Мајкл Б. Џордан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мајкл Б. Џордан
Michael B. Jordan by Gage Skidmore.jpg
Џордан во Сан Диего во 2015 г.
Роден(а) Мајкл Бакари Џордан
Занимање актер, продуцент
Активен 1999-денес

Мајкл Бакари Џордан (роден на 9 февруари, 1987 во Санта Ана, Калифорнија, САД) е американски актер. Неговите улоги во телевизиските серии досега се Ист Дилан во Средно училиште, квортербекот Винс Хауард во Светлата во петок навечер, тинејџерот дилер на дрога Валас во Жицата, Реџи Монтгомери во Сите мои деца, и Алекс во Родители .

Во филмовите, тој ја играл улогата на жртвата на напади од оружје Оскар Грант во филм со позитивна критика Станицата Фруитвејл (во 2013 година), Човекот-факел во филмот од 2015 Фантастична четворка, и Адонис Крид во продолжението на Роки филмот Крид (2015). Другите филмски улоги му биле во Црвени опашки (2012), Хроника (2012) и Тој незгоден момент (2014).

Биографија[уреди | уреди извор]

Џордан е роден во Санта Ана, Калифорнија, како син на Дона, уметник и советник по оваа насока во средно училиште, и Мајкл Џордан, вработен во ресторан.[1][2][3] Тој средното по возраст од трите деца покрај постарата сестра, Жамила, кој работи во производство, и помалиот брат, Калид, кој бил фудбалер на Универзитетот Хауард.[4] Семејството на Џордан поминало две години во Калифорнија[5] пред да се преселат во Њуарк, Њу Џерси.[1] Тој учел во Уметничкото средно училиште во Њуарк, каде што неговата мајка работела, и каде што тој играл кошарка.[1] Средното име на Џордан, "Бакари", е од Свахилскиот јазик за "благородно ветување."[6]

Кариера[уреди | уреди извор]

Џордан заедно со Силвестер Сталоне и Теса Томпсон на промоцијата на фимот Крид во ноември 2015.

Џордан не планирал да навлегува во актерството, иако тој имал некои кампањи за моделирање за локалните компании,[7] како ако и за Modells и Toys "R" Us.[8]

Џордан ја започнал својата кариера како професионален актер во 1999 година, кога тој се појави накратко во по една епизоди од сериите Козби и Сопранови.[1] Неговата прва филмска улога дошла во 2001 година, кога тој бил вклучен во Хардбол , во кој глумел и Кијану Ривс. Во 2002 година, тој добил повеќе внимание играјќи ја малата, но клучна улога на Валас во првата сезона на ХБО филмот Жицата. Во март 2003 година, тој се приклучил на кастингот за Сите мои деца играјќи ја улогата на Реџи Портер, проблематичен тинејџер, се до јуни 2006 година, кога Џордан бил ослободен од неговиот договор.[9]

Џордан имал и неколку настапи како гостин во сериите Истрага на местото на злосторството: Лас Вегас,[10] Без трага и Заборавен случај. Потоа, тој ја имал главната улога во независниот филм Blackout и глуми во Асистенти. Во 2008 година, Џордан се појавува во музичкиот спот "Did You Wrong" на R&B изведувачот Pleasure P. Во 2009 година, тој играл како гостин во серијата Одстрел во епизодата "Hot Spot", играјќи улога на фудбалер кој игра за средното училиште но кои исто така влегол во тепачка и сега е прогонуван од страна на локалниот мафијаш. Во 2010 година, тој повторно како гостин играл во Закон и ред: Злосторски намери во епизодата "нехумано општество".

