Боро Чаушев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Boro Čaušev.jpg
Роден 6 ноември 1917
Неготино
денес Македонија Македонија
Починал 22 февруари 2001(2001-02-22) (воз. 83 г.)
Скопје
СР Македонија СР Македонија

Боро Чаушев (6 ноември 1917 - 22 февруари 2001) бил македонски партизан, комунист и генерал-мајор на милицијата на НР Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Пред војната бил работиник во железарница. Станал член на КПЈ во 1940 година, а во војната се вклучил во 1941 година, како партизан во партизанскиот одред „Добри Даскалов“. Во војната бил политички комесар на Народноослободителниот баталјон „Страшо Пинџур“, кој делувал во рамките на Втората македонска ударна бригада. Од 17 до 30 септември бил политички комесар на Четиринаесеттата македонска ударна бригада,[1] а подоцна бил и дивизиски политички комесар на педесеттата и четириесет и осмата дивизија.[2]

Од 1950 година бил командант на милицијата на НР Македонија, секретар за внатрешни работи на Македонија, член на републичкиот Извршен совет, а извршувал и други функции.

Бил избран за републички и сојузен пратеник. Исто така бил и командант на Главниот штаб за народна одбрана на Социјалистичка Република Македонија.

Одликуван бил со Орден на братството и единството со златен венец, Орден на заслуги за народот со златна ѕвезда.

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Војна енциклопедија 2 (Брдо - Фоа) (друго издание). Београд. 1971. стр. 238.