Његош и јас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Његош и јас е театарска претстава, авторски проект на режисерот Паоло Маџели, во изведба на Црногорскиот народен театар од Подгорица, Црна Гора. Претставата била изведена во Македонија, на 31 јули 2014 година, во рамките на 54. издание на фестивалот “Охридско лето”.

Технички податоци[уреди | уреди извор]

  • Режисер: Паоло Маџели,
  • Драматург: Жељка Удовичиќ,
  • Композитор: Љупчо Константинов,
  • Сценограф: Ханс Георг Шафер,
  • Костимограф: Лео Кулаш,
  • Продуценти: Јанко Љумовиќ и Слободан Божовиќ.[1]

Улоги[уреди | уреди извор]

Улогите во претставата ги толкуваат:[2]

  • Кармен Бардак
  • Александар Радуловиќ
  • Паоло Маџели
  • Маја Пелевиќ
  • Љупчо Константинов

Содржина[уреди | уреди извор]

Претставата е приказна за еден млад Италијанец (го игра Маџели), кој доаѓа на одмор во Црна Гора, лошо ги владее словенските јазици и не го познава Петар Петровиќ - Његош. Таму се среќава со еден примитивен полицаец (го игра Радуловиќ), кој нема слух за културата и не покажува толеранција кон интелектуалците, како и со една млада девојка, келнерка во хотелот, која работи напорно за да преживее. Основа на претставата се сеќавањата на Маџели од времето на неговото прво доаѓање во Црна Гора, кога се сретнал со традицијата, културата и национализмот на тие простори.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Црногорски народен театар - Подгорица, Црна Гора, ”Његош и јас” - Авторски проект на Паоло Маџели, 54 Охридско лето, четврток, 31.7.2014.
  2. Црногорски народен театар - Подгорица, Црна Гора, ”Његош и јас” - Авторски проект на Паоло Маџели, 54 Охридско лето, четврток, 31.7.2014.
  3. Црногорски народен театар - Подгорица, Црна Гора, ”Његош и јас” - Авторски проект на Паоло Маџели, 54 Охридско лето, четврток, 31.7.2014.