Митра (бог)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Митра убива бик, фреска од градот Марино Италија.

Митра (праиндоирански: *mitrás) — персиско божество на светлината, манифестирано во бик и често поврзано со Анахит, божество на водата, кое било поврзано со античкиот маздаизам, со реката Окс,која подоцна била аријанизирана.

Како машки Бог на војната, Митра игра важна улога во маздаистичкиот пантеон и религијата на Персија, сè до Римското Царство кое што го присвојува.

Митра го штити човечкиот род и посредува меѓу Бог и луѓето.

Митот за Митра[уреди | уреди извор]

Според митот, Митра е роден од карпа„како што светлината на небото извира од огромен камен сводшто ја покрива Земјата“.Веднаш по неговото раѓање,пастирите му оддаваат почит.Покрај него се наоѓаат дадофорите (носители на факели), Каутер и Каутопатес.

Според едно толкување, Ахура Мазда ја бакнал сопствената мајка и така се зачнал Митра,кој по раѓањето се хранел со смокви и ставил фригиска капа, во рацете земал нож,лак и стрела.

Неговиот прв подвиг била борбата со Сонцето во која победил Митра. Втората борба ја водел со див бик,кого тој го победил и го однел во пештерата,но животното успеало да побегне. Сонцето по гавранот му порачало да се врати и повторно да го фати бикот. Митра успеал во тоа и од мртвото тело на бикот изникнале растенија жито од коските и винова лоза од крвта. Злобниот дух испратил змија да ја испие крвата и шкорпија да го отруе божественото семе. Но, овие обиди биле спречени.

Во исто време, се појавуваат првите луѓе. Ариман испраќа суша на земјата,но Митра ја погодува карпата со стрела,создавајќи извор.

Во митот за Митра се споменува и големата поплава,при што избраниот човек гради брод и се спасува од несреќата.Се спомнува и големиот пожар,но ни тој не ги уништил луѓето.

Митра на крајот влегува во кочиите на Сонвето и оди преку океанот до боговите.

Митраистичка религија[уреди | уреди извор]

Митрајската религија се заснова на дуалистичкото улење за маздаизмот за постојаната борба на доброто (Ахура Мазда) и злото (Ариман).

Во исто време, Ахура Мазда ќе биде над него само во зороастризмот и во кралската религија на а Ахаменидите, во која големиот персиски Бог само случајно ќе ја признае надмоќта на Богот на Сонцето,духовниот час во Вох Манах, за да се соедини кон синкретизмот на Магите (во хеленизмот идентификуван со Аполон).

Заратустра бил првиот кој со одвратност ја отфрлил суровоста и бескорисноста на овие жртви, кои биле достојни само за примитивните племиња.

Митра го убива бикот, скулптура од Палермо.

Овие жртви кои се палеле биле проследувани по хтонските обичаи во Персија и во Индија, со Нанди, богот-бик или со Дионис, со неговиот вид на запад, со боговите алкохоличари, танчери на Сатурналии и баханалије.

Во времето на Заратустра, машките митски-воински машки заедници, собрани под знакот на Митра,ги ширеле своите сурови постапки низ целиот индо-ирански свет. Овие братства на млади воини наречени „курјаци“ тие ги мешале оргијатските ритуали со крвави жртви под знамето на змеј или волк. Карактеристилни се нивните знамиња, шлемови и црна облека.

Овие воинствени обичаи ќе бидат користени и насочувани од персискиот феудален поредок да служат под маската на дисциплинирани борби во војската на Ахаменидите. Во времето на Заратустра, овие банди биле солидарни со карапаните (волшебници) и кавиите (владетелите) кои тој подеднакво ги осудувал. Оваа ера на високоит персиски феудален систем имала форма на општа анархија,во која утврдените оази во долините и тврдините на планините требало да се бранат и од грабежи и упади на номадските коњаници и од уништувањето на фанатичките банди.

По ариските племиња кои усвоиле седентарен начин на живот на рабовите на источна Персија и азиските степи, племињата Саки се населиле во оазите создадени од нивните претходници и, занимавајќи се со земјоделство и занаетчиство, интегрирани во персиското општество.

Вторите продолжиле со номадскиот начин на живот во пределите кој во Авест се означени под името Туран, се протегала се до Аралското Море и реката Јаксарт до Алтајските планини на границита со Монголија, и во која воVI. век п. н е. се создава цивилизацијата - Саки и Масагети.

