Педесетта македонска дивизија
Педесетта македонска дивизија | |
---|---|
Формирање на 50-та македонска дивизија во селото Митрашинци, септември 1944 година | |
Активна | 17 септември 1944 – декември 1944 |
Битки | Завршни операции за ослободување на Македонија |
Команданти | |
Истакнати команданти | Кирил Михајловски |
Педесеттата македонска дивизија на НОВЈ била формирана на 17 септември 1944 година во селото Митрашинци кај Берово.[1] При основањето, во нејзин состав влегле: Четвртата, Тринаесеттата и Четиринаесеттата македонска бригада. Во првата половина на октомври 1944 година, во нејзиниот состав влегле и Деветнаесетта македонска ударна бригада и Артилериската бригада, а Четвртата бригада влегла во состав на 51-та македонска дивизија.
Команден состав
[уреди | уреди извор]Командниот состав на дивизијата го сочинувале:[1]
- Кирил Михајловски, командант до 3 октомври 1944 година
- Боро Милевски, командант од 3 октомври 1944 година
- Наум Веслиевски - Овчарот, командант од 6 декември 1944 година
Политички комесари биле:
- Димче Беловски, политички комесар до 3 октомври 1944 година
- Боро Чаушев, политички комесар од 3 октомври 1944 година
- Јован Ѓуровиќ, политички комесар од 6 декември 1944 година
Борбени дејства
[уреди | уреди извор]Во состав на Брегалничко-струмичкиот корпус, оваа бригада учествувала во борбите против германските единици на патот Валандово-Струмица-Берово. Ги ослободила Берово и Пехчево на 13 октомври, Кочани на 22 октомври, селата во долината на реката Брегалница и Штип на 8 ноември, и Свети Николе на 9 ноември.
Во текот на борбите за ослободување на Скопје, дивизијата водела борби кај хидроцентралата Матка, а потоа го ослободила и Тетово на 19 ноември 1944 година. На 6 декември 1944 година, била расформирана, а борците биле распределени во останатите македонски воени единици. Со реорганизацијата, 51 македонска дивизија била преименувана во 50 македонска дивизија, со што го зела формациското место на веќе укинатата дивизија.
Литература
[уреди | уреди извор]- Марјан Димитријевски: „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г.
- Македонска енциклопедија (книга втора). „МАНУ“, Скопје 2009 година.