Ристо Лазаров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ристо Лазаров, роден на 3 октомври 1949 година во Штип, НР Македонија. Дипломирал југословенска книжевност со македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Пишува поезија, театарска и литературна критика.[1] Живее и работи како новинар во Скопје. [2]

Творечки Опус[уреди | уреди извор]

Ги објавил следниве одделни книги поезија:

  • „Ноќна птица во паркот“ (1972),
  • „Јана“ (1980),
  • „Гроџен кикот“ (1983),
  • „Капки кисела вистина“ (1985),
  • „Лето преку океанот“ (1988),
  • „Горјан во Дорјан“ (1988),
  • „Точка на вриење“ (1990),
  • „Од Битола појдов“(1993),
  • „Одвајнадежна“ (1993),
  • „Силјан штркот уште еднаш ја облетува Македонија“ (1995),
  • „Херакле“ (1998),
  • „Колумбо“ (2000),
  • „Тројца за преферанс“ (2001),
  • „Одмолчена“ (2003),
  • „Ненадејна“ (2005),
  • „Чехопек“ (2006),
  • „Среде“ (2008),
  • „Сонот на коалата“ (2009),
  • „Кревалка“ (2011),
  • „Ситночекорка“ (2012),
  • „Светилничар“ (2013).

Објавил и три избора од поезијата на македонски јазик: „Одрони“ (1988), „Јаве“ (1998) и „Жива рана“ (2008). Неговите книги се преведени на албански, англиски, бугарски, руски, словенечки, српски и чешки јазик.

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Ристо Лазаров е добитник е на следните награди во областа на литературното творештво:

Во областа на новинарството ги добил врвните државни награди „Мито Хаџи Василев - Јасмин“ (1975) и „Крсте Мисирков“ (1982).

Професионален ангажман[уреди | уреди извор]

Ристо Лазаров е застапуван во повеќе антологии на македонската и југословенската поезија. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Македонскиот ПЕН центар. Од 2006 година е претседател на Македонскиот ПЕН центар. Бил генерален директор на југословенската новинска агенција „Танјуг“. Сега е директор и главен уредник на Телевизија Телма.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. * Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 135.
  2. http://ristolazarov.com/bio/bio.php
  3. http://www.skopje.gov.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=536
  4. http://utrinski.mk/?ItemID=B441844C708C07448BB58D43D72EB051
  5. Доделување на наградата 11 Октомври на семрежното место на Собранието на Република Македонија