Прејди на содржината

Крид (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Крид“
Филмскиот плакат
РежисерРајан Куглер
ПродуцентИрвин Винклер
Роберт Чартоф
Вилијам Чартоф
Чарлс Винклер
Давид Винклер
Кевин Кинг-Темплетон
Силвестер Сталоне
Главни улогиМајкл Б. Џордан
Силвестер Сталоне
ЖанрСпорт
Драма
МузикаЛудвиг Герансон
КинематографијаМарисе Алберти
МонтажаМајкл Шовер
Клаудија Костело
ДистрибутерWarner Bros.
Премиераноември 19 2015 (2015-11-19) (Театар на село Регенци)
ноември 25 2015 (2015-11-25) (САД)
Времетраење133 минути
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет35 милиони $
Бруто заработка173.4 милиони $

Секој удар кој го упатив досега беше мој. Никој не ми покажал како треба. Спремен сум!

Крид е американски спортски филм, снимен во 2015 година во режија на Рајан Куглер, кој исто така го има напишано и сценариото. Филмот претставува би-производ и продолжение на Роки. Главните улоги ги толкуваат глумците Мајкл Б. Џордан и Силвестер Сталоне. Филмот повторно ги обединува глумецот Џордан и режисерот Куглер, откако тие веќе еднаш соработувале порано во филмот Станицата Фруитвејл.

Снимањето на филмот започнало на 19 јануари 2015 година во Ливерпул, а подоцна, се сели во Филаделфија, родниот град на Роки. Крид ја имал својата премиера во САД на 25 ноември 2015 година, на денот на четириесет годишнината од местото на емитувањето на првиот дел на Роки во 1976. Седмиот дел од серијата филмови за Роки и продолжение на Роки Балбоа од 2006, доби многу признанија од критичарите, кој го нарекле најдобар Роки филм по многу години. За неговиот настап во него, Сталоне бил номиниран за Оскар за најдобра споредна машка улога, што е негова прва номинација за Оскар уште од оригиналниот филм. Тој победил во три категории National Board of Review Award for Best Supporting Actor, Наградата на здружението на телевизиските филмски критичари за најдобар глумец во споредна улога и Златен глобус за најдобра споредна машка улога, негов прв Златен глобус.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Во 1998 година, Адонис "Дони" Џонсон, вонбрачен син на поранешниот шампион во тешка категорија Аполо Крид, расте во еден од домовите за деца во Лос Анџелес кога сопругата на неговиот татко, сега вдовица Мери Ен, му доаѓа во посета и му нуди да го земе да живее кај неа.

Седумнаесет години подоцна, Дони ја напушта работата во фирмата за хартии од вредност за да го следи својот сон да стане професионален боксер. Мери Ен жестоко се противи на тоа, сеќавајќи се како нејзиниот сопруг бил убиен во рингот 30 години порано од Иван Драго. Тој се обидува да добие место во елитната Боксерска академија Делфи во Лос Анџелес, но е одбиен. Безстрашен, Дони патува во Филаделфија со надеж дека ќе дојдe во контакт со стариот пријател и соперник на неговиот татко, Роки Балбоа.

Дони го среќава Роки во неговиот италијанскиот ресторан, Adrian's, именуван во чест на неговата почината сопруга, и го прашува Роки да стане негов тренер. Роки не сака да се врати во боксот, иако веќе имал еднократно враќање во многу поодмината возраст и покрај тоа што претрпел траума на мозокот за време на неговата кариера како борец. Сепак, тој на крајот се согласува. Дони тренира во терената Фронт Стрит, со неколку долгогодишни пријатели на Роки како што е неговиот корнермен, а исто така ја наоѓа својата љубов во Бјанка, пејачка и текстописец.

Дони, сега познат како "Холивуд Дони" го поразил локалниот борец Лео Спорино, и светот дознава дека тој е вонбрачниот син на Аполо Крид. Роки добива повик од тренерот на светскиот шампион во тешка категорија "Убавиот" (прекар Pretty) Рики Конлан, кој треба да биде принуден да се пензионира поради претстојната затворска казна. Тој му нуди на Дони да биде неговиот последен соперник, под услов тој да го промени своето име во Адонис "Холивуд Дони" Крид. Дони одбива на почетокот, бидејќи сака да гради свое наследство. Сепак, тој на крајот се согласува.

