Органџали

Координати: 41°17′47″N 22°42′15″E / 41.29639° СГШ; 22.70417° ИГД / 41.29639; 22.70417
Од Википедија — слободната енциклопедија
Органџали
Органџали во рамките на Македонија
Органџали
Местоположба на Органџали во Македонија
Органџали на карта

Карта

Координати 41°17′47″N 22°42′15″E / 41.29639° СГШ; 22.70417° ИГД / 41.29639; 22.70417
Општина Дојран
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 06020
Надм. вис. 898 м
Органџали на општинската карта

Атарот на Органџали во рамките на општината
Органџали на Ризницата

Органџали — село во Општина Дојран, на левата страна од патот Валандово - Дојран.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на крајниот северен дел на територијата на Општина Дојран, чиј атар нашироко се допира со Општината Валандово и областа Бојмија. Селото е ридско, на надморска височина од 340 метри. Има полјоделско-шумарска функција.[2] Оддалечено е 13 километри источно од Валандово и 32 километри северно од општинскиот центар Стар Дојран.

Историја

Стопанство

Население

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948230—    
1953216−6.1%
1961171−20.8%
197111−93.6%
198112+9.1%
ГодинаНас.±%
199121+75.0%
199422+4.8%
200221−4.5%
20210−100.0%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Органџали живееле 420 жители, сите Турци.[3]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 21 жител, сите Турци.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 420 230 216 171 11 12 21 22 21 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 381 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Куртамзали. Во избирачкото место се опфатени населените места: Органџали, Куртамзали, Дурутли, и Севендекли.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 120 гласачи.[10]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Енциклопедија на селата во Република Македонија, Митко Панов, стр.221
  3. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 163.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  6. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  7. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  8. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  9. „Описи на ИМ“. Посетено на 8 јануари 2020.
  10. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 8 јануари 2020.

Надворешни врски