Разговор со корисник:Raso mk/Архива 2

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Иницијатива[уреди извор]

Иницијатива
Wikipedia-logo-20,000.png          Здраво, Raso mk/Архива 2!
Како што веќе можете да видите, се приближуваме кон бројот 20 000 статии и како резултат на тоа ве информираме за следната иницијатива. Имено, дорбредојдени би биле вашите уредувања за создавање нови статии според зададените стандарди на Википедија со што во кратко време би ја достигнале саканата цел. 20 000 статии ни се неопходни за започнување на Википедија:ВикиПроект Вести и за понатамошна успешна афирмација на македонскиот јазик и македонската Википедија. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

НБРМ18:29, 16 септември 2008 (UTC)


Проблеми со авторските права за Слика:ASNOM Halle.jpg[уреди извор]

Проблем со авторските права

Ви благодариме за подигнувањето на Слика:ASNOM Halle.jpg. Меѓутоа, моментално недостигаат информации за статусот на авторските права врз неа. Википедија многу сериозно ги сфаќа авторските права. Доколку не се одреди лиценцата и изворот на сликата, можно е таа да биде избришана во краток временски рок. Ако ги знаете овие информации, можете да додадете ознака за лиценцата на страницата за опис на сликата.

Ако имате било какви прашања, слободно прашајте ги на Википедија:Прашања за авторски права. Ви благодариме за соработката. --Brainmachinewtf? 20:03, 11 октомври 2008 (UTC)

Јас така ја сфаќам лиценцата. Незнам на што мислиш?--Raso mk (разговор) 20:06, 11 октомври 2008 (UTC)
Ок, престани да праќаш слики под тој шаблон. Иако тој дел од законот на Р. Македонија дава можност на дела чии права се сопственост на некој автор да се искористат и без негова дозвола за едукативни цели, Викимедија Фондацијата, под чија надлежност е Википедија, дозволува употреба само на слики кои се слободни (што значи се лиценцирани ли под ГЛСД или под Creative Commons) и се со можност за слободно редистрибирање и модифицирање за комерицијални или некомерцијални цели; или слики за кои авторот специфично се откажал од нив, односно слики кои се во јавниот домен. Во многу, многу, многу исклучителни случаи (на пр. лого на компанија), каде што не постои можност за слободна алтернатива, а е важно да се илустрира темата, тогаш важи американскиот закон за праведна употреба, само ако сликата не е заменлива. Затоа таа лиценца не може да важи. Оти Википедија не е под законот на Р. Македонија, туку под принципите на Викимедија и под федералните закони на сојузната држава Флорида, која ги хостира серверите. --Brainmachinewtf? 20:41, 11 октомври 2008 (UTC)
Peace man, peace!!! Како прво таков шаблон не постои само на оваа вики, туку и на многу други. Пример Филипините имаат ист таков шаблон. Ако дојде до тужби, законот е на „наша“ страна бидејќи тие слики се користат само на мк вики, односно на проект кој има за цел стекнување информации од општо значење (на македонски јазик, поими и сл.) Сепак не е мое да решавам сам, туку дај нека се отвори тема и да се реши тоа. Вака читам едно, а се мисли на друго. --Raso mk (разговор) 20:58, 11 октомври 2008 (UTC)
Знам на што мислиш, пред некое време јас започнав дискусија на ВП:ПЗАП за овој шаблон, но никој не ми одговори. Проблемот е што според овој шаблон, законот ни дава за право да ги користиме/оправдаме сите можни слики, без разлика на тоа кој е поседувачот на правата врз нив, а тоа се коси со принципите за содржина која слободно ќе се редистрибуира и менува. Можеби ќе оправдаме слободна употреба, но Џимбо Велс и компанија сакаат сликите да можат и да се менуваат по желба. Ќе истражам што е можно повеќе на оваа тема, ти ветувам. Во меѓувреме не го користи шаблонот, додека не разјасниме. Поздрав, Brainmachinewtf? 21:13, 11 октомври 2008 (UTC)
Ок. Ајде ќе апстинирам малку. Иако е тешко :-(

АПДЕЈТ: Ситуацијата со шаблонот[уреди извор]

Се разви дискусија на en.wiki. Види en:Wikipedia:MCQ#Image:Bulgarian_police_Macedonia_1942.JPG, en:Template:Free use RM (ова е шаблонот, а е предложен за бришењe овде). Патем, јас имав проблеми со компјутерот во последно време (ми прегоре RAM меморијата) и не бев во можност да се вклучам малце поактивно. Поздрав, Brainmachinewtf? 22:07, 21 октомври 2008 (UTC)

Ќе почекаме и ќе видиме што ќе излезе од сето тоа.--Raso mk (разговор) 22:19, 21 октомври 2008 (UTC)

Предлог[уреди извор]

Здраво. Имам една идеја, па мислам дка би можеле да ја реализираме. Мислам едка би можеле статиите за Македонците во светот да ги прошириме со што ќе пишуваме за Македонците во секоја земја за која имаме податоци поодделно, а и за влијанието на македонските културни белези низ светот. Тоа ќе го предложам и во проектот, и мислам дека ќевроди со плод. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:54, 12 октомври 2008 (UTC)

Идејата е супер. Ми се допаѓа. Патем честитки за статусот. позз--Raso mk (разговор) 11:00, 12 октомври 2008 (UTC)
Благодарам за честитката, па ајде наскоро е тебе администратор ќе те правиме. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:56, 12 октомври 2008 (UTC)

