Глигор Бишев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Григор Бишев (Скопје, 5 април 1958) — македонски банкар, економист и универзитетски професор. Во моментов е генерален директор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје. Тој е еден од творците на македонската парична единица − денар.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Бишев е роден во Скопје на 5 април 1958 година. Во 1980 година завршил економски факултет во Скопје, каде што во 1982 на истиот ги завршува и постдипломските студии во насоката монетарно - кредитна теорија и политика. Во 1985 го одбранил магистерскиот труд: Понудата на пари во современата монетарна теорија. Во 1991 докторирал на темата „Понудата и побарувачката на пари - случајот на Југославија“[2]. Своето образование го доусовршува во Лондонската школа заекономија и политички науки во 1995, додека специјализацијата ја имал во 1997 година на Виенскиот институт заспоредбени економски студии. Бишев е еден од творците на новата македонска валута и иницијатор и поддржувач на некои од клучните реформи во Македонија. Во моментов е генерален директор на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, но и вонреден професор на Економскиот факултет во Прилеп и професор на постдипломските студии на Економскиот факултет во Скопје. Пред да стане прв човек во Стопанска, Бишев во периодот од 1997 до 2000 година бил заменик-гувернер на Народната банка на Република Македонија. Претходно бил и вицегувернер.

Научна работа[уреди | уреди извор]

Бишев има објавено две книги, 207 статии, дискусии и истражувачки студии во професионални и научни магазини во Македонија, Австрија, Бугарија и Словенија. Исто така, учествувал на симпозиуми во земјата и во странство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Богоев, Ксенте (1994). Економска транзициjа: Состоjби, проблеми, преспективи. Македонска академиjа на науките и уметностите.
  2. Tatjana Petkovska Mirčevska (2002). Ekonomski institut-Skopje: 50 godini. Ekonomski in-t.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]