Портал:Религија/Избрана статија/2012

Од Википедија — слободната енциклопедија

Избрани статии во порталот:Религија се оние статии поврзани со религијата кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со религијата на страницата за разговор којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива така што секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги предлошките: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

април

Исламска уметност — поим кој се применува за означување на уметничките дела кои се создадени од времето на хиџрата (622 г.хр.е.), па сè до 19 век, на територија која се протега од Шпанија сè до Индија на која живее население што е дел од исламската култура.

Уметноста создадена во контекст на исламскиот свет претставува одредено стилско единство што се должи на движењето на уметниците, трговците, нарачателите на уметнички дела како и на самите уметничките дела. Употребата на едно заедничко писмо низ целата исламската цивилизација и развојот на калиграфијата ја зајакнува оваа идеја на единство. Други елементи, исто така, се истакнуваат како на пример истакнувањето на декоративните елементи во архитектурата, важноста на геометријата и таписериските декорации. Прочитајте повеќе


март

Аламитско суштество кое се јавува во бугарскиот, македонскиот и српскиот фолклор. Алите се сметаат за демони на невремето чија главна цел е да ги водат облаците што носат град кон нивите, лозјата или овоштарниците со цел да ги уништат или украдат плодовите. Алите се мошне алчни и особено сакаат да јадат деца, иако нивната лакомост не е ограничена само на земјата. Се верува дека со нивните обиди да ги изедат сонцето и месечината го предизвикуваат затемнувањето на овие небесни тела. Доколку успеат, тоа би значело крај на светот. Кога човек ќе се сретне со алата, неговото ментално или физичко здравје, па дури и животот му е изложен на опасност. Меѓутоа, човекот може да ја добие нејзината благонаклоност доколку ѝ пристапи со почит и доверба. Добрите односи со алата се навистина корисни, бидејќи таа ги збогатува нејзините љубимци и им помага кога се во неволја. Прочитајте повеќе


февруари

Јин и јанг — еден од основните концепти во кинеската филозофија, кој се користи за да се опише како спротивните сили се следат меѓусебно, и взаемно си ги заменуваат местата. Концептот го среќаваме во бројни гранки од класичната кинеска наука и философија, но исто така и во основите на традиционалната кинеска медицина. Концептот за јин и јанг е централен принцип на неколку видови боречки вештини и вежби, како што се таи чи чуан, кунг фу и кигонг.

Врската меѓу „јин“ и „јанг“ често се опишува како сончева светлина која си игра над планина и над долина. Јин (буквално „сеновито место“ или „северен наклон“) е темната страна, додека јанг (буквално „сончево место“ или „јужен наклон“) е светлата страна. Како што се движи сонцето по небото, јин и јанг постепено си ги заменуваат местата, откривајќи го непознатото, и криејќи го познатото. Прочитајте повеќе


јануари

Историјата на папството ја претставува духовната и временската улога на папите во текот на повеќе од 2.000 години, односно од доаѓањето на Свети Петар во Рим, па сè до ден денешен. Папството е претставувано од страна на папата, кој е духовен шеф на Римокатоличката црква, како и државна глава на Ватикан.

Во принцип, нема официјален список на папи, но сепак Annuario Pontificio (Папски годишник) содржи список со вкупно 265 папи до денес. Врз основа на резултатите од религиозната студија спроведена од страна на Римокатоличката црква во 2001 година, на папскиот стол седнале вкупно 265 папи, а според хронологијата на папството овој број изнесува 267. Разликата е во фактот што папата Бенедикт IX бил трипати избиран за папа во периодот од 1032 до 1048 година. Прочитајте повеќе


Архива на избрани статии
2012
Историја на папството · Јин и јанг · Ала · Исламска уметност
2011
Спиритуализам · Алах · Меѓународно друштво за свесност на Кришна · Богомилство · Кабала · Будистичка уметност · Протестантска реформација · Шеријат · Праисториска религија · Црква Света Софија (Истанбул) · Историја на исламот · Махајана
2010
Историја на Јудаизмот · Ѓавол · Религија во Македонија · Десет Божји заповеди · Исламски календар · Чакра · Египетска митологија · Симонија · Келам · Авалокитешвара · Рано христијанство · Песна над песните
2009
Џамија · Хиндуизам · Папа · Реинкарнација · Неопаганство · Историја на христијанството · Ислам · Вештерки · Конфуцијанство · Вистински крст · Понтифекс Максимус · Шинтоизам
2008
Римска религија · Христијанство · Историја на будизмот во Индија · Масони