Во 2009 година, Џордан почнал да глуми во драмата на NBC Светлата во петок навечер како квортербекот Винс Хауард, и живеел во стан во Остин каде што се одржало снимањето на серијата.[11] Тој го играл ликот две сезони се до завршувањето на шоуто во 2011 година.[12] Во 2010 година, тој бил прогласен за едно од 55-те лица на иднината според Магазинот Најлон, списание за Младите актери во Холивуд.[13][14] Таа година, тој добил повремена улога во новата серија на NBC Родители играјќи го Алекс (љубовта на Хади Баверман).[15] Со ова тој ја направил својата втора соработка со продуцентот Џејсон Катимс, кој бил задолжен и за Светлата во петок навечер. Потоа, BuddyTV го рангира на #80.место на својата листа на "најсекси мажи од на ТВ за 2011 година".[16] Џордан исто така го има и позајмено својот глас на ликот Џек од Xbox 360 играта, Gears of War 3.[17]

Во 2012 година, Џордан се појавил во филмот на продуцентот Џорџ Лукас - Црвени опашки[18] и одигра една од главните улоги во филмот Хроника, во кој тројца тинејџери развиваат натчовечки способности.[19] Тој, исто така гостувал во една епизода на серијата Доктор Хаус од последната сезона, играјќи слеп пациент.[20] Во 2013 година, Џордан го доживеал најголемиот успех во својата кариера дотогаш играјќи ја главната улога во филмот Станицата Фруитвејл, Оскар Грант, во режија на Рајан Куглер. Неговиот настап бил добро примен, а филмски критичар за Холивуд репортер Тод МекКарти пишува дека тој го потсетил на "Дензел Вашингтон како млад".[21] По неговиот настап во Станицата Фруитвејл, Џордан бил именуван како еден актер на кој треба да се обрне внимание во иднина од страна на списанјата People и Variety.[22][23]

Потоа Џордан глумел во Тој незгоден момент, заедно со Зак Ефрон и Мајлс Телер, кој излегол во 2014 година.[24] Во 2015 година, тој ја ограл улогата на Џони Сторм, Човекот-факел во филмот Фантастичната четворка.[25][26][27]

Голем успех Џордан доживеал играјќи ја улогата на Адонис Крид, синот на боксерот Аполо Крид во продолжението на Роки Крид (2015), филм во режија на Рајан Куглер во кој глуми заедно со Силвестер Сталоне.[28] Џордан се подготвувал за неговата улога како боксер во Крид, со преземање на ригорозeн физички тренинг и адстрингентно исхрана со малку маснотии во период од речиси една година.

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филмови[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Инфо
1999 Црно и бело Тин #2
2001 Хардбол Џамал
2007 Blackout Си-Џеј
2009 Пастор Браун Тарик Браун
2012 Црвени опашки Морис 'Бампс' Вилсон
Хроника Стив Монтгомери
2013 Станицата Фруитвејл Оскар Грант
Лига на правдата: Жариштето Парадокс Виктор Стоун / Киборг гласовна улога
2014 Тој незгоден момент Мики
2015 Фантастична четворка Џони Сторм / Човекот-факел
Крид Адонси "Дони" Џонсон Крид

Телевизија[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Инфо
1999 Сопранови Риделанд Кид Епизода "Down Neck"
Козби Мајк Епизода: "The Vesey Method"
2002 Жицата Валас 11 епизоди
2003–06 Сите мои деца Реџи Портер Монтгомери
2006 Истрага на местото на злосторството: Лас Вегас Морис Епизода: "Poppin' Tags"
Без трага Џеси Луис Епизода: "The Calm Before"
2007 Заборавен случај Мајкл Картер Епизода: "Wunderkind"
2009 Одстрел Кори Јенсен Епизода: "Hot Spot"
Коски Пери Вилсон Епизода: "The Plain in the Prodigy"
Асистентите Нејт Ворен 13 епизоди
2009–11 Светлата во петок навечер Винс Хауард 26 епизоди
2010 Закон и ред: Злосторски намери Дани Форд Епизода: "Inhumane Society"
Лажи ме Ки 2 епизоди
2010–11 Родители Алекс 16 епизоди
2012 Доктор Хаус Вил Вествуд Епизода: "Love Is Blind"
Каунти Тревис Хенкок[29] Unaired TV pilot[30]
2015 Running Wild with Bear Grylls Гостин Сезона 2 епизода 7

Видео игри[уреди | уреди извор]

