Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Шпаркасе банка Македонија АД Скопје претставува македонска универзална банка со широка понуда на банкарски производи и услуги наменети за поддршка, развој, финансирање на физички и правни лица. Банката е дел од Штаермеркише шпаркасе (Steiermärkische Sparkasse) и групацијата Ерсте, од Австрија. На ниво на целиот македонски банкарски сектор, банката се наоѓа на шестото место, со пазарно учество од 4,7%. Седиштето на банката се наоѓа на следнава адреса: Ул. Македонија, бр. 9-11, 1000, Скопје.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Шпаркасе банка Македонија била основана на 29 декември 1992 година, кога ја добила дозволата од Народната Банка на Македонија за основање како комерцијална банка под името "Инвест банка ад Скопје".
Нејзината мајка-банка, Штаермеркише шпаркасе, опстојува скоро два и пол века, не само во Австрија туку и пошироко во Југоисточна Европа. Оваа банка била основана во Грац, во далечната 1825 година. Денес, таа е најголемата штедилница во Виена и најголема банка во јужна Австрија.
На 16 септември 2008 година, Шпаркасе банка постанала дел од "Штаермеркише шпаркасе" и Групацијата "Ерсте", една од најсилните групации во Европа, со 187-годишна традиција. На 15 април 2010 година, Шпаркасе банка ја направила промената на името и официјално се ребрендирала на 4 октомври 2010 година. Шпаркасе Банка Македонија e рангирана во првите 5 банки во Македонија, со пазарен удел од 4-5% и со вкупна актива од 284 милиони евра.
Банката има мрежа од 29 експозитури, 300 вработени и над 115 000 клиенти.[2]

Мисија[уреди | уреди извор]

Единствена и основна мисија на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е задоволство, сигурност и доверба на клиентите, партнерите и вработените. Банката на своите клиенти им ги овозможува сите видови на банкарски услуги, притоа ставајќи го акцентот на брзината и ефикасноста на своите услуги, како и зголемување на довербата, како кон клиентите, така и кон своите вработени.

Визија[уреди | уреди извор]

Визијата на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е да биде една од петте банки во Република Македонија, која се грижи долгорочно за сигурноста и успехот на своите клиенти и им ги овозможува најкавалитетните услуги.[3]

Капитал[уреди | уреди извор]

Номиналниот износ на почетниот капитал (основна главнина) на Банката изнесува 1.662.774.540,00 денари и истиот е поделен на 622.762 обични акции на име со номинална вредност од 2.670,00 денари по една акција. Банката може да издава обични и приоритетни акции. Една акција има право на еден глас во Собранието на Банката. Собранието на Банката може да ја деноминира номиналната вредност на акциите преку намалување или зголемување на таа вредност или да ја изрази номиналната вредност на акциите во странска валута, под услови износот на основната главнина да не се промени.

Финансиски активности[уреди | уреди извор]

Банката може да ги врши следните финансиски активности:[4]

  1. прибирање на депозити и други повратни извори на средства;
  2. кредитирање во земјата, вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакци;
  3. кредитирање во странство, вклучувајќи и факторинг и финансирање на комерцијални трансакции;
  4. издавање и администрирање на платежни средства (парични картички, чекови, патнички чекови, меници);
  5. издавање на електронски пари, доколку е уредено со посебен закон;
  6. финансиски лизинг;
  7. менувачки работи;
  8. платен промет во земјата и странство, вклучувајќи купопродажба на девизи;
  9. брз трансфер на пари;
  10. издавање на платежни гаранции, авали и други форми на обезбедување;
  11. изнајмување сефови, остава и депо;
  12. тргување со инструменти на пазарот на пари;
  13. тргување со девизни средства, што вклучува и тргување со благородни метали;
  14. тргување со хартии од вредност;
  15. тргување со финансиски деривати;
  16. управување со средства и портфолио на хартии од вредност за клиенти и/или инвестициско советување на клиенти;
  17. давање на услуги на чување на имот на инвестициски и пензиски фондови;
  18. купопродажба, гарантирање или пласман на емисија на хартии од вредност ;
  19. чување на хартии од вредност за клиенти;
  20. советување на правни лица во врска со структурата на капиталот,
  21. деловната стратегија или други поврзани прашања или давање услуги поврзани со спојување или припојување на правни лица;
  22. продажба на полиси за осигурување;
  23. посредување во склучување договори за кредити и заеми;
  24. обработка и анализа на информации за кредитна способност на правни лица;
  25. економско-финансиски консалтинг и
  26. други финансиски активности утврдени со закон што може да ги врши банка.

