Сламата е секундарен производ, остатоци добиени од исушените стебла на житните растенија (пченица, ‘рж, јачмен, овес, ориз) по вршењето. Пред воведувањето на машинско жнеење и вршење, сламата се собирала од гумното каде што се вршело и се редела во копи. Со машинското жнеење и вршење, сламата се пресува и балира и може полесно да се складира. Балите вообичаено се во облик на квадари и ролни.
Како крма (храна за добиток) на домашните преживари. Хранливата вредност на сламата е многу ниска, но служи како обемен дел од секојдневната храна на животните.