Граматичка забелешка[уреди извор]

Рашо, поздрав. Имам една мала граматичка забелешка до тебе - имено, секогаш кога се наведува името на некое езеро+зборот езеро, и двата збора се пишуваат со голема буква. Така е и со, на пример, Охридско Езеро, Шар Планина, Скопска Котлина и сл. Поздрав, ова е добронамерна колегијална забелешка. Boyan (разговор) 16:51, 19 октомври 2008 (UTC)

Ок! Ќе имам во предвид. Сега убаво го прочитав правописот--Raso mk (разговор) 19:45, 19 октомври 2008 (UTC)

За статијата[уреди извор]

Здраво. Се разбира дека може. Јас тоа го одобрувам. Истото се има случено и кога погина Тоше Проески (извини за примерот). Статијата беше заменета со онаа на главната страница. Само во разговорот за главната страница запиши нешто како передупредување. Ајде само напред, мпа може и некое проектче за празнициве дља се направи. ПОзз.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:28, 22 октомври 2008 (UTC)


Главна страница-Избрана статија 2008 / седмица 43[уреди извор]

Здраво Рашо, не знам дали имаш некаква согласност со некој за промена на избраната статија на главната страница, ама избрана статија со многу гласови беше "Сицилијанска одбрана". Не дека имам нешто против твојава статија, ама инсистирам на доследно почитување на договорените правила за избор. Те молам доколку е избраната статија променета без некаква процедура, да ја вратиш на претходната. Наскоро ќе имаме вести па таквите дневни промени ќе можеме да ги правиме таму. Поздрав, --Црноризец (разговор) 22:32, 22 октомври 2008 (UTC)

Здраво. Како прво јас го прашав администраторот Кирил и тој се согласи и ми дозволи. Како и да статијата ќе седи само на денешниов ден, а после тоа ќе се врати сицилијанската одбрана. Поради празникот направив така. Тоа го образложив и на разговорот за главната страна. И јас сум за да се почитуваат правилата, но ете, тоа е тоа.--Raso mk (разговор) 22:36, 22 октомври 2008 (UTC)
Рашо, администраторот Кирил не е сопственик на мк.вики. Ако нешто сме договориле и сме го почитувале до сега, не е добро да се менува без заеднички договор. Прави како сакаш, не е добро да ги кршиме правилата кои сами сме си ги поставиле. over&out --Црноризец (разговор) 23:37, 22 октомври 2008 (UTC)
АЛОООООООО!!!! НЕ МОЖЕ ВАКА!!! НЕМА СКОКАЊЕ ПРЕКУ РЕД!!!! Рашо, уште еден ваков каскадерски трик и ќе те блокирам, жити сѐ. Btw, Кирил го одобрил ова?!?! WTF?! Отсега ново правило: страниците кои се трансклудираат на главната страница ќе ги ставиме под каскадна заштита. Научете се да работите како заедница со правила. Инаку, оф топик, за тој шаблонот што ме праша, ќе треба доста време да се средува, 105 kb е долг и има мноооооогу променливи. :S Не ти ветувам ништо, но ќе се обидам. Ќе треба секојдневно на тоа да се поработи. --Brainmachinewtf? 01:39, 23 октомври 2008 (UTC)
Здраво. Навистина извини ми за превидот што го направив. Не знаев дека толку негативно ќе се одрази. Целосно ја преземам одговорноста. Во секој случај празник е и ќе си остане. Најважно е кој колку го почитува. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:13, 23 октомври 2008 (UTC)
Ајде нема врска, било и поминало. Некој погрешно сфатил. --Raso mk (разговор) 16:52, 23 октомври 2008 (UTC)
Сепак гледам дека има интерес во многу од нас за избраната статија. Наскоро ќе биде готов ВикиПроект Рецензија, па многу работи ќе бидат разјкаснети. А, за идните празници и јас ќе ти помогнам на време да биде предложена, а ако треба и заедно ќе ја уредувваме. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:00, 23 октомври 2008 (UTC)
Останува сега 8 декември да се среди како празник. Има време. малку по малку--Raso mk (разговор) 17:08, 23 октомври 2008 (UTC)

Рашо, сакам да ти се извинам за моето претходно нервозно избувнување. Мојата реакција беше премногу претерана и не беше на место. Требаше само да ти објаснам на смирен начин дека не можеме така да преферираме статии и да скокаме преку ред, но не бев при себе и почнав да се дерам во caps lock. Те молам, прости ми. Ветувам дека вакво нешто нема да ми се повтори. --Brainmachinewtf? 18:33, 23 октомври 2008 (UTC)

Ok! Е кога ќе ми го средиш шаблончето за што те замолив, тогаш целосно ќе ти простам. :-) --Raso mk (разговор) 19:48, 23 октомври 2008 (UTC)

Работа[уреди извор]

Здраво, Рашо. Некако уште под влијание на критиките сум, но да се работи мора. Што викаш да средиме и нешто а денот на дрвото, па макар и да не биде избрана за статија на неделата. Гледам дека уреди одлични статии за будизмот, па би можело и од таму наскоро да се исцрпи нешто како израна содржина? Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:47, 24 октомври 2008 (UTC)

