Прејди на содржината

Бриош

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бриош

Бриош е печиво кое потекнува од Франција и личи на многу богат леб. Се прави на ист начин како и обичниот леб. Големата содржина на јајца и путер овозможуваат бриош да има богат изглед и нежно да крцка, а тоа му овозможува да се најде на бројни трпези ширум Франција за време на појадок или ужинка.[1]

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Иако постоеле многу дебати во брска со потеклото на зборот „бриош“, денес е општо прифатено дека тој збор потекнува од францускиот глагол „broyer”.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Зборот „бриош“ првпат бил употребен во францускиот јазик во 1404 година, кога е опишан како „зачинет леб“. Во Франција се развил како тип на леб, унапреден, од времето на старите готвачи и пекарници, со малку путер, јајца, шеќер итн. Се развил од обичен бел, црвеникав леб кој со тек на време станал квалитетен, а со самото тоа и поскап.

Во 17 век бил воведен терминот „паштета со тарта бриош“, „лоша паштета со бриош павре [со користење само] 3 јајца и 250 грама путер за 1 килограм брашно“. Термините паштета бенит и бриош понекогаш се користеле заедно или практично наизменично.

Жан-Жак Русо, во својата автобиографија „Исповеди“, раскажува дека се вели дека „една голема принцеза“ советувала, во врска со селаните кои немале леб, „Qu'ils mangent de la brioche“, што најчесто се преведува како „Нека јадат колач“. Оваа изрека најчесто погрешно се припишува на кралицата Марија Антоанета, сопруга на Луј XVI.

Послужување

[уреди | уреди извор]

Бриош може да се послужи самостојно или како прилог со разни десерти за доручек или ужинка. Освен тоа бриош има и други улоги во кујната и може да биде служен со главно јадење или вечера.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Le Quadrille Vendéen - Danse de la Brioche“. lequadrillevendeen.fr (француски). Архивирано од изворникот на 2014-03-08. Посетено на 2026-04-21.
  2. „Histoire de la Brioche Vendéenne“. www.association-brioche-vendeenne.fr (француски). Архивирано од изворникот на 2013-10-11. Посетено на 2026-04-21.