Истовремено додека го тренира Дони, Роки дознава дека има не-Хочкинов лимфом. Тој не сака да се подложи на хемотерапија, сеќавајќи се дека тоа не било од помош за да се спаси Адријан кога имала рак на јајчник. Дијагнозата и фактот дека неговиот најдобар пријател и брат-по-закон Паули Пенино - брат на Адријан - сега починат како и Адријан, Аполо и неговиот стар тренер Мики Голдмил го присилува да се соочи со сопствената смртност. Гледајќи го Роки потресен, Дони бара од него да започне со лечење.

На крајот Дони се бори против Конлан во родниот град на Конлан Ливерпул, и многу паралели се појават помеѓу оваа борба и првата борба што ја имале Аполо и Роки 40 години порано. Прво, пред да влезе во рингот, Дони добива подарок од Мери Ен - нови шорцеви со американското знаме слични на оние на Аполо кој подоцна и Роки го носеше. Покрај тоа, на изненадување на речиси сите, Дони е рамноправен со Конлан во рингот. На крајот Конлан победува во борбата на бодови (исто како Аполо што ја задржа својата титула против Роки), но Дони освои почит од Конлан како и публиката. Како што Џим Лампли вели "Конлан ја освои борбата, но Крид ја освои вечерта." ("Conlan won the fight, but Creed won the night."). Конлан му кажува на Дони дека тој е иднината на овој спорт во тешка категорија.

Филмот завршува како Дони и изнемоштениот, но подобар Роки се искачувањаат на "Rocky Steps" на влезот на Музејот на уметност во Филаделфија.

  • Алекс Хендерсон го игра малиот Адонис Џонсон
  • Силвестер Сталоне - Роки Балбоа, или "Италијанскиот пастув": двократен светски шампион во тешка категорија и соперник на Аполо иако подоцна станале пријатели. Тој станува тренер и ментор на Адонис, но исто така води и свој сопствен ресторан во Филаделфија.[1]
  • Теса Томпсон[2] - Бјанка: Пејачка и текстописец девојка на Адонис.[3]
  • Филисија Рашад - Мари-Ен Крид : Вдовица на Аполо, која го зема Адонис како дете, по смртта на неговата биолошката мајка".[4]
  • Тони Белју - "Убавиот" Рики Конлано : Британски борец, светски шампион во тешка категорија.[5]
  • Греам МекТевиш - Томи Холидеј: Тренерот на Конлан.[6]
  • Вуд Харис[7] - Тони "Литл Дјук" Еверс : Еден од асистент тренерите на Вилер.[8]
  • Андре Ворд[5] - Дани "Стантман" Вилер : Боксер во тешка категорија[8]
  • Габриел Росадо[9] - Лео "Лавот" Спорино[8]
  • Ричи Костер - Пит Спорино
  • Џејкоб "Стич" Дуран - самиот себе: Угледен кјутмен во Боксот и Мешани боречки вештини, кој е регрутиран од Роки да биде во аголот на Адонис. Тој претходно ја играл улогата на кјутмен на Мејсон "линијата" Диксон (кој бил игра од страна на Антонио Тарвер) во Роки Балбоа филмот.
  • Рикардо "Педмен" МекЏил - самиот себе: Еден од тренерите на Адонис.
  • Малик Базил - Амир: Синот на Педмен и спаринг-партнер на Адонис.
  • Дерик Вебстер - Кевин "Банката" Грир
  • Ханс Мареро - Флорес: Мексикански борец.
  • Маурисио Овале - тренерот на Флорес
  • Тон Трамп - самиот себе
  • Брајан Ентони Вилсон - Џејмс

Продукција

[уреди | уреди извор]
Сталоне, Томпсон, и Џордан промоција на филмот на врвот на Rocky Steps во ноември 2015.