Одлична идеја за дрвото. Кажи ми само дали има некој посебен ден за тоа (за да прикупим податке) или се слави во зависност од тоа дали е собрано доволно расад :-). Ова со буди, хиндуизам и Индија го правам за да соберам доволно материјал и да и направам една чест на Индија, што ете така и текна да ни го признае името. позз--Raso mk (разговор) 21:09, 24 октомври 2008 (UTC)

Предлог: „Википедија: Рецензија“ и систем за оценување на квалитетот на статиите[уреди извор]

Здраво! Те повикувам да го разгледаш овој предлог. Прашањето е отворено за дискусија. Благодарам, Brainmachinewtf? 11:44, 25 октомври 2008 (UTC)

Награда[уреди извор]

BoNM - India.png Индиска ѕвезда за напорна работа
Јас,  MacedonianBoy  Oui?, ти доделувам тебе, Рашо мк, индиска ѕвезда за напорна работа и за твојот придонес за создавање нови статии поврзани со индиската култура, нација и историја. Продолжи така!

Благодарам[уреди извор]

Благодарам, пријателе. Гледам дека моментално уредуваш статии за Индија. Јас штотуку средив едно порталче кое бара да се пополнат секциите. Сега треба нешто да средам со една специјална страница, па би те замолил ако може нешто да направиш во пополнувањето на порталот. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:22, 25 октомври 2008 (UTC)

Ок. Само да досредам некои страници и ќе го пополнам. --Raso mk (разговор) 23:25, 25 октомври 2008 (UTC)

За мотото на Индија[уреди извор]

За страницата за мотото на Индија, јас ја преместив со име како насловот на македонски, бидејќи мислам дека насловите на латиница започнавме да ги исфрламе од употреба. Сепак, подоцна забележав дека мотата (мотоа, како е правилно не знам, го сретнав и на двата начини напишано) на нашата википедија носат латинични имиња, односно статиите за нив. Бидејќи другите википедии имаат латинично писмо не е проблем статиите да имаат наслов на латиница, но сметам бидејќи нашата е кирилична, а нема смисла да го пишуваме кирилизирано странскиот изговор, статиите да го носат името како што е преводот на македонски. Мислам дека ќе се сложиш. А уште една работа, мотото на Индија на македонски би било 'само вистината победува' a не 'вистината сама победува'. Се надевам дека не ти пречи што го сменав. Впрочем, така гласи и преводот на унгарски. Е сега за тоа со насловот мислам дека треба да го разговараме подетално, но сметам дека е подобро за око на кирилица и преведено.

гитардэмон  говори со мной  17:21, 26 октомври 2008 (UTC)
Јас нислев да го ставам името на кирилица, но видов дека сите мотоа напишани на македонски се со латиница и во оригинална форма, па така и го ставив. Инаку треба дискусија. --Raso mk (разговор) 17:56, 26 октомври 2008 (UTC)

Википедија:викиПроект Рецензија[уреди извор]

Здраво! Ве, известувам дека на македонски јазик започнува со работа ВикиПроектот Рецензија. Доколку сте заинтересирани слободно може да станете член од овој проект. Исто така сакам да истакнам дека квалитетот на работата на Википедија на македонски јазик може многу да се подобри со членувањето во различните ВикиПроекти и следењето на начелата и критериумите пропишани во нив. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:56, 28 октомври 2008 (UTC)

Discussion[уреди извор]

Hi, I'm writing you in English cause I know from your participation on other projects that you can understand it. If I chose Bulgarian you'd refuse to communicate, no matter that when you edit the BG wikipedia you don't discuss matters on the language itself. But no matter, I want to know - What is your problem, man? You simply revert just like that. You don't have any references, you don't make even the slightest effort to discuss anything, you don't abide to a single wiki rule that on theory should work on this wikipedia as well. What's the reason for this? If you think the fact tags were misplaced you could've easily added a ref. But the statements themselves were so ridiculous that you couldn't find a ref for them, could you? Were there any Macedonian (as defined by the current state) participants in a war that was not in the region? And at a time when there was no such country? And the other issue - since we have the official census data from the province and it is mentioned elsewhere, and there is no ref to that table for more than half an year, why do you revert? Only cause you simply have to revert every Bulgarian contributor? Is this the reason? Cause there is no, absolutely no logical explanation to your actions besides blind hatred. Oh, and I appreciate it if you keep personal insults for yourself. I've got more than enough of those from your over time, there's no need for more. Thank you. --Laveol (разговор) 02:10, 4 ноември 2008 (UTC)

