3 ноември (настани)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
1903  Со поддршка на САД, Панама прогласила независност од Колумбија. Претседателот на САД, Теодор Рузвелт не сакал да ѝ плати на Колумбија колку што барала за САД да изградат канал помеѓу Атлантскиот и Тихиот Океан. Следната година, во договор со новата влада на Панама, САД ја започнале изградбата на Панамскиот Канал.
1906  Германскиот психијатар Алојз Алцхајмер го објавил извештајот за болеста која подоцна била наречена по него.
1918  Во Падова, Италија, Австро-Унгарија војска потпиша капитулација, со што практично се распадна кралството Австро-Унгарија.
1944  На предлог на Поверенството за просвета, Президиумот на АСНОМ донел решение за отворање на гимназии во градовите: Скопје, Битола, Штип, Куманово, Прилеп, Струмица, Тетово, Велес и Охрид.
1944  Во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.
1951  Со посебна уредба на владата на НР Македонија е формиран Отсекот за правни науки при Правно-економскиот факултет во Скопје. На 1 јули 1956 година, Отсекот за правни науки се одвоил како посебна високообразовна институција.
1965  Излегол првиот број на весникот на Општина Прилеп „Народен глас“.
1970  Салвадор Аљенде ја презел должноста претседател на Чиле, како прв марксист во Западната хемисфера, избран на слободни избори.
1992  Генералниот конзул на Сојузна Република Германија во Скопје, господин Ханс Лотар Штепан, преку Министерството за односи со странство, ја известил Владата на Република Македонија, дека позитивно го решила нејзиното барање за отворање на Генерален конзулат на РМ во Бон.
1993  Република Македонија добила статус на набљудувач во ГАТТ - Меѓународен договор за трговија и царински тарифи.
2004  Републиканецот Џорџ Буш, по вторпат е избран за претседател на САД. На должноста стапил на 20 јануари 2001 г.