Раководење со ризиците[уреди | уреди извор]

Раководење со ликвидносниот ризик[уреди | уреди извор]

Определувањето, оценката и раководењето со ликвидносниот ризик на банката подразбира начин на управување со активата и пасивата кој ќе овозможи навремено и редовно измирување на обврските, во нормални или вонредни услови на работењето. Банката активно ја следи, управува и контролира изложеноста на ликвидносен ризик и ги управува средствата во активата и изворите на средства во пасивата согласно финансиските и готовинските текови, како и нивната концентрација, со цел хармонизирање на паричните приливи со одливи. За таа цел, банката го следи и планира процесот на ликвидност кој ќе овозможи проценка на идните потреби за ликвидни средства, имајќи ги во предвид економските, политичките, регулаторните и останатите промени кои влијаат на нејзиното работењето. Ваквото планирање вклучува идентификација на познати, очекувани и можни парични одливи и создавање на различни стратегии за управување со активата и пасивата, со цел обезбедување на потребите на банката за парични приливи.[5]

За управување со ликвидносниот ризик, банката има воспоставено адекватна организациона структура која опфаќа:[6]

  • јасно дефинирани надлежности и одговорности на органите на управување на банката;
  • јасно дефинирање на тоа кој е надлежен и одговорен за управување со ликвидноста на банката;
  • дефинирање на улогата на внатрешната ревизија на банката
  • и дефинирање на задачите и одговорностите на соодветните организациони делови кои се надлежни за следење на ликвидноста на банката и управување со ликвидносниот ризик.

Раководење со валутниот ризик[уреди | уреди извор]

Управувањето со валутниот ризик значи поставување на ограничувања на поединечните отворени позиции кои се составен дел од процесот на управување со активата и пасивата. Ограничувањата на отворените позиции ја означуваат максималната загуба на банката како резултат на валутниот ризик. Со цел правилно управување со валутниот ризик и сведување на загубите на минимално ниво, предвидени се следниве активности за адекватна идентификација, мерење, следење и контролирање на ризикот:[7]

  • идентификација на изворите на валутниот ризик;
  • методи за мерење на валутниот ризик;
  • одредување на лимити;
  • контролни механизми;
  • извештајни форми и
  • процедури за спроведување на политиката.

Организационата поставеност на банката во врска со процесот на управување со валутниот ризик е организиран на следниов начин:

Надзорниот одбор на банката ја одобрува политиката и ја разгледува адекватноста на одобрената политика најмалку на годишна основа. Исто така, на предлог на Одборот за управување со ризици, Надзорниот одбор ја определува формата, содржината и динамиката на известување за активностите на банката во девизи и во денари со девизна клаузула. Одборот за управување со ризици ја воспоставува политиката и ја следи нејзината примена, дава предлози за унапредување на политиката, врши оценка на системот на банката за управување со валутниот ризик, ги одобрува интерните лимити на банката за изложеност на валутен ризик, ги анализира ефектите од управувањето со валутниот ризик врз резултатите од работењето на банката. Управниот одбор е одговорен за воспоставување и следење на примената на процедурите за идентификување, мерење, следење и контрола на валутниот ризик на банката, во согласност со политиката.[8]

