Прејди на содржината

Матансас (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Матансас
Provincia de Matanzas
Покраина во Куба
Панорамски поглед кон Матансас
Панорамски поглед кон Матансас
ЗемјаКуба
Админ. центарМатансас
Површина[1]
  Вкупна11.798,02 км2 (455,524 ми2)
Население (31 дек 2010)[1]
  Вкупно690.113
  Густина0,58/км2 (1,5/ми2)
Час. појасEST (UTC-5)
Повик. бр.+53-52
Мреж. местоПокраински портал

Матансас (шпански: Provincia de Matanzas) е покраина во Куба. Поголеми градови се Карденас, Ховелјанос и главниот град Матансас. Одморалишниот град Варадеро исто така се наоѓа во оваа покраина.

Оваа е втора покраина по големина во Куба. Покраината е главно рамна, со највисоката точка (Пан де Матансас) на само 380 m надморска височина.

Северното крајбрежје има бројни мали атоли, честак и мангрови близу водата.

Јужното крајбрежје е едно од најпосебните места во Куба: тука има огромно мочуриште, Сиенага де Запата које се поротега ширум јужниот дел на покраината и истоимениот полуостров. Источно од полустровот се наоѓа Заливот на свињите, местото на неуспешната инвазија поддржана од САД.

Ова е една од најиндустријализираните покраини во Куба, со нафтени извори, рафинерии, објекти за супертанкери, и 21 шеќерана за обработка на шеќерната трска која се одгледува во покраината.

Покраината Матансас има 13 општини. На крајот на 2010 г. е укината општината Варадеро, со припојување на нејзината територија кон општината Карденас. Дотогаш имала вкупно 14 општини.

ОпштиниНаселение
(2004)
Површина
(км²)
Местоположба
Калимете29.73695822°32′2″N 80°54′35″W / 22.53389°N 80.90972°W / 22.53389; -80.90972 (Калимете)
Карденас103.08756623°02′34″N 81°12′13″W / 23.04278°N 81.20361°W / 23.04278; -81.20361 (Карденас)
Колон71.57959722°43′21″N 80°54′23″W / 22.72250°N 80.90639°W / 22.72250; -80.90639 (Колон)
Лимонар25.42144922°57′22″N 81°24′31″W / 22.95611°N 81.40861°W / 22.95611; -81.40861 (Лимонар)
Лос Арабос25.70276222°44′24″N 80°42′57″W / 22.74000°N 80.71583°W / 22.74000; -80.71583 (Лос Арабос)
Марти23.4751.07022°57′9″N 80°55′0″W / 22.95250°N 80.91667°W / 22.95250; -80.91667 (Марти)
Матансас143.70631723°03′5″N 81°34′30″W / 23.05139°N 81.57500°W / 23.05139; -81.57500 (Матансас)
Педро Бетанкур32.21838822°43′50″N 81°17′27″W / 22.73056°N 81.29083°W / 22.73056; -81.29083 (Педро Бетанкур)
Перико31.14727822°46′31″N 81°00′54″W / 22.77528°N 81.01500°W / 22.77528; -81.01500 (Перико)
Сиенага де Запата (Плаја Ларга)8.7504.32022°17′17″N 81°11′51″W / 22.28806°N 81.19750°W / 22.28806; -81.19750 (Плаја Ларга)
Унион де Рејес40.02285622°48′2″N 81°32′13″W / 22.80056°N 81.53694°W / 22.80056; -81.53694 (Унион де Рејес)
Хагвеј Гранде57.77188222°31′46″N 81°07′57″W / 22.52944°N 81.13250°W / 22.52944; -81.13250 (Хагвеј Гранде)
Ховелјанос58.68550522°48′38″N 81°11′52″W / 22.81056°N 81.19778°W / 22.81056; -81.19778 (Ховелјанос)

Извор: Население од пописот во 2004 г.[2] Површина според општинската прераспределба од 1976 г.[3]

  1. 1 2 „Lugar que ocupa el territorio según la superficie y la población“ (PDF). Una MIRADA a Cuba. Oficina Nacional de Estadísticas. Cuba. 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-03-11. Посетено на 2013-02-15.
  2. Atenas.cu (2004). „Трендови на населението во 2004 г. по покраини и општини“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2 октомври 2007. (шпански)
  3. Statoids (2003). „Општини во Куба“. Посетено на 6 октомври 2007. (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]