Милиброд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Милиброд
Романски милиброд (cozonac) исполнет со суво грозје и орев
Други имињаКозињак
ВидКолач со квасец[1]
Дел од оброкотДесерт
РегионРоманија, Бугарија, Македонија, Србија, Молдавија
Главни состојкиПченично брашно, путер, млеко, јајца, шеќер, квасец, суво грозје, кора од цитрон, ароми од ванила или рум
Вообичаени состојкиСеме од афион, орев

Милиброд или козињак[2] (романски: cozonac; бугарски: козунак) ― слатко тесто од квасец што може да биде користен за правење различни традиционални празнични лебови и колачи. Често се меша со суво грозје, може да биде печен како леб или да биде поминат со филови како афион или ореви.[3] Тоа е вообичаено низ Југоисточна Европа, Романија, Бугарија и Србија, Македонија, Грција итн. Богата со јајца, млеко и путер, обично е подготвуван за Велигден во Романија, Србија, Бугарија, а во Романија и Молдавија е традиционално и за Велики петок. Името доаѓа од бугарскиот збор „коса“, или грчки: κοσωνάκι (косоунаки), деминутивен облик на грчки: κοσώνα (косоуна.[4] Зборот милиброд потекнува од германскиот збор milchbrot[5] (милхброт, во превод „млечен леб“).

Милибродот бил слаткото избрано да ја претставува Романија во иницијативата Café Europe на австриското претседателство со Европската Унија, на Денот на Европа во 2006 година.[6]

Потекло[уреди | уреди извор]

Во, првиот рецепт на „милиброд“ бил појавен во готвачка книга во 1718 година, со препорака да биде печен во долги и тесни облици, препорака која важи и во денешно време. Сличен италијански десерт, панетоне, чиј рецепт бил споделен и прилагоден во Источна Европа по римското освојување, често е споменуван како почетна точка за милибродот.

Романците во составот додале какао, рум, ореви и локум и на тој начин создале изворна верзија на јадењето, кое не смее да се пропушти од ниту една велигденска или божиќна трпеза стотици години и е нашироко препознатлив како традиционален десерт.[7]

Денес, овој десерт со долга историја е подготвуван главно во земјите од југоисточна Европа, особено во Македонија, Романија, Молдавија и Бугарија, каде што е сметан за традиционална храна.[8]

Состојки и подготовка[уреди | уреди извор]

Плетен милиброд со суво грозје.

Милибродот е сладок леб, во кој млекото, квасецот, јајцата, шеќерот, путерот и другите состојки се мешани заедно и се остава да нарасне пред да се пече. Во Бугарија, милибродот е подготвуван со додавање кора од лимон во смесата од тестото, исто како и романската верзија.

Во Македонија, Македонците за Велигден традиционално печат сладок леб наречен со султани и суво грозје во облик на помачкана коса на девојка, плетенка. Тука е и сламената подлога која Македонците во минатото ја користеле на земја за да спијат, наречена рогозина или ругузина.

Во Романија, рецептите значително се разликуваат помеѓу регионите. Тестото е суштински слично низ целата земја; обичен сладок леб направен од брашно, јајца, млеко, путер, шеќер и сол. Во зависност од регионот, може да биде додадено нешто од следново: суво грозје, рендана кора од портокал или лимон, ореви или лешници и вкус на ванила или рум. Милибродот може да биде попрскан со афионски зрна одозгора. Други стилови диктираат употреба на фил, обично мешавина од мелен орев со мелено семе од афион, какао во прав, есенција од рум или суво грозје. Тестото е мотано рамно со сукало, се премачкува филот и целото се витка назад во облик што нејасно наликува на тркалце. Во печениот производ, филот образува вител што го додава ликот на лебот.

Слични лебови[уреди | уреди извор]

Милибродот е сладок леб, збогатен со јајца, кој е вкоренет во кујните на Западна и Средна Азија.[9] Примери за слични лебови од други култури, се бадникот леб (хрватски: badnji kruh) во хрватската кујна, велигденска гозба (folar de páscoa) во португалската кујна, бриош (brioche) во француската кујна, кулич во руската кујна, панетоне во италијанската кујна, топло тутре со крст (hot cross bun) во англиската кујна, хала во еврејската кујна, штолен (stollen) во германската кујна. Ваквите богати лебови налик на бриош се традиционални и во други земји, како што се Унгарија и Чешка.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Davidson, Alan (2014). The Oxford Companion to Food. Oxford University Press. стр. 687. ISBN 9780199677337.
  2. „Козињак (милиброд) со суво грозје и портокал“. sezahrana.mk. 8 април 2015. Архивирано од изворникот 2016-04-22. Посетено на 3 октомври 2023.
  3. Roufs, Timothy G.; Roufs, Kathleen Smyth (2014). Sweet Treats around the World: An Encyclopedia of Food and Culture. Santa Barbara, California: ABC-CLIO. стр. 283.
  4. Cozonac etymology
  5. „милиброд“. Дигитален речник на македонскиот јазик. Архивирано од изворникот 2023-10-03. Посетено на 3 октомври 2023.
  6. „Coffee and Sweets“. Архивирано од изворникот на 2014-02-07. Посетено на 3 октомври 2023.
  7. Nastas, J. and Chiper, V. (2019) ‘Originea, evoluția și specificul alimentelor tradiționale românești.
  8. (на романски) "Istoria cozonacului", Revista Flacăra, 10 декември 2010
  9. Толковìй словарь живаго великорусскаго язîка, Dal' V.I., IAS, 1869

Надворешни врски[уреди | уреди извор]