Хувентуд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Хувентуд
Isla de la Juventud
Покраина во Куба
Isla de la Juventud in Cuba.svg
Земја Куба
Админ. центар Нуева Херона
Површина[1]
 • Вкупна 2.419 км2
Население (2010-12-31)[1]
 • Вкупно 86.420
 • Густина 35.725.506.407.606/km2
Часовен појас EST (UTC-5)
Повик. бр. +53-061
Сателитска снимка на островот Хувентуд
Паноптичкиот затвор „Пресидио Модело“

Хувентуд (шпански: Isla de la Juventud = „Остров на младоста“) е најголемиот кубански остров по самата Куба и една од нејзините покраини. Зафаќа површина од 3056 км2 и лежи 100 км југозападно од големиот кубански остров, преку Батабанскиот Залив. Ова е речиси директно на југ од Хавана и Пинар дел Рио, заради неговата раздалеченост, население и стопански особености, се смета за Специјална Општина и не е дел од ниедна покраина. Затоа островот е управуван директно од владата на Куба.

Населението брои околу 100.000 жители. Главен и најголем град е Нуеба Герона на север, а втор по големина и прв по старост е Санта Фе во внатрешноста на островот. Други населени места се Колумбија, Макинли, Санта Барбара, Кучиља Алта, Пунта дел Есте, Сиера де Кабаљос и Сиера де Касас. Островот се викал и Остров на Боровите (Isla de Pinos) пред да биде преименуван во 1978 год.

Географија и стопанство[уреди | уреди извор]

Голем дел од островот е прекриен со борови шуми, кои се извор за големата индустрија за дрвена граѓа. Северниот регион од островот има ниски 'ртови од каде се експлоатира мермер, додека пак јужниот регион е висорамнина. Земјоделството и рибарството се главните стопански гранки. Во голема мера е застапено одгледувањето на цитрусот и друг зеленчук. Тука има плажа со црн песок формирана од вулканска активност.

Островот има умерена клима, но и чести урагани. Ова е популарна туристичка дестинација, со многу плажи и одморалишта, меѓу кои и плажата Бибихагва. Сѐ до владината експропријација на сите имоти во странска сопственост во раните 1960-ти години, голем дел од земјата била во сопственост на Американци.

Транспорт[уреди | уреди извор]

Главниот транспорт се одвива по воден или воздушен пат. Хидрофоилите (кометас) и моторизираните катамарани се најбрзи (2-3 часа). Побавни се големите товарни фериботи кои преминуваат на главниот остров за шест часа, но тие се и поевтини. Покраината има само една општина, која исто така го носи името Хувентуд.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]