Физика на материјали

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Физиката на материјалите се користи за да ги опише физичките својства на материјалите. Таа е збир од повеќе физички науки како што се хемија, механика на цврсти тела, физика на цврстите тела, и науката за материјали. Физиката на материјалите претставува подмножество на физиката на кондензираната материја и ги применува основните концепти на кондензираната материја за комплексни мултифазни средини, вклучувајќи и материјали од технолошки интерес.

Тековните полиња во кои работат физичарите вклучуваат електронски, оптички и магнетни материјали, новите материјали и структури, квантни појави во материјалите, нерамнотежната физика и физиката на меки кондензирани материи. Новите експериментални и пресметковни алатки постојано се подобруваат со моделирањето и проучувањето на материјалните системи кои се подрачјата во кои работат физичарите.

Поврзано[уреди | уреди извор]