Митраисмот во Европа[уреди | уреди извор]

Историските извори зборуваат за ширењето на митраисмот преку гусарите од Киликија, кои по поразот на Помпеј во 67 година п.н.е. биле поробени и однесени во Римската империја.Во ропство, тие го ширеле митраисмот низ целата империја. Митраисмот станува многу популарен кај римските војници и успеал да се наметне дури и меѓу римските цареви.Тој веројатно се здобива со популарност меѓу војниците затоа што неговата вера била ограничена само за мажите и се верувало дека Бог Митра може да обезбеди ново раѓање за подобар живот, и покрај тоа тој бил мистичен култ што предизвикувал уште поголема желба и интерес да бидеш примен во него. Едно светилиште, односно Митра, примал само 100 членови, па уште повеќе привлекувал следбеници затоа што учесниците на церемониите се чувствувале привилегирано. Митраисмот останал таен култ засекогаш дури и кога римските цареви преминале во Митраисам, култот останал со многу тајни и мистицизам. Со римското освојување на нови територии и движењето на легиите, се шири и митраисмот. Затоа, некои го нарекле овој култ религија резервирана само за војниците. Митраисмот се здобил со толку голема популарност во воените редови што култот на Митра бил подигнат и изедначен со култот на Сонцето, така што овие два култа станале едно, односно Митра и Сол станале едно. Некои од императорите кои го почитувале култот на Митра биле императорот Диоклецијан, кој му го посветил жртвеникот на Митра во Карнум. Додека Царот Комодус толку многу уживал во Тајните на мистеријата што случајно убил еден од следбениците на култот. Царот Јулијан Филозоф кој отворено зборувал дека тој е Митра.

Мистериите на Митра[уреди | уреди извор]

Под поимот мистерии на Митра мислиме на обредите во кој следбениците на култот жртвуваат бик. Обредот се изведувал на светилиштата наречени Митраи. Митраите се наоѓале во пештери или под земја и во близина на извор, поток или бунар. Главната улога ја имале носителите на факели Котес и Каутопатес, кои внимателно ги следеле митрајските мистерии. Секој следбеник морал да се заколне дека ќе ја чува тајната на Мистеријата. Имало и степени на иницијација, кои се поврзани со митот за потфатите на Богот Митра. Најнизок ранг во митрајската хиерархија било Гавран, а по него следеле,Жена, Војник, Лав, Персиец, гласник на Сонцето, а највисоката и најценетата титула била наречена Татко. Хиерархијата била поделена на учесници и слуги, така што Гавран, Жената и Војникот биле слуги, додека повисоките редови биле учесници. Преку ритуалите, верниците на култот се обидувале да ги повторат или оживеат подвизите на Митра жртвувајќи бик. Со жртвувањето на бик, тие го повторувале неговиот подвиг и го славеле помирувањето меѓу Сол (Божеството на Сонцето) и Митра. Тие верувале дека преку митрајските мистерии тие всушност се поврзани со Митра кој им поставува закони на висок морал и за возврат им ветува на своите следбеници подобар живот по смртта или ново раѓање.

Падот на митраисмот на европско тло[уреди | уреди извор]

Митраисмот растел заедно со христијанството, но бидејќи бил ограничен на мажи и 100 члена по светилиште, тој заостанувал многу. Додека митраистите се обидувале да бидат тајно друштво, христијанството правело се во јавност, ги прифаќало и двата пола и не било ограничено со бројот на членови. Митраисмот добил голем удар кога Константин Велики го издал Миланскиот едикт во 313 година, со кој се вовела ера на толеранција кон религиите. Христијанството тогаш се развива во полн ек, додека митраисмот стагнира. Митраисмот повторно се здобил со популарност за време на царот Јулијан Филозоф, кој се прогласил за Митра и бил против христијанството, па затоа христијаните го нарекувале Јулијан Отпадникот. Таа популарност не траела долго, траела сè до царот Теодосиј Велики и неговиот указ 380 година. година во која тој го назначува христијанството за главна религија и ги забранува и прогонува сите други религии. Митраисмот не успеал да го преживее прогонството од страна на императорот Теодосиј Велики и тоа доживува пропаст на европското тло.

Познатиот француски филозоф и историчар на религии Ернест Ренан изјавил: „Ако ширењето на христијанството беше запрено од смртоносна болест, светот ќе беше митраисиран“.

Види повеќе[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Д. Срејовиќ, А. Цермановиќ-Кузмановиќ, Речник грчко римска митологија, Српска Книжевна Задруга, Белград, 1979. стр.270.
  • Мирча Елијаде, Историја на верувања и верски идеи (том 2), Белград, 1991. стр.254-260.
  • Роџер Бек, Религијата на култот Митра во Римската империја, Универзитет во Оксфорд, Њујорк. 2006 година