Босански вилает — првостепена управна единица (вилает) на Отоманското Царство, претежно на територијата на денешна Босна и Херцеговина. Се граничел со Косовскиот вилает на југ. Пред управната реформа од 1867 г., единицата се нарекувала Босански пашалак. Во подоцнежниот дел на XIX век вилаетот зафаќал површина од 46.000 км2.[2]
Вилаетот на дело престанал да постои со австроунгарската окупација на БиХ во 1878 г., но формално траел сè до 1908 г. иако бил под управа на австроунгарска управа. Таа година Австроунгарија официјално го припоила како своја територија.