Прејди на содржината

Фуражни култури

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Крма)
Напасување добиток

Фуражни култури или крмарастителен материјал (главно листови и дршки) што се користи како сточна храна, во свежа состојба или сушена. Историски гледано, во почетокот поимот ги опфаќал растенијата што животните ги користеле директно, како треви, жита или недозреани житни култури, но подоцна се користи во поширока форма и вклучува растенија што се косени, сушени и давани како храна на животните, особено сламата или силажните растенија.

Иако терминот сточна храна има поширока дефиниција, поимот фуражни растенија важи за земјоделски култури, едногодишни или двегодишни, кои се одгледуваат за да се искористат за пасење или за добивање сено како храна за добитокот.

Видови фуражни култури

[уреди | уреди извор]

Фуражни култури се:

Начини за чување на фуражните култури

[уреди | уреди извор]

За да се задоволат потребите на животните од храна во било која сезона, потребно е да се зачуваат фуражните растенија. Главно, се користат следниве три методи:

  • природно сушење — со што се добива сено;
  • дехидратација — отстранување на водата од сомелените растенија. Резултатот е добивање гранулирана сточна храна;
  • силажа — метод за релативно влажно зачувување на фуражните растенија врз основа на контролирана киселинска ферментација.

Сламата, споредниот производ од житните култури, исто така може да се користи како сточна храна во периодите кога нема ниту една друга храна. Сепак, пожелно е сламата да се измеша со други хранливи состојки, за да се зголеми хранливоста и да се подобри апетитот на добитокот.

Во Македонија

[уреди | уреди извор]

Фуражните култури најчесто се одгледуваат заедно со индустриските култури и нивната застапеност во Македонија е релативно мала, односно изнесува околу 10%.[1]

Во 2007 г. фуражните култури во Македонија се одгледувале на вкупна површина од 21.458 хектари, поделени на следниве култури:[2]

Површина на посеави од фуражни растенија
во Македонија, 2007 г.[2]
Култура Површина
(ха)
Удел
(%)
Добиточна репка 186 0,86
Луцерка 13.709 63,88
Детелина 5.725 26,68
Пченка за зелена маса 675 3,14
Фуражни смески 706 3,29
Други фуражни растенија 458 2,13
Вкупно 21.458 100

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Ивановски, П. Р.; Прентовиќ, Т; Кабранова, Р. (2011). Практикум по фуражно производство (PDF) (I. изд.). Скопје: УКИМ.
  • Пребарувач на цени на добиточна храна и житарки во Македонија Архивирано на 9 февруари 2018 г. — Земјоделски пазарен инфпормативен систем (ЗПИС) (македонски)