Година Наслов Улога Инфо
2011 Gears of War 3 Џек Стратон гласовна улога

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Politi, Steve (15 јули 2011). „Politi: 'Friday Night Lights' is over, but Newark's Michael B. Jordan is just getting started“. NJ.com. http://www.nj.com/sports/ledger/politi/index.ssf/2011/07/politi_friday_night_lights_is.html. конс. 3 август 2011 г. 
  2. Tharp, Sharon (15 јули 2011). „Interview: 'Friday Night Lights' Star Michael B. Jordan Opens Up About Series Finale“. Ology. http://www.ology.com/screen/interview-friday-night-lights-star-michael-b-jordan-opens-about-series-finale. конс. 3 август 2011 г. 
  3. Buckley, Cara. „Michael B. Jordan Gives Millennials Their ‘Rocky’ With ‘Creed’“, 28 октомври 2015.
  4. Friedman, Jackie (3 февруари 2010). „Tap-dancing, Howard-bound lineman Khalid Jordan first from Arts High to earn full athletic scholarship“. NJ.com. http://www.nj.com/hssports/blog/football/index.ssf/2010/02/tap-dancing_howard-bound_lineman_khalid_jordan_first_from_arts_high_to_earn_full_athletic_scholarshi.html. конс. 16 јуни 2013 г. 
  5. Bronner, Sasha (23 јануари 2013). „Michael B. Jordan, 'Fruitvale' Star, Reveals His Early Tap Dancing Roots (PHOTOS)“. The Huffington Post. http://www.huffingtonpost.com/2013/01/22/michael-b-jordan-fruitvale_n_2530343.html. конс. 17 јуни 2013 г. 
  6. „Ten Things You Didn't Know About Michael B. Jordan | Celebrities“. BET. http://www.bet.com/celebrities/photos/2013/06/ten-things-you-didn-t-know-about-michael-b-jordan.html#!030712-celebs-tv-stars-Michael-B-Jordan. конс. 22 јануари 2014 г. 
  7. Morales, Wilson (септември 2002). „On His Own : An Interview with Michael B. Jordan“. blackfilm.com. http://www.blackfilm.com/20020913/features/michaelbjordan.shtml. конс. 4 август 2011 г. 
  8. Kaufman, Amy; Horn, John (22 јануари 2013). „Are they the Sundance Film Festival's next finds?“. Los Angeles Times. http://articles.latimes.com/2013/jan/22/entertainment/la-et-mn-0122-sundance-breakouts-20130122. конс. 16 јуни 2013 г. 
  9. Kroll, Dan J. (25 август 2006). „Jordan out, Reggie to remain "missing"“. Soapcentral. http://soapcentral.com/amc/news/2006/0828-jordan.php. конс. 17 јуни 2013 г. 
  10. „Photos/ CSI Guest Stars: Celebrity DNA - Michael B. Jordan“. E! Online. http://uk.eonline.com/photos/3735/csi-guest-stars-celebrity-dna/141922. конс. 17 јуни 2013 г. 
  11. Koski, Genevieve (15 јули 2011). „Interview Michael B. Jordan“. The A.V. Club. http://www.avclub.com/articles/michael-b-jordan,59000/. конс. 4 август 2011 г. 
  12. Ausiello, Michael (17 август 2009). „Exclusive: 'Friday Night Lights' drafts Michael Jordan!“. Entertainment Weekly. http://insidetv.ew.com/2009/08/17/exclusive-friday-night-lights-drafts-michael-jordan/. конс. 17 јуни 2013 г. 
  13. „YOUNG HOLLYWOOD 2010 PREVIEW“. Youtube. 20 април 2010. https://www.youtube.com/watch?v=qI3CNldIpIE&feature=player_embedded#at=21. конс. 5 август 2011 г. 
  14. „Nylon Magazine: Young Hollywood Issue“. The CR Journal. 18 мај 2010. http://www.thecrjournal.com/index.php?option=com_content&view=article&id=336:nylon-magazine-young-hollywood-issue-&catid=2:magazine&Itemid=3. конс. 5 август 2011 г. 
  15. Keck, William (13 август 2010). „Keck's Exclusives: Friday Night Lights' Quarterback to Romance Parenthood Daughter“. TV Guide. http://www.tvguide.com/News/Kecks-Exclusives-Friday-1021840.aspx. конс. 17 јуни 2013 г. 
