Охридско лето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Амблемот на фестивалот „Охридско лето“

Охридско лето - меѓународен музичко-сценски фестивал којшто се одржува во Охрид, под покровителство на претседателот на Република Македонија. Фестивалот е член на Европскиот сојуз на фестивалите.

Историјат

Почетокот на фестивалот „Охридско лето“ датира од 4 август 1961 година, со настапот на оперската пејачка Ана Липша Тофовиќ, придружена од пијанистот Ладислав Перлдик, одржан во црквата Св. Софија. Во првите фестивалски години во програмскиот концепт преовладувале музичките настани коишто вообичаено се одржувале во катедралната црква Св. Софија. Постепено, на фестивалот почнале да доаѓаат музички уметници со високо реноме, како: баритонот Владимир Ружѓак од Хрватска, сопранот Мартина Аројо од САД, Словенечкиот октет, Прашките музичари, Голден гејт квартет, Милка Ефтимова, Тодор Скаловски итн. Веројатно, во овој период, фестивалот го достигнал врвот со настапите на прочуените светски музичари - рускиот виолинист Леонид Коган и францускиот виолончелист Андре Навара. Со текот на времето, фестивалот станувал поинтересен, побогат и попривлечен за уметниците и ансамблите од светот. Така во 1970-те и 1980-те, на фестивалот настапиле многу реномирани имиња, како: Mстислав Ростропович, Алдо Чиколини, Гидон Кремер, Руџеро Ричи, Виктор Третјаков, Хенрик Шеринг, Салваторе Акардо, Елена Обрасцова, Катја Ричарели, Викторија де лос Анхелес, Максим Венгеров, Вадим Репин, Џулиан Рахлин, Иво Погорелиќ, Минхенскиот камерен оркестар, Камерниот оркестар „Виртуози ди Рома“, Камерниот оркестар „Жорж Енеску“, Литванскиот камерен оркестар, Симфонискиот радио-оркестар на Австриското радио, хорот „Мадригал“ од Букурешт, хорот „Глинка“ од Санкт Петербург, хорот на Виенските деца итн.

Во 1980-тите започнал да се развива и другиот програмски сегмент – театарот, најпрвин со гостувањето на македонските театри, за подоцна фестивалот да стане примамливо собиралиште за многу театри од светот, а особено од просторите на поранешната Југославија. Голем настан во развојот на фестивалот „Охридско лето“ било зачленувањето во Европскиот сојуз на фестивалите, во 1994 година. Подоцна, во 2001 година бил воведен нов сценски простор - Античкиот театар, каде бил прикажан премиерниот проект „Маседуан“ на Иван Поповски. Оттогаш, свеченото отворање на фестивалот традиционално се одвивало на оваа локација, на 12 јули, а свеченото затворање е на 20 август.

54. Охридско лето 2014

54. издание на „Охридско лето“ било отворено на 12 јули 2014 година, со настапот на сопранот Барбара Фритоли и баритонот Лео Нучи, придружени од Македонската филхармонија, под диригентската палка на Луис Горелик од Аргентина. Покрај нив, во рамките на музичката програма настапиле и бројни други музичари, како: Елена Мисиркова (пијано), Елизавета Леонскаја (пијано), балетската претстава „14 часа“ во изведба на Македонската опера и балет, гудачкиот квартет „MozART“ од Полска, Аркадиј Володос (пијано), ансамблот „Танец“, Нарек Хахнзарјан (виолончело) и Оксана Шевченко (пијано), дуото Кадеша од Албанија, Максим Мрвица (пијано), Нинг Фенг (виолина) и Томас Холе (пијано), хорот од Израел „The Voca People“, француската група „Devil’s Trills“, Дарко Богески (гитара), Кирил Трусов (виолина) и Александра Трусова (пијано), мешаниот камерен хор „Про Арс“, камерниот оркестар „Гудачите на св. Ѓорѓи“ од Србија, пијано-дуото Хуго Ле Клер и Елен Котино Коен од Франција, рускиот гудачки квартет „Јанкелевич“, ансамблот „Variabile“ од Италија и други.[1]

Во рамките на театарската програма биле прикажани претставите:[2]

Во рамките на фестивалот се одржале и други културни настани, како:[3]

57. Охридско лето 2017

57. издание на „Охридско лето“ било отворено на 12 јули 2017 година, со настапот на групата „Форплеј“ (Fourplay), придружена од Македонската филхармонија, под диригентската палка на Емин Џијан. Покрај нив, во рамките на музичката програма настапиле и бројни други музичари, како: Македонската опера и балет со балетот „Ла ла ла...“, Дуња Симиќ (сопран) и Снежана Поповиќ Вулета (пијано), „Транзишн денс компани“ (Transition Dance Company) со балетот „Триптих Нушиќ“, пијано-дуото Бергман од Канада, Франческо Дорацио (пијано), ЗЏМ Биг Бенд, под диригентската палка на Емин Џијан, Доминик Џ. Маршал Бенд, „МОМБ“, Хели Сиекинен, „Т.А.О.“, „Проџект Хајдавеј“, Лери Дан и пријателите, „Сигнум“, Септетот на Гоце Стевковски, Александар Синчук (пијано), камерниот оркестар „Турксој“, камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, барокниот оркестар „Армонија Атенеа“, квартетот „Диотима“, Емануел Сејсон (харфа), Варшавскиот хармоникашки квинтет, Билјана Стафансон и Љиљана Јовановиќ (сопрани), Сандра Јакоповиќ (пијано), триото „Аура“, Дувачкиот квинтет на Црна Гора, мултимедијалниот проект „Вивалдиано“, Рубен Далибалтајан (пијано), машкиот манастирски хор „Оптина Пустина“, Загребскиот пијано-квинтет, пијано-триото „Бенџамин“, ансамблот „Маскерина“, кабарето „Зборувај тивко“ со музика на Курт Вајл, Вечер на македонски виолинисти, Лилја Зилберштајн (пијано), Завршен концерт од меѓународниот семинар по пијано и виолина, виола и камерна музика, Александар Рам (виолончело) и Ана Одинцова (пијано), камерниот оркестар „ЕЛК“, Рок симфонија на Камерниот оркестар – Битола и Влатко Стефановски, Игнасио Родес (гитара), дуото „Алиада“, Блерим Груби (виола) и Марија Вршкова (пијано), Искандар и Ноорман Виџаја (виолина и пијано).[4]

Во рамките на театарската програма биле прикажани претставите:[5]

Во рамките на фестивалот се одржале и други културни настани, како[6]

Наводи

  1. 54 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2014.
  2. 54 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2014.
  3. 54 Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2014.
  4. „Патот до магијата“, Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2017.
  5. „Патот до магијата“, Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2017.
  6. „Патот до магијата“, Фестивал Охридско лето/ Ohrid Summer Festival – 12.07-20.08.2017.