Хелиофизика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тековни и идни мисии на Хелиофизичката систематска опсерваторија во нивните приближни региони на студија.
Филм што ги прикажува хелиофизичките мисиите на NASA од близина на орбитата на Земјата до орбитата на Месечината.

Терминот хелиофизика всушност значи „физика на Сонцето“ (префиксот „хелио", доаѓа од античкиот збор hḗlios, кој значи Сонце), и се користи само во оваа смисла. Во минатото , хелиофизиката се однесувала само на површинските слоеви на ѕвездите, всушност била синоним за она што го знаеме денес под името „сончева физика“.Во 1981 година, го добива правилното значење, означувајќи ја физиката на целото Сонце: од центарот па се до короната на Сонцето.[1] [2] Зборот е добиен од буквалниот превод од францускиот збор héliophysique, кој е воведен за да се разликува од сончевата физика. Така станува субдисциплина на хелиологијатаy.[3] Во почетокот на 21-от век значењето на овој термин е проширен од страна на Др. Џорџ Сиско на Универзитетот во Бостон, за да ја вклучи физиката на хелиосферата (просторот околу Сонцето и надвор од короната, каде соларниот ветер се среќава во меѓуѕвездениот простор но исклучувајчи ги сите планети и други кондензирани тела) иако Сисковиот изглед на дисциплината не го содржи најголемиот дел од вистинската сфера. Сисковиот термин бил ограничен од Дирекцијата за научна мислија на НАСА за означување на студија на хелиосферата и телата кои што се во интеракција - особено планетарните атмосфери и магнетните сфери, сончевата корона , и меѓуѕвезденот простор. Хелиофизиката се занимава и со некои други дисциплини, вклучувајќи ги сончевата физика и ѕвездената физика, некои гранки на нуклеарната физика, физиката на плазната, вселенската физика и магнетосферската физика. Сончевиот ветер е во интеракција со магнетизираните планети, разложувањето на ветерот, ефектите на соларната активност на планетарните магнетосфери. Кофигурацијата на сончевото магнетно поле е од Сонцето до Хелиопаузата. Неодамнешното проширување на хелиофизиката е тесно поврзано со проучувањето на времето во вселената и феномените што влијаат на неа, а со тоа и на климатологијата.

„Хелиофизиката“ е дел од четирите поделби во рамките на Дирекцијата за научна мислија на НАСА (Науката за Земјата, Планетарната наука, Хелиофизиката и Астрофизиката) [4] .Насловот го поедноставува името на „Sun--Solar-System Connections“ дивизијата (а пред тоа, и „Sun-Earth Connections“ дивизијата).

НАСА исто така направи ограничувања на терминот хелиофизика во името на Интернационална хелиофизичка година in 2007-2008.

Timeline of launch dates of Heliophysics System Observatory missions plotted on a solar cycle timeline.
Heliophysics flight program timeline

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gough, D.O.. Our first inferences from helioseismology. „Physics Bulletin“ том  34: 502–507. Bibcode1983PhB....34..502G. 
  2. Gough, D.O.. Heliophysics Gleaned from Seismology. „Astronomical Society of the Pacific Conference Series“ том  462: 429-454. Bibcode2012ASPC..462..429G. 
  3. Christensen-Dalsgaard, J.; Gough, D.O.. Towards a heliological inverse problem. „Nature“ том  259: 89–92. doi:10.1038/259089a0. Bibcode1976Natur.259...89C. 
  4. "Division Directors of NASA's Science Mission Directorate". NASA. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]