Камагвеј (покраина)
Камагвеј Provincia de Camagüey | |
---|---|
Покраина во Куба | |
Плажата Санта Лусија | |
Земја | Куба |
Админ. центар | Камагвеј |
Површина[1] | |
• Вкупна | 15.413,82 км2 (595,131 ми2) |
Население (31 дек 2010)[1] | |
• Вкупно | 782.458 |
• Густина | 0,51/км2 (1,3/ми2) |
Час. појас | EST (UTC-5) |
Повик. бр. | +53-32 |
Мреж. место | Портал на Камагвеј |
Камагвеј (шпански: Provincia de Camagüey) е најголемата покраина во Куба. Главен град е Камагвеј. Други градови се Флорида и Нуевитас.
Камагевеј е низинска покраина, речиси без ридови и планински венци. Северното и јужното крајбрежје се одликуваат со бројни големи атоли.
На овие крајбрежја има песокливи плажи, и покрај големиот туристички потенцијал, покраината не е развиена на тој план. Исклучок од ова е плажата Санта Лусија, на северниот брег.
Стопанството во покраината Камагвеј се состои главно од одгледување говеда, шеќер (на север и југ) и полјоделство. Покраината е позната по својата каубојска култура, со чести манифестации на родео. Исто така важни за стопанството се и кокошките и оризот, а постои и мала овоштарска индустрија за одгледување на цитруси. Во главниот град се наоѓа една од малкуте пиварници во земјата.
Општини
[уреди | уреди извор]Извор: Население од пописот во 2004 г.[2] Површина според општинската прераспределба од 1976 г.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Lugar que ocupa el territorio según la superficie y la población“ (PDF). Una MIRADA a Cuba. Oficina Nacional de Estadísticas. Cuba. 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-03-11. Посетено на 2013-02-15.
- ↑ Atenas.cu (2004). „Трендови на населението во 2004 г. по покраини и општини“. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2 октомври 2007. (шпански)
- ↑ Statoids (2003). „Општини во Куба“. Посетено на 6 октомври 2007. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Портал на покраината Камагвеј Архивирано на 13 март 2007 г. (шпански)