Димче Беловски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Димче Белоски (Штип, 25 октомври 1923 - Скопје, 17 јуни 2010) – македонски комунист, политичар и дипломат.

Студирал право. Бил член на СКОЈ (1941) и на КПМ (1943). Како истакнат учесник во НОАВМ, бил политички комесар на чета и на баталјон во воените единици на НОВ и ПОМ, а потоа политички комесар на Педесеттата (македонска) дивизија на НОВЈ. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ.

По Ослободувањето ја завршил Вишата политичка школа „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Белград и извршувал разни партиски, општествени и дипломатски должности: политички секретар на Обласниот комитет на КПМ во Скопје, секретар на ПК на СКОЈ за Македонија, член на ЦК СКМ, пратеник во Собранието на НРМ, директор на НИП „Нова Македонија“, член на Извршниот совет на СРМ, заменик на постојаниот претставник во Постојаната мисија на СФРЈ во Њујорк, амбасадор на СФРЈ во Канада и во САД и претставник на СФРЈ во ООН, помошник државен секретар на СФРЈ за надворешни работи (1965–1969), член на Претседателството на ЦК на СКЈ и секретар на ЦК на СКЈ. Носител е на Партизанска споменица 1941.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том I, стр. 143-144.