Wow Лавеол лично и персонално. Каква чест. Како прво за ревертирањето, кое го научив од тебе. Мислам дека треба јас тебе да те прашам. Ти ме следиш на секој вики проект и ме ревертираш. Кажи ми барем една статија на англиската вики на која јас сум чепнал нешто, а ти не си сменил нешто после мене? Второ за руско-турската војна. Ако си решил да ставаш факт таг, направи го тоа за сите држави, а не само за Македонија. И да знаеш дека ќе продолжам да те ревертирам се додека ти не ставиш референци за сите тие земји. И трето не се грижи ти толку, јас за сето ова време добро те научив и ја знам твојата цел на википедија. Е па друже не може да постои википедија без нас македонците. Сите ја знаат твојата цел, а таа е да не нема нас. Со таа твоја глупост само си создаваш непријатели и си го уништуваш имиџот на твојата земја и воопшто на бугарите. Кажи ми дали постои барем еден википедијанец како тебе кој е толку загрижен за една соседна земја, и кое 99% од уредувањата се нарушување на угледот на соседната земја. Затоа еве јас те прашувам тебе која е твојата цел на википедија? Да докажеш дека нема македонци? Дека Македонија е бугарска? Е нема. И уште нешто. Ти си најголемиот подлизурко што сум го сретнал до сега. Нема ден а да не искодошиш нешто кај админите или кај некој грчки корисник. лол, лол, лол --Raso mk (разговор) 08:43, 4 ноември 2008 (UTC)
Ha ha ha, as I've already told you - you're not funny. I've tried to have a normal conversation with you, n\but it never happens cause every time you resolve to insults. Whether this comes from somesort of insecurity or even a deeper problem, I don't know. Also, I coud\ld not possibly erase Macedonians or do something of the sort (nor do I want to), but I cannot help it when they write obvious lies and don't even want to abide to a single rule. We have the same problem here in BG and that's why we're on this "дередже". And why do you say "глупости" when acy\tually you're the one adding lame stuff and not defending it with anything. You're supposed to be a scientist, a linuist, don't you know how to defend a thesis? Haven't you ever done it? And you clai to know me well, cause you've dug up my Skype? Now that's a LOL. --Laveol (разговор) 11:01, 4 ноември 2008 (UTC)
Skype нема врска. Јас те знам од предходно. На скајп не ти го пишува името и датумот на раѓање. па дури и бројот на личната карта. и сл. позз и имај пријатен живот. И ослободи се. Вака ќе липсаш еден ден од омраза. --Raso mk (разговор) 16:18, 4 ноември 2008 (UTC)

20 000[уреди извор]

Да да, јас сум, и баш сум среќен што јас ја напишав 20 000 статија на македонската википедија. Таа статија е Џамија Маријам Замани Бег која за жал е никулец, но ќе пораснеме во иднина и ќе се трудиме да има поквалитетни статии на македонската википедија. Фала многу за наградата поздрав голем.--Астрион (разговор) 19:16, 5 ноември 2008 (UTC)

Raso mk, јас ја напишав 20 000 статија но неможам да си ја вметнам во мојата страница, незнам што е работата и каде грешам. Ај ако сакаш помагај:))))
Ветено-сторено, Фала, Фала

Грешка во шаблон[уреди извор]

Здраво Рашо, сакам да те прашам околу статиите за џамите... На крајот од секоја статија ми останува плус име на статија на англиски или слично, и најверојатно проблемот ми е во шаблонот. Па ако сакаш или пиши ми или поправи ја ако е ситна. Еве еден пример Џамија Транкверах

Brest беше побрз.--Raso mk (разговор) 21:14, 6 ноември 2008 (UTC)

Иницијатива 22,222[уреди извор]

Иницијатива 22.222
         Здраво, Raso mk/Архива 2!
Голема благодарност за Вашите придонеси во остварувањето на бројката од 20 000 статии на Википедија на македонски јазик. Но, сепак тоа веќе е минато, а мора да се стремиме кон иднината, па затоа покрената е нова иницијатива, според која очекуваме бројот на статии на Википедија на македонски јазик да ја достигне бројката од 22 222 до крајот на оваа година. Во време кога македонската Википедија е под револууционерни промени, кога очекуваме започнува со работа и ВикиПроектот Рецензија кој ги дава насоките во оценување на квалитетот на статиите, од особено значење е да се постигне многу и во зголемување на бројот на статиите. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

Yes check.svgОкВи благодариме за Вашите придонеси во остварувањето на целите на иницијативата.

--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 9 ноември 2008 (UTC)

Нов шаблон[уреди извор]

Фала, фала, ќе го вметнам во моите провинциски никулци. Поздрав--Астрион (разговор) 19:53, 11 ноември 2008 (UTC)

Те молам ако сакаш да пополниш еден шаблон, еве од првата Агри(покраина) на пример, оти повеќе пати сум кажал дека по техника не ме бидува. И дали може англискиот да се користи оти мислам дека е по опростен. Уште нешто, имаме ли никулец-Турција?--Астрион (разговор) 21:22, 11 ноември 2008 (UTC)

Благиодарност[уреди извор]

Здраво, Рашо. Навистина сакам да ти се заблагодарам за вклучувањето во новата иницијатива. Навистина ни требаат голем број на статии поврзани со геогхрафијата, а шаблоните добро ќе ни дојдат. Јас средив во неколку други области, а и започнав д уредувам. Добив пораки и од другите корисници. Баш ми е мило, што еднаш вака се организиравме. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:34, 11 ноември 2008 (UTC)

Кирил во последно време и немам баш многу време, покрај сите обврски. Со задоволство би се вратил на времето кога пишував и по 10 статии на ден. Но сепак ќе се обидам да бидам со барем една статија на ден.--Raso mk (разговор) 20:45, 11 ноември 2008 (UTC)

Фала ти народе за подршкарта. Поздрав--Астрион (разговор) 14:19, 12 ноември 2008 (UTC)

Иран[уреди извор]

Абе нели рековме по азбучен ред провинциите... Ајде нема врска ќе се потрудам да ги уредам :) Поздрав!

