Баварски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Баварски
Австрискобаварски
Boarisch
München-Obermenzing Schild 610.jpg
Знак за паркирање во Минхен
ИзговорБаварски: [ˈbɔɑrɪʃ]
Застапен воАвстрија, Баварија, и Јужен Тирол
НародАвстријци
Баварци
Јужнотиролци
Говорници14  (2016)e18
Јазично семејство
Јазични кодови
ISO 639-3bar
{{{mapalt}}}
Обем на баварскиот јазик
Горногерманско јазично подрачје по 1945 година: сино: баварско-австриски дијалекти.

Баварски (германски: Bairisch, бајриш; баварски: Boarisch, боариш) или наизменично австрискобаварски, ― западногермански јазик,[1] дел од горногерманското семејство, заедно со алеманскиот и источнофранконскиот.

Баварскиот јазик го зборуваат приближно 12 милиони луѓе на површина од околу 125.000 км2, што го прави најголемиот од сите германски јазици. Може да се најде во германската покраина Баварија (особено Стара Баварија), поголемиот дел од Република Австрија (со исклучок на Предарлска) и италијанскиот регион Јужен Тирол.[2] Во 2008 година, 45 отсто од Баварците тврделе дека користат јазикот во секојдневното општење.[3] Пред 1945 година, баварскиот исто така бил распространет во делови од јужна Чешка и западна Унгарија.[4]

Разликата помеѓу баварскиот и стандардниот високогермански е поголема од разликата помеѓу данскиот и норвешкиот или меѓу чешкиот и словачкиот;[2] како таков, постои несогласување во однос на неговата класификација. Меѓународната организација за стандардизација го класифицира како посебен јазик, доделувајќи му единствен јазичен код ISO 639-3 (лента).[1] Се наоѓа на списокот на УНЕСКО во Атласот на загрозени јазици од 2009 година.

Потекло[уреди | уреди извор]

Историја и етимологија[уреди | уреди извор]

Зборот баварски е изведен од името на луѓето кои ја населиле Баварија заедно со нивниот племенски дијалект. Потеклото на зборот е спорно. Најчестата теорија го следи зборот до бајоварјоз, што значи „жители на земјата Бојер“. Потоа, зборот Бојер (латински: Boii, германски: Boier, Бојер) настанало како име за поранешните келтски жители на областа - Боите, при што името преминало на мешаното население од Келти, Римјани и последователни бранови на германски пристигнувања во текот на раниот средновековен период.[5]

Месното население на крајот го образило Војводството Баварија, образувајќи го југоисточниот дел на Кралството Германија. Старогорногерманските документи од областа на Баварија се идентификувани како алтбајриш („старобаварски“), иако на овој ран датум имало неколку особени одлики што би го поделиле од алеманскиот јазик.

Дијалектното раздвојување на горногерманскиот кон источногорногерманскиот (баварски) и западногорногерманскиот (алемански) станало поопипливо во средногорногерманскиот период, од околу 12 век.

Географска распространетост и дијалекти[уреди | уреди извор]

Три главни дијалекти на баварскиот јазик се:

Разликите се јасно забележливи во тие три подгрупи, кои во Австрија често се совпаѓаат со границите на одредени држави. На пример, секој од нагласоците на Корушка, Штаерска и Тирол може лесно да се препознае. Исто така, постои забележлива разлика помеѓу источниот и западниот среднобаварски, што приближно се совпаѓа со границата помеѓу Австрија и Баварија. Покрај тоа, виенскиот дијалект има некои одлики што го разликуваат од сите други дијалекти. Во Виена, мали, но препознатливи варијации се карактеристични за различни области на градот.

Пред протерувањето на Германците од Чехословачка, јазичната граница на баварскиот со чешкиот била на оддалечената страна на Шумава, а нејзината бохемиска предина била со баварско говорно подрачје.

Употреба[уреди | уреди извор]

Јавен знак кој комбинира стандарден германски и баварски.

На интернет[уреди | уреди извор]

Постои Википедија на баварски јазик . Исто така, службената мрежна страница на ФК Баерн Минхен била достапна на баварски.[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „bar | ISO 639-3“. iso639-3.sil.org. Посетено на 1 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Rowley (2011), p. 300; Friends of the Bavarian Language and Dialects Association. (уред.). „Bairische Sprache, Dialekte und Mundarten“. fbsd.de (германски).
  3. Rowley, Anthony R. (2011). „Bavarian: Successful Dialect or Failed Language?“. Handbook of language and ethnic identity, 2 : the success-failure continuum in language and ethnic identity efforts. Joshua A. Fishman, Ofelia García. Oxford: Oxford University Press. стр. 209–308. ISBN 978-0-19-983799-1. OCLC 721195501.
  4. „Bavarian“. Ethnologue. Посетено на 1 декември 2022.
  5. Hasenfratz, Hans-Peter (2011). Barbarian Rites: The Spiritual World of the Vikings and the Germanic Tribes. Simon and Schuster. ISBN 978-1594774218.
  6. „Home - FC Bayern München“. 11 октомври 2021. Архивирано од изворникот на 11 октомври 2021. Посетено на 1 декември 2022.

Дополнителна книжевност[уреди | уреди извор]

Речници
  • Шмелер, Јохан Андреас; уредено од Фромман, Георг Карл (1872 & 1877). Bayerisches Wörterbuch . 2. ед. во 2 том., Рудолф Олденбург, Минхен
  • 978-3-86646-307-3Hietsch, Otto (2015), Wörterbuch Bairisch-Englisch, Von Apfelbutzen bis Zwickerbusserl, Regenstauf: SüdOst Verlag, ISBN 978-3-86646-307-3
Филологија
  • Schikowski, Robert (2009), Die Phonologie des Westmittelbairischen
  • Traunmüller, Hartmut (1982), Der Vokalismus Im Ostmittelbairischen, стр. 289–333
  • Wiesinger, Peter (1990), The Dialects of Modern German: A Linguistic Survey, стр. 438–519
  • Egon Kühebacher (1965–1971). Tirolischer Sprachatlas. 3 Vol.: Vokalismus, Konsonantismus, Sprachatlas. (= Deutscher Sprachatlas. Regionale Sprachatlanten. Hg. von Ludwig Erich Schmitt, Karl Kurt Klein, Reiner Hildebrandt, Kurt Rein. Bde. 3/1–3). Marburg: N. G. Elwert Verlag.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]