Томас Бекет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томас Бекет
  • Кантербериски архиепископ
Убиството на Бекет
ЦркваЛатинска католичка црква
АрхиепископијаКантербери
Назначен24 мај 1162
Службата завршила29 декември 1170
Редови
Ракоположен2 јуни 1162
Осветување3 јуни 1162
од Хенри Блоа
Лични податоци
Роден21 декември ок. 1119
Чипсајд, Лондон, Кралство Англија
Починал29 декември 1170 (возр. 50 или 51)
Кантербериска катедрала, Кент, Кралство Англија
ПочивалиштеКантербериска катедрала
Вероисповедкатолицизам
Родители
  • Гилберт Бекет
  • Матилда
Претх. служба
Грб{{{coat_of_arms_alt}}}
Светост
Слава29 декември
Почитуван од
Беатификацијаод папа Александар III
Канонизиран21 февруари 1173
од папа Александар III
Атрибутимеч, мачеништво
Заштитник наОксфорд, Портсмут, световно свештенство
ХрамКантербериска катедрала
Задушување на култот1538 (од Хенри VIII)

Томас Бекет (англиски: Thomas Becket; Лондон, 21 декември 1119/1120Кантербериска катедрала, 29 декември 1170) — кантербериски архиепископ од 1162 г. до неговата смрт. Тој е почитуван како светец и маченик од Католичката и Англиканската црква. Бекет дошол во судир со кралот Хенри II за правата и привилегиите на црквата и бил убиен од кралските следбеници во Кантербериската катедрала. Набргу по неговата смрт, папата Александар III го прогласил за светец во 1173 г.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Томас Бекет е роден во Чипсајд, Лондон, како син на трговецот Гилберт Бекет и неговата жена Матилда. Таткото на Томас бил син на витез; во младоста станал трговец, купил имот во Лондон и живеел тука од приходи од наем. Постои добро позната легенда дека мајката на Томас била муслиманска принцеза што го запознала Гилберт за време на неговиот аџилак во Светата Земја, го следела до Англија и таму била крстена. Утврдено е дека легендата нема основа и настанала три века по смртта на архиепископот. За влијанието и богатството на семејството Бекет може да се суди по тоа што Гилберт и Матилда биле погребани во катедралата Свети Павле. Друга легенда ги нарекла родителите на Томас царот на Светото Римско Царство Хенри V и наследничката на англискиот престол, Матилда.[1]

Томас Бекет го добил своето почетно образование во витешки дух под водство на пријателот на неговиот татко Рише де л’Егл, а основното образование во лондонскиот манастир Мертон. Потоа студирал граѓанско и канонско право на Парискиот и Болоњскиот универзитет. По враќањето во Англија во 1142 г., Бекет стапил во служба на кантерберискиот архиепископ Теобалд и наскоро станал еден од неговите дејствувачки помошници. Во 1148 г., Бекет го придружувал Теобалд на Советот во Ремс; во 1152 г., тој бил претставник на надбискупот во Рим и добил од папата порака со која се забранува крунисувањето на синот на Стефан Блоа. Во 1154 г., Бекет станал протоѓакон на Кантербери, а потоа, по препорака на Теобалд, новиот англиски крал, Хенри II, го назначил Бекет за канцелар.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Barlow "Becket, Thomas (1120?–1170)" Oxford Dictionary of National Biography
  2. Fryde, et al. Handbook of British Chronology p. 84.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]