Портал:Религија/Избрана статија/2010

Од Википедија — слободната енциклопедија

Избрани статии во порталот:Религија се оние статии поврзани со религијата кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со религијата на страницата за разговор којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември

Песна над песните — книга од Библијата (Стар завет) и Танахот и е еден од петте свитоци. Позната е и под името „Песната на Соломон“, па дури и како „Црковни химни“, како резултат на анлискиот скратен вулгата превод Canticum Canticorum, односно „Песна над песните“ на латински. Позната е како „Аисма“ во Септуагинтата, што е пак скратено од ῏Αισμα ᾀσμάτων или „Песна над песните“ на грчки.

„Песната над песните“ долго време се претставува како алегорична презентација на односот меѓу Бог и Израел како меѓу младоженец и невеста. Сепак, главните ликови во песната се една жена и еден маж, а самиот текст на песната алудира на една врска која започнува со додворување и завршува со консумација. Прочитајте повеќе


ноември

Рано христијанство — поим со кој се означува историјата на христијанството од смртта на Исус Христос во околу 30 година до Првиот вселенски собир во Никеја во 325 година.

Раното христијанство постоело како едно верско движење односно се сметало како секта во внатрешноста на Јудаизмот за да во текот на векот потполно се одвои од таа вера. Седиштето на новата религија во почетокот се наоѓало во Ерусалим, но по неуспехот на Симон бар Кохба во востанието и разрушувањето на храмот, позицијата на христијанската црква во градот се намалила. Во меѓувреме, престолнината на Римската Империја, градот Рим станал седиште на христијанството, а римскиот епископ станал најдоминантен помеѓу верниците кој подоцна ја добил титулата Папа. Прочитајте повеќе


октомври

Авалокитешварабодисатва во сожалување. Тој е еден од најраспространетите бохисатви во махајанскиот будизам. Во Кина со своето културно и религиозно опкружување влијателно е тврдењето дека Авалокитешвара е од женски род, по име Гуан Јин. Во таостичката митологија се вели дека Гуан Јин не е во роднинска врска со Авалокитешвара.

Името Авалокитешвара некаде се наоѓа и како Падмапани ("одржувач на Лотусот), а некаде и само Локешвара («господар на светот»). Во Тибет Авалокитешвара се споменува и како Ченрециг и се верува дека реинкарнирал во далај-ламата Кармапа и другите лами. Во Монголија е познат како Мигдјид Јанраисиг, Хоншим бодисатва, или Ниду-бер Ујегчи. Прочитајте повеќе


септември

Келам — една од веронауките (علم الكلم) за исламот. На арапски ова значи „зборување“. Постојат рапсрави за тоа зошто науката го носи ова име. Еден предлог е дека се работи за зборувањето на Алах. Келам е исламска традиција која се стреми теолошки принципи по пат на дијалектика. Келамскиот веронаучник на арапски се нарекува мутакалим (мн. мутакалимиин).

Првите веронаучници на келамот ги бирал Хунајн ибн Ишак († 873 год.) за Домот на мудроста под управа на Абасидскиот калиф на Багдад.

Исламската теологија е теологија изведена од Куранот и пророчките посланија. Содржината на исламската теологија може да се подели на чиста теологија, теодицеја, есхатологија, антропологија, апофатика и компаративна религија. Овие поделби ги наоѓаме во Куранот и во пропрочките посланија. Прочитајте повеќе


август

Симонија — црковен (еклисијастички) злостор кој се однесува на купување позиции во црковната хиерархија, наречена според Симон Маѓесникот, кој се појавува во Дела апостолски 8:18-24. Според Новиот завет, Симон Маѓесникот им понудил на апостолите Петар и Јован пари за да може да ја пренесува моќта на Светиот Дух врз оние на кои ќе им ги положи рацете. Ова е потеклото на терминот симонија, но тој исто така се однесува на сите форми на трговија со духовни вредности за пари. Симонијата била едно од важните прашања во текот на Борбата за инвеститурата.

Симонијата има многу наштетено на моралниот углед на Римокатоличката црква. Данте Алигиери ги сместува симонистите во осмиот круг на Пеколот во неговата Божествена комедија. Прочитајте повеќе


јули

Египетска митологија — збир на различни религиозни верувања и ритуали кои се практикувале во древен Египет, од преддинастичкиот период, па сè до прифаќањето на христијанството. Не постоела една единствена религија во древниот Египет, туку тоа биле различни локални култови посветени на конкретни божества. Повеќето од нив биле фокусирани на обожување на едно божество, иако го прифаќале постоењето и на други божества, па оттаму египетската религија често се смета за политеистичка.

За време на владеењето на Ахенатен (Аменхотем IV) (1350-ти до 1330-ти години п.н.е.) се појавил мал интервал на монотеизам, кој се фокусирал на египетското божество на сонцето Атен. Прочитајте повеќе


јуни

Чакра — концепт кој се однесува на тркалезните витли за кои, според традиционалната индиска медицина, се верува дека постојат на површината на етеричниот двојник на човекот. Чакрите се познати како “ центри на силата” или спирали со енергија кои се креваат од точка на физичкото тело, како слоеви на енергетско тело во форма на фен (феновите оформуваат љубовно срце). Вртечките витли на енергетската материја, се појдовните точки за примање и пренесување на енергии. Се смета дека постојат седум големи чакри или енергетски центри (исто така познати како тркала на светлина), во енергетското тело.