п.с. кај си, те нема... :)

гитардэмонговори со мной √ 19:44, 13 ноември 2008 (UTC)

Абе било ко ги пишеше ти за Иран :) ама нема врска ајде било поминало ќе ги суредам :) :)

гитардэмонговори со мной √ 21:42, 13 ноември 2008 (UTC)


Аеродром Матавери[уреди извор]

Страницата е креирана, поздрав LazialeStojakovo (разговор) 23:18, 24 ноември 2008 (UTC)

A што е толку карактеристично за овој аеродром, ако може да знам, зошто баш овој ти треба? Поздрав, LazialeStojakovo (разговор) 23:32, 24 ноември 2008 (UTC)

За св.Климент[уреди извор]

Здраво, Рашо. Мислам дека може неделава да се почне и да се среди статијата за 8 декември. Мислам дека ќе се погоди. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:54, 1 декември 2008 (UTC)

Location map[уреди извор]

Здраво Рашо. Има ли проблеми сега со Location map-от? Оти правев некои поправки и некако мн. зафркнат ми стои сега целиот шаблон-инфокутија за населени места. Особено се јавува една сина лента под името со __ | __ и не знам како да ја отстранам. --Brainmachinewtf? 00:06, 8 декември 2008 (UTC)

Абе видов и јас. Мислев да ти пишам. Незнам и јас во што е проблемот. А дали уредување нешто во инфокутијата? Можеби таму лежи зајакот.--Raso mk (разговор) 00:09, 8 декември 2008 (UTC)
Сега на некој начин, сите инфокутии магично се поправија! :D Дури ја снема и таа сината лента што се појавуваше. А освен ти што смени Motto -> Мото, други покрупни промени нема. Ај па сега! Важно ок е, ја оправивме работата. --Brainmachinewtf? 18:23, 11 декември 2008 (UTC)
Супер. Сега е се како ято треба. Позз--Raso mk (разговор) 20:45, 11 декември 2008 (UTC)

Иницијатива за квалитетни статии[уреди извор]

Иницијатива
Cscr-featured.svg          Здраво, Raso mk/Архива 2!
Сакам да Ви се заблагодарам за досегашната помош во остварувањето на целите на иницијативите на Википедија на македонски јазик. Инцијативата за квалитетни статии има за цел е новиот предизвик, кој бара подобрување на квалитетот на постоечките статии, правејќи ги поверодостојни и обемни за да го привлечат вниманието на читателот. Во функција е и ВикиПроектот Рецензија со рецензијата која овозможува ситни промени во статиите. За повеќе информации видете:Википедија:ВикиПроект Квалитетни статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 01:41, 13 декември 2008 (UTC)

Иницијатива 25.000[уреди извор]

Иницијатива
         Здраво, Raso mk/Архива 2!
Сакам да Ви се заблогадарам за големиот придонес во достигнувањето на бројката од 22 222 статии на Википедија на македонски јазик. Пред нас е нов предизвик, а тоа е постигнувањето на бројката од 25 000 статии. Имено, сакам да Ве повикам во интензивното уредување на нови статии, со што за краток период би ја достигнале и оваа бројка, со што би добиле енциклопедија, која во вистинско светло го афирмира македонскиот јазик. За повеќе информации видете: Википедија:ВикиПроект Нови статии Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 01:41, 13 декември 2008 (UTC)

Награда[уреди извор]

Barnstar of National Merit.svg Малезиска ѕвезда за напорна работа
Јас, Корисник:Kiril Simeonovski, ти доделувам тебе, Raso mk, малезиска ѕвезда за твојата напорна работа и за твојот огромен придонес за создавање нови статии поврзани со Малезија. Само напред!--Kiril Simeonovski (разговор) 02:26, 13 декември 2008 (UTC)

Мислам малезиско=нидиска ако може. Сепак, нека биде малезиска, бидејќи гледам дека има индиска. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:30, 13 декември 2008 (UTC)

За сликите[уреди извор]

Во ред, ќе ги поправам работите. Раптор (разговор) 12:07, 13 декември 2008 (UTC)

Re:Geobox[уреди извор]

Еј, свесен сум за Geobox дека не е ок, јас преведов половина од поимите во главниот, но не можам да го преведувам сега. Ќе бидам отсутен до крајот на годината од Википедија. Тој повикува некои дополнителни шаблони кои ние ги немаме (на пр. оној за претварање километри -> милји, ако се сеќаваш), но не знам кои се сите. Ако можеш пробај ти да го средиш, јас не можам сега. --Brainmachinewtf? 21:38, 16 декември 2008 (UTC)

Не е до километрите и милјите. Тоа го средив. Се функционира добро. Само со сликата е проблемо. Ама ок е ако немаш време. Кога ќе можеш види. Ај така. позз--Raso mk (разговор) 21:41, 16 декември 2008 (UTC)

Превод[уреди извор]

Здраво Рашо, би можел ли да ми го преведеш зборот Square, кој се однесува за некаква градба, на пример http://en.wikipedia.org/wiki/Jerusalem_City_Hall. Не знам дали е како еден вид плоштад или шо знам ходник не ми се верува???--Астрион (разговор) 17:10, 18 декември 2008 (UTC)

Square може да биде:
  1. квадрат; четириаголник
  2. плоштад;
  3. четвртест дел (од нешто);
  4. квадрат од број;
  5. четвртест; - правоаголен; - кој е под прав агол; - правилен,точен,среден или
  6. подмирува
Така да во овој случај,тоа е дефинитивно плоштад. --Raso mk (разговор) 17:51, 18 декември 2008 (UTC)
фала, фала, и јас мислев на тоа,поздрав--Астрион (разговор) 18:02, 18 декември 2008 (UTC)

Етничка припадност на Христо Силјанов[уреди извор]

Ево што сведочат изворите, наведени во статиjата:

1. Силјанов говори за македонски Бугари, за бугарски села на македонските простори. Наместа го употребува и терминот Македонци, но очигледно во географска смисла - "Македонците крем на бугарското опшество" (9), "Утрински весник", број 2865, четврток, 18 декември 2008.
2. Без разлика на пробугарската ориентација на авторот... - "Дорасветлување...", "Утрински весник", број 1232, 30 jули 2003.
3. "Тој има македонско потекло, но сепак е бугарски интелектуалец", рече д-р Катарџиев... "Книгата на Силјанов "филмско сценарио"..." - Утрински весник", број 1143, 12 април 2003.


