Портал:Религија/Избрана статија/2011

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Избрани статии во порталот:Религија се оние статии поврзани со религијата кои корисниците на Википедија ги сметаат за најквалитетни најсодржајни. За една статија да биде избрана најпрвин треба да биде изгласана. Избраната статија опстојува на порталот еден месец.

Предлагачот на статијата треба само да предложи извадок од некоја статија поврзана со религијата на страницата за разговор којашто потоа треба да биде изгласана од корисниците на Википедија.

Гласањето се одвива такашто секој може да го даде својот глас или својот коментар, користејќи ги шаблоните: {{за}}, {{воздржан}}, {{против}} или {{коментар}}. Само гласовите од регистрираните корисници се земаат во предвид. Гласањето завршува на последниот ден од месецот во 24 часот.

декември
BuddhistTriad.JPG

Махајана — една од двете будистички школи (другата е теравада). Нејзината традиција, денес е поголема во споредба со онаа на теравада. Според учењата на оваа традиција, „махајана“, исто така, го означува патот на барањето на целосно просветлување за користа на сите свесни суштества, познат и како „бодисатвајана“ или „возило бодисатва“. Се состои од два дела: сутра и тантра.

Историски, махајанскиот будизам од Индија се проширил во другите азиски земји како Кина, Кореја, Тајван, Виетнам, Јапонија и други земји, а познати облици се Чиста земја и Зен. Бројот на придржувачи кон махајана, на крајот на 20 век изнесувал околу 600 милиони. Прочитајте повеќе


ноември
Map of expansion of Caliphate.svg

Исламската историја ја вклучува историјата на исламската вера како религија и општествена институција. Според исламот, погрешно е да се каже дека историјата на исламот во Арабија започнала со муслиманскиот пророк Мухамед во 7 век. Според исламската вера и Светиот текст, исламската историја започнува со Адам и Ева. Тие се сметаат за први апостоли на Бог. Подоцна, многу пророци како Аврам, Мојсеј, Исус, се предавале на истата вера, макар и во различни региони или во различни точки на времето.

Како и повеќето светски религии, историската еволуцијата на исламот има значително влијание врз политичките, економските и воените географски области. Исламскиот историски развој има влијание и надвор од исламскиот свет. Еден век по смртта на Мухамед, исламска империја се простирала од Атлантскиот Океан на запад до централна Азија на исток. Прочитајте повеќе


октомври
Aya sofya.jpg

Црквата Света Софиja — поранешна православна базилика, која во текот на својата историја била претворена во џамија, а денес е музеј. Објектот се наоѓа во реонот Фатих во Истанбул, Турција. Во периодот кога била изградена, односно во 4 век, до 1453 година служела како византиска катедрала на Константинопол, освен во периодот од 1204 до 1261 година, кога била претворена во римокатоличка катедрала по зазимањето на градот од страна на крстоносците и основање на Латинската Империја. Како џамија, објектот служел од 29 мај 1453 година до 1931 година, кога истата била затворена. Од 1 февруари 1935 година претставува музеј.

Црквата е посветена на Логосот, второто лице на Света Тројца и својот празник го има на 25 декември, на годишнината од раѓањето на Исус Христос. Прочитајте повеќе


септември
Gabillou Sorcier.png

Праисториска религија — општ поим за религиозните верувања и практики на праисториските народи. Во оваа група спаѓаат религиите на луѓето од каменото време, но, исто така, и религиите кои се појавиле во номадските и раноселските заедници, чии религиозни содржини не се во облик на пишани „свети текстови“, туку се пренсени како раскажувачки митови. раноселските заедници, за кои денес се опстанати само непишани извори. Таму, познавањето во врска со настанокот на светот, како и одговорите на големите прашања за смртта и животот, се проткаени во приказни полни со фантазија.

Поконкретно, праисториската религија ги опфаќа: палеолитската, мезолитската, неолитската и религијата од бронзеното доба. Прочитајте повеќе


август

Шеријат — свето право на исламот. Повеќето муслимани веруваат дека шеријатот е изведен од двa основни извори на исламското право: божествените откровенија наведени во Куранот, и примерот поставен од страна на исламскиот пророк и пратеник Мухамед во Суннетот (тело на исламскиот верски закон што се базира врз зборовите и делата на пратеникот Мухамед. Фихот (теорија и филозофија на исламскиот закон, врз основа на учењето на Куранот и Суннетот) ја толкува и проширува примената на шеријатот на прашања кои не се директно опфатени во основните извори вклучувајќи од секундарните извори. Овие секундарни извори обично вклучуваат консензус на верските научници отелотворени во иџма (Ijmā (إجماع) е арапски термин што се однесува типично на консензусот на научниците од исламот), и аналогија од Куранот и Суннетот преку гиџас (арапски قياس) е процес на дедуктивна аналогија во која учењата на Хадисот се споредуваат, во контраст со оние на Куранот, со цел да се применуваат познатите налоги (nass) на нова околност и да се создаде нова забрана). Шиитските правници ја заменуваат аналогијата со акл ('aql, расудување). Прочитајте повеќе


јули
Reformation.gif

Протестантска реформацијарелигиозно-политичко движење насочено против католичката црква коешто го започнал германскиот свештеник Мартин Лутер во 1517 година и завршил со Вестфалскиот мир во 1648. Лутер се противел на политиката на папата на продавање проштални писма за гревовите, наречени индулгенции, како и на некои теолошки сфаќања на католичката црква.

Резултат на движењето на Лутер е разбивањето на единството на католичката црква. Тој ги поставил основите на протестантството, кој заедно со православието и католицизмот е една од доминантните конфесии во христијанството. Прочитајте повеќе


јуни
StandingBuddha.jpg

Будистичка уметностуметност која потекнува од Индија, следејќи го историскиот живот на Сидарта Гаутама во 6-5 век п.н.е., и се развивала во контакт со другите култури ширејќи се низ Азија и светот.