Чакрите најчесто се претставуваат во форма на цвет или во форма на тркало. Прочитајте повеќе


мај

Исламски календармесечев календар кој е во службена употреба во многу муслимански земји, а исто така се користи од сите муслимани во одредувањето на верските празници.

Календарот е месечев, составен од дванаесет месеци, а годината трае околу 354 дена. Бидејќи месечевата година има 11 дена помалку од соларната, исламските празници, иако се прославуваат на фиксни дати според нивниот календар, обично се поместуваат за 11 дена порано секоја следна соларна година, т.е. според грегоријанскиот календар.

Првата година од календарот се вика Хиџра, годината кога пророкот Мухамед се преселил од Мека во Медина, и календарот ги брои годините од тој настан. Првиот ден од неделата е недела. Петокот се смета за ден за одмор, а саботата често пати е прв работен ден. Прочитајте повеќе


април

Десет Божји заповеди — религиски и морални закони кои, според Библијата, се напишани од Бог и му се дадени на Мојсеј на планината Синај во вид на две камени табли. Играат голема улога во јудаизмот и христијанството. Фразата "Десет заповеди" во основа се однесува на сличниот текст од Книгата Излез и од Второзаконие.

Во извадокот од Излез се забележуваат повеќе од десет заповеди, можеби 14 или 15. Како и да е, Библијата ги ограничува на бројот "10", според хебрејската фраза ʻaseret had'varim— која може да се преведе како десетте зборови, искази или нешта.Различни религии различно ги делат заповедите. Табелата ги прикажува основните разлики. Прочитајте повеќе


март

Религиозните заедници во Република Македонија ги сочинуваат православните Христијани и Муслиманите, кои се најбројни, но и Баптистите, Католиците, Протестантите, Евреите и припадници на другите верски заедници.

Протестантството во Македонија почнува да продира во втората половина на 20 век. Меѓутоа покрај она што денес се подразбира под поимот „протестантство“, на овие простори во 10 век се среќава нешто што иако се јавува и е познато под друго име, по својата суштина е вид на протестантство.

Процентот на муслиманите во Македонија е околу 30% од вкупниот број на население.

Денес, еврејската заедница во Македонија брои околу 200 луѓе. Речиси сите живеат во Скопје, со по едно семејство во Штип и Битола. Прочитајте повеќе


февруари

Ѓавол — име што се дава на натприродниот ентитет, кој, во повеќето западни религии, е главното отелотворување на злото. Овој ентитет вообичаено се нарекува со повеќе други имиња, вклучувајќи ги: Сатана, Асмодеј, Белзебуб, Луцифер и/или Мефистофел. Во класичната демонологија, секое од овие имиња се однесува на посебен натприроден ентитет, и постои значајно несогласување кои од нив се навистина зли.

Македонскиот збор ѓавол, односно дјавол, веројатно потекнува од грчкиот збор διάβολος (диаволос), со значење клеветник (т.е. дијаболичен). Терминот ѓавол може да се однесува на поголем демон во хиерархијата на Пеколот. Прочитајте повеќе


јануари

Еврејската историја ја вклучува историјата на еврејскиот народ, вера и култура. Еврејската историја покрива период од речиси шест илјади години од времето кога била основана оваа религија.

Првите два периоди од историјата на Евреите, главно започнува со народот кој се населил во областа помеѓу реките Нил од источната страна и Тигар и Еуфрат од друга страна. Оваа териоторија била опкружена со антички места на египетската и вавилонската култура до пустините на Арабија, Анадолија односно Мала Азија, Хананските области (подоцна познати и како Израел, а потоа, во различни времиња, како Коел-Сирија, Јудеја, Палестина, Левант, Светата земја, и, на крај како што е и денеска, Израел), односно место каде што во текот на историјата опстојувале едни од најголемите цивилизации на светот. Прочитајте повеќе


Архива на избрани статии
2012
Историја на папството · Јин и јанг · Ала · Исламска уметност
2011
Спиритуализам · Алах · Меѓународно друштво за свесност на Кришна · Богомилство · Кабала · Будистичка уметност · Протестантска реформација · Шеријат · Праисториска религија · Црква Света Софија (Истанбул) · Историја на исламот · Махајана
2010
Историја на Јудаизмот · Ѓавол · Религија во Македонија · Десет Божји заповеди · Исламски календар · Чакра · Египетска митологија · Симонија · Келам · Авалокитешвара · Рано христијанство · Песна над песните
2009
Џамија · Хиндуизам · Папа · Реинкарнација · Неопаганство · Историја на христијанството · Ислам · Вештерки · Конфуцијанство · Вистински крст · Понтифекс Максимус · Шинтоизам
2008
Римска религија · Христијанство · Историја на будизмот во Индија · Масони