За Силjанов македонското население било бугарско, а поjмот Македонец бил не етнички, а географски. Не е можно на основа на такви извори да се уредува во смисла дека Силjанов бил етнички македонец и не бил Бугарин. Сите тие горенаведени статии се македонски, така што овде нема бугарска пропаганда и слично. Зошто уредуваш во конфликт со изворите и не учестваш на страницата за разговори пред да бришеш веродостоjни текстови? Биди поздравен, Boban Krumeski (разговор) 18:58, 18 декември 2008 (UTC)

Бугарска инвазија[уреди извор]

Нема проблем, јас ќе се справам со тоа. Само кажи ми каде се одвива и на што насрнуваат и (по можност) кои се. Се друго остави на мене. Фала на известието, би те молел и друг пат да ме известуваш. Поздрав --Б. Јанкулоскиразговор 23:01, 21 декември 2008 (UTC)

Мал кураж[уреди извор]

Defender of Macedonian identety- lion.PNG Македонска ѕвезда за национална гордост
Јас, MacedonianBoy, ти доделувам награда за национална гордост со за твоите лавовски напори за унапредување и подобрување на темите за Македонија, македонскиот народ, култура и историја.
Фала. Ај сега дај му на Стан иста таква како на Крумче. А и на Ли4ката да не се налути.--Raso mk (разговор) 23:18, 21 декември 2008 (UTC)
Крумче си доби тоа што требаше а другите кои ти се?-- MacedonianBoy  Oui? 23:20, 21 декември 2008 (UTC)

За Христо Силјанов[уреди извор]

Иако не сум сосема упатен во спорот, не гледам ни зошто е толку комплициран. Ако е докажливо дека Христо Силјанов етнички Македонец, тогаш апсолутно мора да стои како таков, без разлика на тоа како се чувствувал (генетиката не прашува за мислење). Доколку тоа не можеме да го докажеме, но сепак чувствуваме дека е спорно, тогаш статијата привремено ќе се заклучи, со ознака дека тоа се должи на спор во врска со содржината кој треба да се разреши пред да се дозволи примена на решеното. Така сите ќе можат со лезет да вршат истражувања, да бараат извори и да ги дискутираат истите. А што се однесува до тоа како се чувствувал, тоа можете исто така да го дискутирате на долго и широко, но дотогаш статијата ќе мора сосема да се замрзне, пред да се решат и етничката припадност, и личната ориентација.

Информирај ме што заклучивте - дали дојдовте до некое привремено решение или да ја блокирам статијата со ознака за спор. --Б. Јанкулоскиразговор 09:47, 22 декември 2008 (UTC)

Да почекаму уште малку да се изнесат и македонските извори, за страната да не личи на софиска библиотека. Мислам дека Виолетова се нафати да изнесе некои факти.--Raso mk (разговор) 22:31, 22 декември 2008 (UTC)
Не е докажливо, како не е докажливо, дека Ху Џинтао е монголец! Нема значение как се чувствуват, Силянов е бугарин, Ху Џинтао е 漢人 (не знам словото овде, китаjец?). Bogorm (разговор) 15:33, 22 декември 2008 (UTC)

И за Чешка[уреди извор]

Награда[уреди извор]

BoNM – Czech Republic2.png Чешка ѕвезда за напорна работа
Јас, Корисник:Kiril Simeonovski, ти доделувам тебе, Raso mk, чешка ѕвезда за твојата напорна работа и за твојот огромен придонес за создавање нови статии поврзани со Чешката Република. Само напред и среди ги сите статии!--Kiril Simeonovski (разговор) 21:53, 22 декември 2008 (UTC)

Ова е за статиите за Чешка. Има за сите држави, не се секирај:) Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:53, 22 декември 2008 (UTC)

Фала многу. Ќе биде се!--Raso mk (разговор) 22:32, 22 декември 2008 (UTC)

рангирање[уреди извор]

Здраво Raso mk, можеш ли да ми кажеш каде е листата на википерии за тоа кој колку има напишано--Астрион (разговор) 16:25, 27 декември 2008 (UTC)

Мислиш за тоа колку статии ти си напишал?--Raso mk (разговор) 16:31, 27 декември 2008 (UTC)
Не, не туку македонската, бугарската, српската и.т.н. википедија--Астрион (разговор) 16:34, 27 декември 2008 (UTC)
Па кога ќе одиш на секоја википедија на скорешни промени, тука некаде пишува колку статии има дотичната википедија. Додека гледаш таму, јас ќе ти ја најдам ранг листата. Момент само--Raso mk (разговор) 16:36, 27 декември 2008 (UTC)
Еве ти ја листата тука, само незнам колку е апдејтувана и колку податоците се „фришки“. --Raso mk (разговор) 16:39, 27 декември 2008 (UTC)
Фала ти многу, така чисто сакав да видам кој за дека е. Поздрав--Астрион (разговор) 22:17, 27 декември 2008 (UTC)

