Прејди на содржината

Хански дворец (Бахчисарај)

Координати: 44°44′55.22″N 33°52′55.06″E / 44.7486722° СГШ; 33.8819611° ИГД / 44.7486722; 33.8819611
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хански дворец
кримскотатарски: Han Saray
украински:
Ханський палац в Бахчисараї
Поглед
Карта
Општи податоци
Видпалата
болница
музеј
Стилосманлиска
МестоБахчисарај, Крим
Координати44°44′55.22″N 33°52′55.06″E / 44.7486722° СГШ; 33.8819611° ИГД / 44.7486722; 33.8819611
Почната16 век
Технички податоци
Големина4,3 хектари

Ханската палата или Хансарај (кримскотатарски: Han Saray, украински: Ханський палац) — дворец кој се наоѓа во градот Бахчисарај, Крим. Дворецот бил изграден во 16 век и станал седиште на кримските ханови. Внатрешноста на палатата е украсена во традиционален кримско-татарски стил од 16 век и претставува историски и културен споменик од глобално значење поради својот редок пример за кримско-татарската архитектура[1]. Денес, Ханската палата е една од најпознатите муслимански палати што се наоѓаат во Европа, заедно со Топкапи-сарај, Долмабахче, Јилдиз, Ајналикавак, Одрински сарај, Чираган во Турција и Алхамбра во Шпанија.

Во просториите на палатата денес се наоѓа Кримско-татарскиот музеј за културно-историски науки и музејот на кримско-татарската уметност[2], каде е изложено различен вид на оружје. Територијата на комплексот на палатата зазема 4,3 хектари. Претходно, областа на комплексот бил 18 хектари[3].

Палатата се наоѓа на левиот брег на реката Чурук-Су. Комплексот се состои од џамија, харем, гробишта (турбе), живеалишта и градини, две порти (северна и јужна), плоштад, главна зграда, штали, библиотека итн. Архитектонскиот стил на палатата ја продолжува традицијата на отоманската архитектура од XVI-XVII век. Главната идеја на архитектурата е олицетворение на муслиманската идеја на рајската градина на земјата. Самиот поим „Бахчисарај“ е преведен како дворец на градината. Во палатата има многу дворови со дрвја, цвеќиња и фонтани.

Во Русија, која ја контролира спорната територија на Крим, објект е вклучен во списокот на културно наследство од федерално значење, додека во Украина објектот е споменик на културно наследство од национално значење.

Историја

[уреди | уреди извор]

Пред изградбата на палатата во Бахчисарај, седиштето на кримските ханови се наоѓало по долината на Ашлама-Дере. Кога долината станала тесна за ханот, било одлучено да се изгради палата на ново место. Изградба на палатата започнала во почетокот на XVI век, за време на владеењето на Сахиб I Гирај. Заедно со изградбата на палатата започнало и самата изградба на Бахчисарај.

Најстарите објекти на комплексот од дворецот се Големата ханска џамија и бањата Сари Ѓузел, кои датираат од 1532 година. Порталот Демир-Капа е датиран од околу 1503 година, но бил изграден на друго место, а потоа бил префрлен во палатата. За време на своето постоење, палатата била постојано доградувана или проширувана од владејачките ханови. Во времето на Девлет I Гирај ило изградено турбе, во времето на Ислам III Гирај - сала за состаноци и уште едно турбе, во времето на Бахадир I Гирај - дополнителен простор за официјални приеми, а во времето на Каплан I Гирај - Златна фонтана. Селаме II Гирај ја изградил летната резиденција, Арслан - медресатаитн.

Во 1736 година, за време на Руско-турската војна (1736-1739), фелдмаршалот Бурхард Кристоф Миних наредил запалување на главниот град и на самата палата. Пред тоа наредил да се направи опис на комплексот (кој е зачуван до денес). Од пожарот биле уништени најголемиот дел од дрвените структури, по што палатата била скоро целосно обновена[4]. Од оригиналните згради од XIV век биле зачувани Советот и Салата на Судот, Малата и Големата џамија и порталот Алевиз[5][6]. Реставрацијата на палатата започнала во времето на Селаме. Според Ф. Брун, новиот изглед на дворецот во голема мера го надминал стариот поради својот луксуз, а голем дел од материјалите биле испратени од Цариград, заедно со неколку видни архитекти и сликари, по што дворецот во голема мера бил копиран според луксузните ентериери на палатите во Цариград[5][6]. Де Сегир истакнал дека новиот дворец е изграден според моделот на Цариград, иако во помал обем. Интересно е тоа што голем број од отоманските дворци во Цариград се слични на Бахчисарај.