Деловниот центар за управување со ризици е одговорен за редовно ревидирање на политиката, како и за дневно пратење на отворената девизна позиција на банката. Службата за управување со ликвидност, како дел од Деловниот центар за поддршка и финансии, е одговорна за изготвување дневни извештаи за валутен ризик и работење во согласност со интерните акти на банката. Дирекцијата за FX и пазар на пари е одговорна за изготвување на процедурите во делот на валутниот ризик, работење во согласност со интерните акти на банката кои го регулираат валутниот ризик, како и за формирање на курсните листи за менувачко работење и девизен пазар. Ревизијата оценува дали вработените ги почитуваат политиката, процедурите и интерните лимити на изложеност на банката на валутен ризик и доставува известување до Надзорниот одбор.[9]

Финансиски показатели[уреди | уреди извор]

Во 2012 година банката ги остварила следните резултати од работењето:

  • Нето-приходи од камати 1 017,6 милиони денари
  • Расходи од камати 424,2 милиони денари
  • Нето-каматен приход 593,5 милиони денари
  • Приходи од провизии 189,3 милиони денари
  • Расходи за провизии и надоместоци 67,7 милиони денари
  • Нето-приход од провизии и надоместоци 121,6 милиони денари
  • Нето ефект од курсни разлики 31,6 милиони денари
  • Останати приходи од дејноста 88,2 милиони денари
  • Нето-исправка на вредност 184,6 милиони денари
  • Загуба од оштетување на нефинансиски средства 80,2 милиони денари
  • Трошоци за вработени 205,9 милиони денари
  • Амортизација 42,2 милиони денари
  • Останати расходи 308,7 милиони денари
  • Нето-остварена добивка 1 248 милиони денари

На крајот на 2012 година, Шпаркасе Банка ја имала следната структура на средства, обврски и капитал

  • Вкупни средства 16 585,5 милиони денари
  • Парични средства и парични еквиваленти 2 369,3 милиони денари
  • Вложувања во хартии од вредност 4 054,7 милиони денари
  • Кредити и побарувања од други клиенти 9 048,3 милиони денари
  • Останати побарувања 102,9 милиони денари
  • Преземени средства за ненаплатени побарувања 96,7 милиони денари
  • Нематеријални средства 20,6 милиони денари
  • Недвижности и опрема 305,9 милиони денари
  • Вкупни обврски 14 436,8 милиони денари
  • Депозити од банки и кредитни линии 3 169,5 милиони денари
  • Депозити на други клиенти 8 237,4 милиони денари
  • Акционерски капитал, заедно со премии од акции,резерви и загуба 2 148,8 милиони денари
  • Субординиран долг 1 020,1 милиони денари
  • Стапка на адекватност на капитал 29,47%

Управен одбор[уреди | уреди извор]

Членови на Управниот одбор:

  • Глигор Бишев - Претседател
  • Александра Радиќ - Член
  • Саша Боко - Член

Надзорен одбор[уреди | уреди извор]

Членови на Надзорниот одбор:

  • Сава Далбоков - Претседател
  • Герхард Фабиш - Заменик Претседател
  • Валбурга Зајдл - Член
  • Ханс Лудвиг Диксер - Член
  • Бранко Азески - Независен член
  • Кристијан Поленак - Независен член

Одбор за ревизија[уреди | уреди извор]

Членови на Одбор за ревизија:

  • Сава Далбоков - Претседател
  • Герхард Фабиш - Заменик Претседател
  • Валбурга Зајдл - Член
  • Ханс Лудвиг Диксер - Член
  • Панче Јовановски - Независен член
  • Пецев Љупчо - Независен член

Корпоративна општествена одговорност[уреди | уреди извор]

Определбата на Шпаркасе Бакна кон општествена одговорност, нејзината суштина и областите во кои е активна е корпоративен идентитет и претставува предност на која се гледа како стратешки ресурс во изградба на кредибилитетот и поддршка кон клиентите. Партнерство со филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, спонзорството на филмот „Трето полувреме“, програмата „Best of South East“, проектот за вработените „Берза на идеи“ се проекти сo традиција, кои ја одбележуваат секоја година. На нив се надоврзуваат уште многу други од повеќе области. Најмногу се фокусирани на области од културата, со акцент на филмската уметност, образованието, со што се овозможува и привлекување квалитетен кадар и секако, заштитата на животната средина. [10]

Наводи[уреди | уреди извор]