Слики[уреди извор]

Здраво, Рашо. Вчера и денеска сум подигнал кажи-речи сите нови слики на Весна. Види ми придонесите на ризницата и ги стави во мк вики.--Мико (разговор) 13:51, 28 декември 2008 (UTC)

Важи. Ќе ги ставам. Секако подигнав една иницијатива тука. Сепак фала за информацијата--Raso mk (разговор) 13:55, 28 декември 2008 (UTC)
Каква иницијатива?--Мико (разговор) 13:58, 28 декември 2008 (UTC)
Па гледам дека на комонс има многу слки за Македонија. А тука ни една не се користи. На пример ние немаме ниедна слика за гевгелија тука, а комонс е полн. Па иницијативата е да се прошират статиите за градовите и да се искористат сите слики по можност. --Raso mk (разговор) 14:02, 28 декември 2008 (UTC) Р. Ѕ. На комонс те поправи. Немој со такви греши. Ваташа е Ваташа, а не Ватасха
Да бе знам - ама она и Весна jа греши транслитерациjата :-) Полесно е на англиски Shtip од Štip. (памтиш ли Скопџе на CNN :-))) Jас многу слики сум подигнал на комонс и категориите сум направил - за селата уште требат некои категории.--Мико (разговор) 14:20, 28 декември 2008 (UTC)
Сум приметил, ама тоа е име на слика и нема врска. Ама категоријата треба да биде правилно напишана. А за селските категории и јас ке се нафатам да отворам и подигам слики. Еве и моја помош малку. Само незнам колку слики им она на фликр.--Raso mk (разговор) 14:25, 28 декември 2008 (UTC)
Нема повеќе. Се што може да се користи сум го подигнал. Од Скопjе и од Охрид има некои добри слики за конкретни објекти - згради, цркви и слично - за кои уште нема статии ни каj нас ни овде.--Мико (разговор) 14:30, 28 декември 2008 (UTC)

за иницијативата[уреди извор]

Здраво, Рашо. Тоа е супер идеја. Јас мислев да спроведам иницијатива за подобрување на географските статии, посебно статиите за држави, но се мислев тоа да се спроведе во рамките на Википроектот географија. Може иницијатуивата веднаш да се спроведе и мислам дека ќе вроди со плод. Уште веднаш ќе ја покренам иницијативата. Но, би те замолил ако може да го средиш логото Слика:Викимраз2.jpg во png формат, бидејќи имам пшроблеми со Corel, па да го реинсталирам ќе ми треба време, а логото требаше да биде поставено уште многу порано. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:41, 28 декември 2008 (UTC)

Да, тоа е добра идеја, но тоа веќе го имаме. Во Википроектот Македонија, постои посебна секција „Географија на Македонија“, па таму е опфатено ова. Но, види вака, во иницијативата ќе го опфатиме целиот проект, па ќе видиме што ќе биде. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:56, 28 декември 2008 (UTC)

Иницијатива за градови во Македонија[уреди извор]

Иницијатива за градови во Македонија
         Здраво, Raso mk/Архива 2!
Сакам да Ви се заблагодарам за Вашите скорешни придонеси и да Ве известам дека во рмките на ВикиПроектот Македонија се покренува иницијативата за подобрување на квалитетот и проширување на статиите за градовите во Република Македонија. За повеќе информации посетете ја листата на градови кои бараат промени, поделени по региони, ВикиПроектот Македонија, како и ВикиПроектот Географија. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 20:26, 30 декември 2008 (UTC)

Happy Birthday and Happy New Year[уреди извор]

Nuvola apps cookie.svg Happy birthday to you, happy birthday to you, happy birthday dear Rašо, HAPPY BIRTHDAY to you!
Среќни новогодишни и божиќни празници! од НБРМ 500px-Xmas tree animated.gif
Dankeschön Mazedonischer Junge --Raso mk (разговор) 16:05, 31 декември 2008 (UTC)

Весна[уреди извор]

Здраво и среќна нова година. Види оваа слика - во Охрид ли е централата на Охридска банка или во Скопje? --Мико (разговор) 12:13, 1 јануари 2009 (UTC)

Среќна и на тебе Мико! Според комби возилта што се паркирани пред, тие се на Галеб Охрид, па мора да е Охрид. --Raso mk (разговор) 12:25, 1 јануари 2009 (UTC)
ОК.--Мико (разговор) 12:35, 1 јануари 2009 (UTC)

Здраво, пак сум jас. Дали оваа црква во Чаир е "Свети Ѓорѓи"?--Мико (разговор) 19:26, 2 јануари 2009 (UTC)

Незнам Мико, не сум од Скопје и не ги знам сите цркви баш. Видов и на интернет, ама не најдов ништо набрзина.--Raso mk (разговор) 19:37, 2 јануари 2009 (UTC) Р.Ѕ. За сликите за кои ти реков дека ќе подигнам не ме фаќај за збор, но имам сега многу обврски, така што колку ќе успеам да најдам време, ќе помогнам.
Спокојно бе :-))) Немај грижи за сликите. Прашај некој скопјанец овде за оваа црква а?--Мико (разговор) 19:41, 2 јануари 2009 (UTC)
ОК, няма проблем.--Raso mk (разговор) 19:46, 2 јануари 2009 (UTC)
Ха-ха книжовен български :-))). Некоj ден мораш да ми видиш придонесите и mk описите на комонс - со сигурност се полни со грешки. --Мико (разговор) 19:51, 2 јануари 2009 (UTC)
Нема врска тоа, важен е ентузијазамот. Ако видам некоја грешка, ќе ја поправам.--Raso mk (разговор) 20:06, 2 јануари 2009 (UTC)

