Прасловенски јазик: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Нема опис на уредувањето
Ред 14: Ред 14:
{{словенски јазици}}
{{словенски јазици}}


[[Категорија:Лингвистика]]
[[Категорија:Мртви словенски јазици]]

[[Категорија:Словенски јазици]]
[[Категорија:Мртви јазици во Европа]]
[[Категорија:Мртви јазици на Балканот]]
[[Категорија:Мртви јазици на Словените]]


[[an:Idioma protoeslavo]]
[[an:Idioma protoeslavo]]

Преработка од 18:20, 10 мај 2010

Прасловенскиот јазик е прајазикот од којшто произлегуваат старословенскиот и покасно сите други словенски јазици. Се зборувал пред 7 век. Прасловенскиот произлегол од хипотетичкиот индоевропски прајазик.

Прасловенскиот јазик не е документиран писмено и затоа во научните истражувања е реконструиран преку аплицирање на компаративно-историскиот метод врз најстарите текстови напишани на старословенски јазик и другите најблиски индоевропски јазици – балтички и германски.

Потекло

Според некои лингвисти, прасловенскиот јазик се појавил пред 1 илјадалетие пр.н.е. Спорно е дали се одделил директно од индоевропскиот јазик или се одделил покасно од прабалтословенскиот јазик.

Територија

На прасловенски јазик се зборувало во прататковината на Словените, која се наоѓала според полскиот славист Тадеуш Лер-Сплавински во земјите меѓу Одра и Висла, според рускиот славист Федот Петрович Филин (19081982) – во териториите меѓу среден Днепар и западен Буг, на југ од Припјат и на север од крајцрноморските степи, а според бугарскиот проф. Иван Леков – на широка територија од Днепар до Висла, со динамични граници, слаба дијалектна диференциација и двонасочни миграции.