Се развивала на север кон Централна Азија и во Источна Азија, создавајќи ја северната гранка на будистичката уметност и источно сé до Југоисточна Азија, создавајќи ја јужната гранка на будистичката уметност. Во Индија, будистичката уметност цветала и влијаела врз развојот на Хиндуистичката уметност, сé дури будизмот речиси не исчезнал во Индија околу 10. век, делумно поради силната експанзија на исламот, како и на хиндуизмот. Прочитајте повеќе


мај
Tree of life wk 02-mk.svg

Кабала — дисциплина и школа која се занимава со мистичните аспекти на јудаизмот. Претставува збир на езотерички учења наменети за одредување на духовното значење на Танахот (хебрејската библија) и на традиционалната рабинска литература.

Се верува дека дисциплината настанала уште во антиката преку усмените преданија, додека во вистинска смисла била создадена меѓу Евреите во 12 век. Низ историјата се создала и кабалистичката литература која се темели на четири основни книги. На почетокот на новиот век, таа имала големо влијане врз западната философија, со што била прифатена од познати ренесансни мислители. Денес, постојат организации кои се предводени од главните концепти на кабалата. Прочитајте повеќе


април
Razvoj bogumilstva.jpg

Богомилство — верско учење во средновековна Македонија и пошироко. Се појави како реакција на социјалното раслојување што настана како резултат на воведувањето на феудализмот и на поддршката на власта од страна на официјалната христијанска црква. Богомилството било дуалистичко учење според кое реалниот свет го создал не Богот, туку ѓаволот. Богомилите го отфрлале крстот како свој верски симбол, не граделе цркви и своите обреди ги вршеле на отворен простор, ја осудувале црковната хиерархија и сметале дека Исус не бил Син божји, туку обичен човек. Името го добиле по попот Богомил, по кого, пак, е наречено селото Богомила. Власта и официјалната христијанска црква жестоко ги прогонувале богомилите, плаејќи ги богомилските книги, поради што богомилството замрело. Прочитајте повеќе


март
Radha Krishna ISKCON Mayapur.jpg

Меѓународно друштво за свесност на Кришна — една од многуте вајшнавски групи. Друштвото е основано во 1965 година во градот Њујорк од страна на А. Ч. Бхактиведанта Свами Прабхупада. Денес, друштвото брои повеќе од 500 храмови, заедници и училишта ширум светот, повеќе од 3 милиони членови на Запад и околу 50 милиони ширум светот. Шрила Прабхупада превел повеќе од 50 книги за свесноста за Кришна, кои денес се достапни на повеќе од 65 светски јазици. Пред да замине од светот во 1977 година, уредил за движењето да се грижат некои од неговите поискусни ученици.

Додека некои го класифицираат како ново религиозно движење, сржта на нивната философија се заснова врз свети книги како Шримад Бхагаватам и Бхагавад-гита кои, според приврзаниците, датираат од пред 5.200 години. Прочитајте повеќе


февруари

Алахарапски збор за „Бог“. Додека во Европа и на Западот поимот е познат по неговата употреба од муслиманите кога зборуваат за Бога, истиот се користи од арапските говорници од сите Аврамски вери, во кои спаѓаат и христијаните и Евреите. Овој збор се користел и од паганските Меканци во однос на богот-создател, веројатно врховниот бог во предисламска Арабија.

Концептите поврзани со зборот Алах (како божество) се разликуваат од предание до предание. Во предисламска Арабија кај Арапите-многубошци, Алах не бил единствениот Бог, туку тој имал соработници и придружници, ќерки и синови — замисла која во огромна мера се коси со Исламот. Во Исламот, Алах е врховно и сеопфатно божествено име. Сите други божествени имиња се сметаат дека се имиња на истиот еден и единствен Бог. Прочитајте повеќе


јануари

Спиритуализамрелигија делумно основана врз основа на пишувањата на шведскиот мистик Емануел Сведенборг. Спаѓа во теизмот, со верба во Бога, но се одликува со верување дека може да се контактира со душите на мртвите, било од страна на поединци или од посебно тренирани медиуми, кои можат да ни дадат информации за „животот после смртта“.

Спиритуализмот е развиен во САД, а максимален број на членови стекнува од 1840 година до 1920 година, посебно во земјите каде се зборува на англиски јазик.

Оваа религија се распламтела за половина век без никакви канонски текстови, официјални организации, лекции, кампови за обука или мисионерски активности. Интересно е што повеќето од спиритуалистите биле жени, кои ја поддржувале борбата против ропството и правото на глас за жените. Прочитајте повеќе


Cscr-featured.svg
Архива на избрани статии
2012
Историја на папството · Јин и јанг · Ала · Исламска уметност
2011
Спиритуализам · Алах · Меѓународно друштво за свесност на Кришна · Богомилство · Кабала · Будистичка уметност · Протестантска реформација · Шеријат · Праисториска религија · Црква Света Софија (Истанбул) · Историја на исламот · Махајана
2010
Историја на Јудаизмот · Ѓавол · Религија во Македонија · Десет Божји заповеди · Исламски календар · Чакра · Египетска митологија · Симонија · Келам · Авалокитешвара · Рано христијанство · Песна над песните
2009
Џамија · Хиндуизам · Папа · Реинкарнација · Неопаганство · Историја на христијанството · Ислам · Вештерки · Конфучијанство · Вистински крст · Понтифекс Максимус · Шинтоизам
2008
Римска религија · Христијанство · Историја на будизмот во Индија · Масони