ОК[уреди извор]

Видов, статијата си ја направил прекрасна, но кога видов дека ја нагрдува. Не знам што му е проблемот (всушност знам - пропагирање на бугарска пропаганда). Доста го предупредував, го блокирав. 22:18, 6 јануари 2009 (UTC)

Абе знам Рашо, не сум вчерашен. Сите тие ми се сомнителни: Крум, Стан, Личка... Мико, Подпоручниче... Boyan (разговор) 22:25, 6 јануари 2009 (UTC)

Податотека:Tetovska Menada.jpg[уреди извор]

За сега ќе ја избришам оваа слика, таа стои во Скопскиот Музеј; ќе треба некој што живее во Скопје да отиде и да ја слика, па да ја подигне во ризницата - вака не може да стои. И те молам, не го ставај шаблонот „Законот за авторското право и сродните права...“. --Brainmachinewtf? 21:18, 16 јануари 2009 (UTC)

Грб на општина новаци[уреди извор]

Еј, каде го најде овој грб на Новаци? Ме зачуди малку што е на латиница, па побарав и на нивниот сајт симболите, и знамето и грбот, се без натпис. Веројатно ни самите не знаат како им е официјално симболот, но веројатно овие се поточни штом се на нивниот сајт.

Општина Новаци-симболи
[1] - Види го и ова, тука е на кирилица. Дали можеме некаде да го најдеме слободно на кирилица?

--√ гитардэмонговори со мной √ 18:30, 19 јануари 2009 (UTC)

Πω ευχαριστώ για την βουλγαρική Βικιπαίδεια! :D. Спушти го фајлот нов и направо го на кирилица. Или да му речам на Мацедониан Бој бидејќи тој е фан за симболи?--Raso mk (разговор) 18:42, 19 јануари 2009 (UTC)
Шо за бугарската? На руски ми е потписот (ама не мислеше за то) :) Него не можам јас немам многу фонтови на лаптопот, нека види MacedonianBoy ако може со истата боја и фонт да го напише тоа Новаци. Ако не (пошто би требало да изгледа ист како оргиналот, а не со друга боја и фонт, макаршо јас сепак мислам дека ни самите немаат стандард во општината), тогаш јас кога ќе одам дома на десктопот имам линукс, таму ќе го суредам. На OSX-ов немам ништо.

--√ гитардэмонговори со мной √ 19:36, 19 јануари 2009 (UTC)

Ова беше на староетиопски дијалект (а не новогрчки). Ти реков дека од кај бугарската го најдов. Мислам дека можам да разликувам бг од ру. Ај ќе му пишам. --Raso mk (разговор) 19:41, 19 јануари 2009 (UTC)
Се праев на удрен, не за друго :) :) --√ гитардэмонговори со мной √ 20:03, 19 јануари 2009 (UTC)
Е чкембар, чкембар...--Raso mk (разговор) 20:08, 19 јануари 2009 (UTC)

Indians[уреди извор]

Hello, I am a user of Russian Wikipedia. I noticed your edits in the Портал:Индијанци. I develop a similar portal in Russian, ru:Портал:Индейцы. If you like, let's cooperate on this topic! Regards, --Dmitri Lytov (разговор) 08:54, 22 јануари 2009 (UTC)

Иницијатива 2009-година на астрономијата[уреди извор]

Иницијатива
Crab Nebula.jpg          Здраво, Raso mk/Архива 2!
Голема благодарност за Вашите придонеси во исполнувањето на целите на досегашните иницијативи. Како што веќе знаете 2009 е прогласена за меѓународна година на астрономијата, па затоа на Википедија на македонски јазик е покрената иницијатива за зголемување на бројот на статии поврзани со астрономијата, како и проширување на постоечките, создавање на нови портали, шаблони и инфокутии во тековната година. Во функција на оваа иницијатива е ВикиПроектот Астрономски објекти. Секој Ваш придонес е добредојден. Се надевам дека активно ќе учествувате во оваа иницијатива и ќе помогнете за достигнување на посакуваните цели,

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 14:01, 23 јануари 2009 (UTC)

Грешно си ме сфатил[уреди извор]

Види во историја, тоа го наведе MacedonianBoy, дека се повлекува од кандидатурата, само што ставил шаблон за бришење. А има посебна процедура за тоа, а сега ги средувам баш и претходните кандидатури. Тој напиша дека се повлекува, а мислам и дека се налути и ја избриша и корисничката страница и сè поврзано со него... Не знам што да кажам, но тој ја повлеќе со шаблон за бришење, а треба да биде уредно евидентирано. Само ја суредував.

--√ гитардэмонговори со мной √ 23:32, 24 јануари 2009 (UTC)

Стење[уреди извор]

Сѐ е добро, не знам во што е проблемот? Boyan (разговор) 22:54, 30 јануари 2009 (UTC)

Благодарение на гитардэмон. Тој го средил.--Raso mk (разговор) 23:20, 30 јануари 2009 (UTC)