Битка кај Дојран (1916)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прва дојранска битка
Дел од Македонски фронт
Датум 9 август 1916 - 18 август1916
Место Дојранско Езеро, Кралство Србија (денес Македонија)
Исход Бугарска победа
Завојувани страни
 Бугарија
Команданти и водачи
Кралство Бугарија Димитар Гешов Франција Морис Сарај
Сила
Втора тракиска пешадиска дивизија
  • Франција 3 дивизии
  • Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска 1 дивизија
  • 45.000 војници
  • 400 топови
Жртви и загуби
851 3.200

На почетокот на август 1916 година, три француски и една британска дивизија со 45.000 луѓе и 400 топови започнале офанзива против бугарските позиции кај Дојранското Езеро, кои ги бранела Втората тракиска пешадиска дивизија. Нападот започнал на 9 август со силен артилериски оган врз позициите на 27. Чепински полк и 9. Пловдивски полк. Сите четири напади што следеле на 10, 15, 16 и 18 август биле одбиени од Втората дивизија, а Сојузниците биле принудени да се повлечат на првобитните положби со големи загуби.

Други извори наведуваат дека Французите го зазеле ридот Желка (Торту) и Долџели, површина од 30 км2, но по многу висока цена.[1][2] Британскиот 7. баталјон на Оксфордширскиот и Бакингемширскиот пешадиски полк го зазел ридот Потковица.[3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Historique“. Архивирано од изворникот на 21 February 2014. Посетено на 30 November 2014.
  2. „G. Ward Price. The Story of the Salonica Army. 1918. Chapters X-XIII“. Посетено на 30 November 2014.
  3. „Worcestershire Regiment (29th/36th of Foot)“. Посетено на 30 November 2014.
  4. „2nd Lieut. JTS Hoey - Croix de Guerre“. Посетено на 30 November 2014.