Чаушли
Џумабос | |
Координати 41°15′54″N 22°38′59″E / 41.26500° СГШ; 22.64972° ИГД | |
Регион | Предлошка:Грбови |
Општина | Дојран |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2460 |
Повик. бр. | 034 |
Шифра на КО | 06032 |
Надм. вис. | 410 м |
Џумабос на општинската карта Атарот на Џумабос во рамките на општината | |
Џумабос на Ризницата |
Чаушли — село во Општина Дојран, југоисточна Македонија. Денес нема жители.[2]
Географија и местоположба
Селото е сместено на северната падина на планината Боска, во северозападниот дел на општината. Лежи на надморска височина од 410 м, а атарот зазема 4,4 км2.[3] Кај селото извира Чаушлиска Река, која минува низ него, продолжува низ мала акумулација во месноста Чаушлиско Поле, па течејќи на север се влева во Луда Мара.
Историја
Во XIX век Чаушли било чисто турско село. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чаушли е село со 35 домаќинства сочинети од 64 муслимани.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото се состоело од 175 жители, сите Турци.[5]
Тука во 1916 г. погребан бугарскиот педагог и општественик од швајцарско потекло Луј Ајер (17.XI.1895-02.IX.1916), кој загинал како офицер во Битката кај Дојран таа година.
Население
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во периодот пред Втората светска војна дошло до големо намалување на населението на Чаушли. По војната дошло до извесен пораст, за да се намали на половина во текот на 1950-тите (од 87 во 1953 на 41 жител во 1961 г.). Во следната деценија бројто на жители драстично опаднал, сведувајќи се на само 8 лица во 1971 година. Таа деценија Чаушли е сосема напуштено. Според пописот од 2002 година, Чаушли немало ниеден жител. Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 175 | — | 66 | 87 | 41 | 8 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 316. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995. стр. 192-193.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 162.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
Надворешни врски
|