Откако Крим бил вклучен во составот на Руското Царство, палатата била во надлежност на Министерството за внатрешни работи. Последователните реновирања ги промениле отоманските ентериери и додале нови значајни споменици. На 20 мај 1787 година палатата била посетена од страна на Катерина II. Нејзиното доаѓање довело до реновирање на дворецот, и неколку простории биле реконструирани во стил на електрицизам со мешање на ориентални и европски дизајн[5][6]. Мебел бил донесен од Санкт Петербург, Москва и Цариград. Дел од мебелот бил на локално производство[7]. Денеска во музејот е изложена масата и креветот на кој спиела царицата Катерина II[8]. За реновирањето на дворецот поради доаѓањето на царицата, биле ангажирани 60 мајстори и 50 работници и биле издвоени 24.247 рубли. Катерина II поминала три дена во палатата. За време на патувањето таа била придружена од страна на австрискиот царот Јосиф II, како и од страна на францускиот, англискиот и австрискиот амбасадор заедно со делегацијата.

Во 1818 година, Александар I ја посетил палатата и за неговото доаѓање бил уништен харемот[9]. Во 1822 година, под раководство на архитект И. Ф. Колодин, палатата била реновирана. Михаил Кладо бил ангажиран во градежниот дел, а подофицерот Дорофеев бил ангажиран во сликарството. Како резултат на ова реновирање, оригиналниот изглед на палатата бил изобличен. Во насока на Колодин, Зимската палата, комплексот за капење и други згради биле исто така уништени[3]. На 9 септември 1837 година, палатата ја посетил Александар II, во придружба на неговиот учител Василиј Жуковски. За време на Кримската војна од 1854-1855, овде била сместена амбуланта.

Во 1908 година во палатата бил отворен музеј. Во 1912 година, палатата ја посетил Николај II со своето семејство. По октомвриската револуција од 1917 година во палатата бил отворен музеј за историја и култура на Кримските Татари. Од 1955 била историски и археолошки музеј на Бахчисарај, а од 1979 година била историски и архитектонски музеј. Во годините 1961-1964 била спроведена научна реставрација на фреските и архитектонски детали на палатата. Во текот на оваа реставрација, изгледот на палатата бил приближен до оригиналниот. Слоевите боја од вар биле отстранети.

Од октомври 2015 година, Ханската палата е објект вклучен во списокот на културно наследство од федерално значење на Русија[10].

  1. Олекса Гайворонский. „Бахчисарай — Ханский Дворец“. Официальный сайт музея. Архивирано од изворникот на 2012-01-31. Посетено на 30 април 2009.
  2. О музее см. „Художественный музей Бахчисарайского государственного историко-культурного заповедника“. Крым туристический. Министерство курортов и туризма Крыма. Архивирано од изворникот на 2008-05-12. Посетено на 30 април 2009.
  3. 3,0 3,1 Олекса Гайворонский. „Очерк истории ханского дворца“. Официальный сайт музея. Архивирано од изворникот на 2012-01-31. Посетено на 30 април 2009.
  4. Олекса Гайворонский. (2004). Страна Крым. Крымское ханство в лицах и событиях. Книга 1. Симферополь: Доля. стр. 94. ISBN 966-8584-60-0. Архивирано од изворникот на 2009-04-16. Посетено на 2018-05-07.
  5. 5,0 5,1 5,2 Бахчисарай и дворцы Крыма. Litres. 2017-01-12. стр. 313. ISBN 9785425069931.
  6. 6,0 6,1 6,2 „Ханский дворец (Бахчисарай) — путеводитель по отдыху в Крыму“. jalita.com. Посетено на 2017-02-17.
  7. Е. В. Нагаевская (1979). Бахчисарай (путеводитель). Симферополь: Таврия. Архивирано од изворникот на 2009-05-18. Посетено на 2018-05-07.
  8. „Бахчисарайский Дворец-музей — претендент в список ЮНЕСКО“. Республиканский комитет по охране культурного наследия Автономной Республики Крым. Архивирано од изворникот 2012-12-28. Посетено на 30 April 2009.
  9. В. Гарагуля. „Бахчисарайский дворец“. Жемчужина Крым. Архивирано од изворникот на 2012-01-31. Посетено на 30 април 2009.
  10. http://government.ru/media/files/XnNawtIgNdGfkAMwq9cweD5tE4N6miAy.pdf

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]