Прејди на содржината

Санкти Спиритус (покраина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Санкти Спиритус
Provincia de Sancti Spíritus
Покраина во Куба
Улица во Санкти Спиритус
Улица во Санкти Спиритус
ЗемјаКуба
Админ. центарСанкти Спиритус
Површина[1]
  Вкупна6.779,81 км2 (261,770 ми2)
Население (31 дек 2010)[1]
  Вкупно465.468
  Густина0,69/км2 (1,8/ми2)
Час. појасEST (UTC-5)
Повик. бр.+53-41

Санкти Спиритус (шпански: Provincia de Sancti Spíritus) е една од покраините во Куба. Главен град е Санкти Спиритус. Друг град од поголема важност е Тринидад.

Јужното крајбрежје на покраината е рамно, но западниот дел е планински. На југоисток се наоѓаат бројни ризофори и мочуришта.

Во оваа покраиниа се наоѓа најголемиот вештачки резервоар во Куба, наречен Ембалсе Заза.

Туризмот е голема стопанска гранка во покраината, кој се случува околу Тринидад, град кој му припаѓа на Светското културно наследство со дузини колонијалн згради (и речиси без архитектура од XX век) кои датираат од шпанската хегемонија во 1500-тите. Како речиси цела Куба, шеќерната трска и говедата се важни за стопанството. Тука во извесна мера се одгледуваат и тутун и ориз.

Во XVII век, холандски и британски пирати пробале да ја заземат оваа територија, но биле неуспешни, бидејќи шпанскиот гарнизон постојано ги одвраќал. Од 1660 до 1680, Тринидад бил преполн со пирати од Јамајка и Тортуга, и на двапати тие го срамниле градот со земја.

Покраините Сиенфуегос, Санкти Спиритус и Виља Клара биле дел од некогашната покраина Санта Клара.

ОпштинаНаселение
(2004)
Површина
(км²)
Местоположба
Јагвахај58.938 1.03222°19′50″N 79°14′13″W / 22.33056°N 79.23694°W / 22.33056; -79.23694 (Јагвахај)
Кабајгван67.224 59722°05′2″N 79°29′43″W / 22.08389°N 79.49528°W / 22.08389; -79.49528 (Кабајгван)
Ла Сјерпе16.937 1.03521°45′39″N 79°14′36″W / 21.76083°N 79.24333°W / 21.76083; -79.24333 (Ла Сјерпе)
Санкти Спиритус133.843 1.15121°56′3″N 79°26′37″W / 21.93417°N 79.44361°W / 21.93417; -79.44361 (Санкти Спиритус)
Тагваско36.365 51822°00′19″N 79°15′54″W / 22.00528°N 79.26500°W / 22.00528; -79.26500 (Тагваско)
Тринидад73.466 1.15521°48′16″N 79°58′58″W / 21.80444°N 79.98278°W / 21.80444; -79.98278 (Тринидад)
Фоменто33.528 47122°06′19″N 79°43′12″W / 22.10528°N 79.72000°W / 22.10528; -79.72000 (Фоменто)
Хатибонико42.708 76521°56′47″N 79°10′3″W / 21.94639°N 79.16750°W / 21.94639; -79.16750 (Хатибонико)

Извор: Население од пописот во 2004 г.[2] Површина според општинската прераспределба од 1976 г.[3]

  1. 1 2 „Lugar que ocupa el territorio según la superficie y la población“ (PDF). Una MIRADA a Cuba. Oficina Nacional de Estadísticas. Cuba. 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-03-11. Посетено на 2013-02-15.
  2. Atenas.cu (2004). „Трендови на населението во 2004 г. по покраини и општини“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2 октомври 2007. (шпански)
  3. Statoids (2003). „Општини во Куба“. Посетено на 6 октомври 2007. (англиски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]