив труп
  • Таа поза не ти личи
  • Џизлија
  • Интервју
  • Последниот збор

Книгата содржи осврт од Раде Силјан.

Осврт[уреди | уреди извор]

За расказите во „Патар“, писателот Раде Силјан напишал:

Расказите на Владимир Костов го отсликуваат времето во кое ги боледуваме социјалните и моралните вредности во нашето општество. Во нив дефилираат трагични судбини што се во судир со сопствената малограѓанска средина. Преокупирани од потребата за евтина слава и кариеризам, тие наконтени развратници го претставуваат грдото лице на новото време. Тоа се кариеристи и заблуденици по евтина слава, но и по големо материјално богатство.

Раде Силјан, [1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Костов, Владимир (2020). Патар. Скопје: Матица македонска. стр. 190. ISBN 608-10-0777-4.

Поврзано[уреди | уреди извор]