Мајлс Телер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мајлс Телер
Телер на San Diego Comic-Con International во 2015 година
Роден(а)Мајлс Александер Телер
20 февруари 1987 (1987-02-20) (32 г.)
Даунингтон, Пенсилванија, САД
Националност САД
Занимањеглумец, музичар
Активен период2004–сеуште

Мајлс Александер Телер[1] (роден на 20 февруари 1987 г.)[2][3] — американски глумец и музичар. Негова прва филмска улога била улогата во филмот Пат во непознато (2010). Потоа, тој добил улоги во филмовите Безгрижен (2011), Проект X (2012), и во Она чувство кога... (2014).

Телер ја играл главната улога во филмовите Спектакуларна сегашност (2013) и Ритамот на лудилото (2014) и за неговите изведби добил позитивни критики. Тој ја добил улогата на Питер Хејз во филмскиот серијал Различна, и улогата на г-дин фантастичен во филмот Фантастичната четворка (2015). Тој ќе го глуми боксерот Вини Паз во филмот Крвари за ова (2016).

Ран живот и образование[уреди | уреди извор]

Телер е роден во Даунингтон, Пенсилванија. Неговата мајка Мери е агент за недвижности, а неговиот татко Мајк е инжињер во нуклеарна централа.[4] Неговите родители се од Карнис Појнт, Њу Џерзи.[5][6] Тој има две постари сестри, Ерин и Дана.[7][8] Неговиот дедо од таткова страна бил евреин роден во Русија, а исто така тој влече и англиски, ирски, полски, и француски корени.[9][10]

Тој живеел на повеќе места како дете, поради работните обврски на неговиот татко. Тој живеел во округот Ситрус во Флорида откако се преселил од Кејп Меј, Њу Џерзи.[11] Тој исто така живеел во Пенсилванија и Делавер.[12] Телер се школувал во средното училиште Леканто во Флорида, каде свирел на саксофон, бил тапанер за црковниот младински бенд и бил претседател на драмскиот клуб.[4][13] Тој исто така свирел пијано и гитара и играл бејзбол и имал желба да стане професионален играч.[14][15] Покрај средното училиште, Телер работел како келнер во ресторан.[16] Тој дипломирал на Факултетот за уметности при Њујоршкиот универзитет, каде студирал методи на глума.[17][18]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Во 2007 година, Телер доживеал тешка собраќајна несреќа која му оставила неколку лузни по лицето и вратот.[19] Од 2013 година, тој е во врска со моделот Кејли Спери.[20][21]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Година Филм Улога Белешка
2004 Moonlighters Мајлс Краткометражен филм
2007 Многу специфичен рецепт Ли Краткометражен филм
2008 Музичарите Мигел Краткометражен филм
2009 Необични детективи Џејмс Бурленд ТВ серија (Еп: "Бурлендов ден")
2010 Запознавање на патека Ендрју Краткометражен филм
2010 Пат во непознато Џејсон
2011 Безгрижен Вилард Хјуит
2012 Проект X Себе си
2013 Спектакуларна сегашност Сатер Кили
2013 Од 21 година па нагоре Милер
2014 Ритамот на лудилото Ендрју Ниман
2014 Она чувство кога... Даниел
2014 Различна Питер Хејз
2014 Врска за две ноќи Алек
2015 Различна: Побунети Питер Хејз
2015 Фантастичната четворка Рид Ричардс/Г-дин фантастичен
2016 Крвари за ова Вини Паз Пост продукција
2016 Оружјето и момците Дејвид Пекуз Пост продукција
2016 Различна: Следбеници Питер Хејз Се снима

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Miles Alexander Teller Voting Record“. Find The Data. Florida Department of State. конс. January 19, 2014. 
  2. „Miles Teller on Twitter“. Twitter. 
  3. „Miles Teller on his Breakout 'Whiplash' Role and Blushing for Nicole Kidman“. Variety. 
  4. 4,0 4,1 Swanson, Carl. „Miles Teller on Awkward, Fame, and Efron“. Vulture. конс. February 20, 2014. 
  5. „Rabbit Hole presskit“ (PDF). конс. April 23, 2012. 
  6. Michael Williams/Today's Sunbeam (November 1, 2011). „Man with local ties on ABC show Wednesday“. NJ.com. конс. April 23, 2012. 
  7. Greco, Patti (August 27, 2013). „Miles Teller on The Spectacular Now, Moonwalking, and the Divergent–Hunger Games Comparisons“. Vulture.cocm. конс. December 10, 2013. 
  8. Persall, Steve (November 11, 2014). „Snoopy? How rising star Miles Teller, a Lecanto High grad, found acting (w/video)“. Tampa Bay Times. конс. August 6, 2015. 
  9. Miller, Gerri. „Hollywood Now: That Awkward Moment, Labor Day, Somewhere Slow“. InterfaithFamily. конс. February 20, 2014. 
  10. follers (February 20, 1987). „Miles Teller profile at“. Ethnicelebs.com. конс. February 20, 2014. 
  11. Dailey, Jennifer (April 14, 2009). Man with local ties on ABC show Wednesday, NJ.com; accessed March 17, 2014.
  12. Whitty, Stephen (March 15, 2015). „Miles Teller on 'Insurgent,' 'Whiplash' and his not-so-secret crush“. NJ.com. конс. August 6, 2015. 
  13. Connor, Katie L. (August 30, 2013). „Unexpected Crush Alert: Miles Teller“. Cosmopolitan. конс. December 10, 2013. 
  14. Weston, Hillary (October 7, 2014). „Miles Teller: Cinema’s Next Great Bad Ass?“. Blackbook. конс. August 6, 2015. 
  15. „Mr Fantastic Miles Teller on baseball dreams and growth spurts“. Belfast Telegraph. February 6, 2015. конс. August 6, 2015. 
  16. Apatow, Maude (August 8, 2013). „Maude Apatow Gets the Scoop from Miles Teller on 'The Spectacular Now'. Teen Vogue. конс. August 6, 2015. 
  17. Morris, Alex. „How Miles Teller Drummed His Way to the Top“, Vulture, 2 декември 2014 (посет. 21 март 2015 г).
  18. Kaufman, Amy (October 8, 2014). 'Whiplash' director, stars march to a friendly beat — off-screen“. The Los Angeles Times. конс. May 22, 2015. 
  19. Swanson, Carl. „Nobody’s Stalking Miles Teller: The Sundance Breakout on That Awkward Moment, Fame, and Getting Out of Florida“, Vulture, 2 февруари 2014 (посет. 21 март 2015 г).
  20. „The Hollywood Reporter & Samsung With The Cinema Society Host A Screening Of A24's 'The Spectacular Now'. Getty Images. конс. April 4, 2015. 
  21. „MILES TELLER ON VIAGRA, VEGAS, AND THOSE SHAILENE RUMORS“. Elle (magazine). конс. April 4, 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]