Африканс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Африканс
Afrikaans
Изговорафрикаанс
Застапен воЈАР, Намибија
ПодрачјеАфрика
Говорници6,44 милиони (како мајчин)  
Јазично семејство
Писмоафриканска азбука
Статус
Службен воЈАР, Намибија
Регулативен органЈазична комисија за Африканс
Јазични кодови
ISO 639-1af
ISO 639-2afr
ISO 639-3afr
{{{mapalt}}}
Регионите обоени со темносина боја ги претставуваат регионите каде се сконцентрирани говорниците на африканс

Африканс (изворно: Afrikaans) е индоевропски јазик, настанат од холандскиот јазик и класифициран како долнофранконско германски јазик. Јазикот воглавно се зборува во ЈАР и Намибија но има говорници и во Боцвана, Ангола, Свазиленд, Зимбабве, Лесото, Замбија, Аргентина и Нов Зеланд. Миграцијата на работната сила можеби има околу 100.000 говорници на африканс во Обединетото Кралство. Јазикот е мнозинство во една третина од западна ЈАР но исто така мнозински јазик во јужна Намибија. Јазикот настанал во 17 век од холандски јазик и бил познат и како африкански холандски јазик. Бил сметан за дијалект сè до 19 век кога почнал да се признава како посебен јазик и постигнал еднаков статус со холандски јазик и англиски јазик во рамките на ЈАР. Африканс и холандски јазик се многу слични речиси идентични.

Фонетика[уреди | уреди извор]

Гласовите на африканс се:

буква МФА забелешки
a ʌ, a
aa ɑː
aai
au, ow ou
b b, p на крај од збор се изговара п
ch x
c s, k секаде е к освен пред 'e', 'i', или 'y'
d d, t на крај од збор се изговара т
dj c
e ɛ, iˑe, ə, æ
ê ɛː, æ
ee iˑe
eeu iːu
ei, ey, y əi
eu øː
f f
g x, g, ç
gh g, k на крај од збор се изговара к
h ɦ
i i, ə
ie i
ieu iu
j j
k k
l l
m m
n n, ŋ пред k или g се изговара како ŋ
ng ŋ
ns n е тивка а претходната самогласка е назализирана
o ɒ, uˑo
oe u
oei uiː
oi, oy oj
oo uˑo
ooi ɔiː
p p
q k
r ɾ
s s
sj ʃ
t t
tj , kj
u ɵ, y
uu y
û œː
ui, uy œy
v f
w v, w
x ks
z z