  16. „TV's 100 Sexiest Men of 2011“. BuddyTV. http://www.buddytv.com/slideshows/white-collar/tvs-100-sexiest-men-of-2011-29104.aspx. конс. 9 март 2012 г. 
  17. „Michael B Jordan replaces Drake as Jace in Gears of War 3“. N4G.com. 22 април 2011. http://n4g.com/news/749443/michael-b-jordan-replaces-drake-as-jace-in-gears-of-war-3. конс. 22 април 2011 г. 
  18. Clark, Krystal (6 април 2009). „George Lucas Finally Casts Red Tails“. ScreenCrave. http://screencrave.com/2009-04-06/george-lucas-finally-casts-red-tails/. конс. 17 јуни 2013 г. 
  19. „'Chronicle' Trailer: Teens Become Superheroes“. The Huffington Post. 19 октомври 2011. http://www.huffingtonpost.com/2011/10/19/chronicle-trailer-teens-b_n_1020534.html. конс. 23 октомври 2011 г. 
  20. Ng, Philiana (3 јануари 2012). „'Friday Night Lights' Actor Lands Guest Role on 'House'“. The Hollywood Reporter. http://www.hollywoodreporter.com/live-feed/house-michael-b-jordan-parenthood-277558. конс. 5 јануари 2012 г. 
  21. McCarthy, Todd (20 јануари 2013). „Fruitvale: Sundance Review“. The Hollywood Reporter. http://www.hollywoodreporter.com/movie/fruitvale/review/414010. конс. 16 јуни 2013 г. 
  22. Jordan, Julie (10 октомври 2013). „PEOPLE's Ones to Watch: Andy Samberg, Sam Claflin & More Top This Year's List“. People. http://www.people.com/people/article/0,,20743460,00.html. конс. 10 октомври 2013 г. 
  23. Kaufman, Anthony (9 октомври 2013). „10 Actors to Watch: Michael B. Jordan Arrives With ‘Fruitvale Station’“. Variety. http://variety.com/2013/film/features/10-actors-to-watch-michael-b-jordan-arrives-with-fruitvale-station-1200709886/. конс. 10 октомври 2013 г. 
  24. „Castings: ‘Are We Officially Dating?’ And ‘The Truth About Lies’“. 'Deadline.com'. PMC. 9 ноември 2012. http://www.deadline.com/2012/11/castings-are-we-officially-dating-and-the-truth-about-lies/. конс. 16 јуни 2013 г. 
  25. „Michael B. Jordan Signed On For 'Fantastic Four'“. vibe. 21 октомври 2013. http://www.vibe.com/article/michael-b-jordan-signed-fantastic-four. 
  26. Kroll, Justin (19 февруари 2014). „‘Fantastic Four’ Cast Revealed“. Variety. http://variety.com/2014/film/news/miles-teller-kate-mara-fantastic-four-1201099921/. конс. 20 февруари 2014 г. 
  27. „Fox Looking To Dump Fantastic Four Director, Screenplay And Recast, Six Months Before They Are Due To Shoot (UPDATE)“. Bleeding Cool. 14 март 2014. http://www.bleedingcool.com/2014/03/14/fox-looking-to-dump-fantastic-four-director-screenplay-and-recast-six-months-before-they-are-due-to-shoot/. конс. 14 март 2014 г. 
  28. „BREAKING NEWS re: Creed Movie - Michael B. Jordan and Sylvester Stallones - SPOILER ALERT“. phillychitchat.com. http://www.phillychitchat.com/2015/02/breaking-news-re-creed-movie-michael-b.html. конс. 24 февруари 2015 г. 
  29. Rose, Lacey; Goldberg, Lesley (10 февруари 2012). „'Parenthood' Reunion: Michael B. Jordan to Co-Star in Jason Katims/Jason Ritter Drama“. The Hollywood Reporter. http://www.hollywoodreporter.com/live-feed/parenthood-michael-b-jordan-jason-katims-county-289437. конс. 17 јуни 2013 г. 
  30. Andreeva, Nellie (10 мај 2012). „Where Are NBC’s ‘The Office’, ‘Parks & Recreation’ And ‘Up All Night’ Renewals?“. 'Deadline.com'. PMC. http://www.deadline.com/2012/05/where-are-nbcs-the-office-parks-recreation-and-up-all-night-renewals/. конс. 17 јуни 2013 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]