На 24 јули 2013 година, беше најавено дека МГМ постигнале договор со режисерот и сценарист на филмот Станицата Фруитвејл, Рајан Куглер за снимање на новото продолжение на Роки, седми филм во Серијалот филмови за Роки, во кое покрај Куглер во пишувањето на сценариото помогнал и Арон Ковингтон.[10] Силвестер Сталоне, исто така, работел на сценариото за седмиот филм.[11][12][13] Филмот ќе се фокусира на еден човек кој тргнува по стапките на неговиот починат татко, Аполо Крид, и добивање на ментор во сега пензионираниот Роки Балбоа. Главната улога му била доделена Мајкл Б. Џордан како син на Аполо, односно Адонис Крид,[14] додека Сталоне одново е во својата улога на Роки Балбоа, но сега како тренер.[10] Продуцентите Ирвин Винклер и Роберт Чартоф биле задолжени за продукцијата на филмот, заедно со Сталоне и Кевин Кинг-Темплтон.[10] На 25 април 2014 година, зборувајќи за The Hollywood Reporter, Куглер изјавил дека го испратил неговиот последен предлог во студиото, и го потврдил учеството на Џордан и Сталоне.[1]

На 10 ноември, боксерите од реалниот-живот Тони Белју и Андре Ворд му се приклучиле на филм, со тоа што Белју ја игра улогата на борец, односно "Убавиот" Рики Конлан, главниот соперник на Крид. Снимањето требаше да започне во јануари 2015 година, во Лас Вегас и Филаделфија.[5] На 16 декември, Теса Томпсон им се приклучила на глумците како главна женска улога.[2] На 8 јануари 2015 година, Филисија Рашад, објавила дека се приклучува на филмот за да ја игра улогата на Мери Ен Крид, вдовицата на Аполо.[4] На 21 јануари, Греам МекТевиш преку неговиот твитер профил најавил дека ќе земе учество во филмот.[6]

Снимањето започнало на 19 јануари 2015 година во Англија, каде е снимена првата сцена за филмот која се случува за време на фудбалскиот натпревар помеѓу Евертон (чии страствени навивачи се Сталоне и Белју) и Вест Бромвич Албион на Гудисон парк во Ливерпул.[15][16]

Потоа снимањето продолжило во Филаделфија.[17][18] Во почетокот на февруари, една празна продавница во Филаделфија била претворена во бокс салата, каде биле снимени некои сцени за време на тренирањето.[19][20]

На 13 февруари, филмската екипа била забележана на снимање во Виктор Кафе.[21] The cafe was transformed into the Adrian's Restaurant, and crew were again spotted filming there on February 16.[22] Сталоне и Џордан, исто така, биле забележани за време на снимањето на филмот на 18 февруари.[23] Од 24 до 27 февруари, а потоа на 3 март, снимањето се одржало во Сан Центер Студио и Астон Тауншип.[24]

Музиката за филмот е напишана од страна на шведскиот композитор Лудвиг Герансон, кој е само третиот композитор во историјата на "Роки серијалот", по Бил Конти (Роки I, II, III, V и Балбоа) и Винс ДиКола (Роки IV ). Крид, исто така, располага со саундтрак кој главно се состои од нова музика, вклучувајќи хип-хоп песни од уметници како што се Фјучр, Мик Мил и Вајт Дејв.[25]

Дистрибуција

[уреди | уреди извор]

На 3 февруари 2015 година, Warner Bros. закажеле дека излегувањето на филмот ќе биде на 25 ноември 2015 година. Овој датум се совпаѓа со 40-годишнината од местото на отворање на оригиналниот филм, каде Роки се бори против Спајдер Рико.

Крид заработил 109.7 милиони долари во Северна Америка и 63,5 милиони долари во останатите земји што е вкупна заработка од 173,2 милиони долари, наспроти буџетот од 35 милиони долари.

Филмот Крид добил многу позитивни оцени од критичарите.[26] Филмскиот прегледник Rotten Tomatoes, му даде висок рејтинг на филмот од 94%, врз основа на 237 рецензии, со просечна оценка од 7,9 / 10. Консензус на мрежното место вели: "Крид ја носи Роки франшизата надвор од вообичаеното со изненадувачки ефикасна седма рунда, која је протега боксерската сага во нови интересни насоки додека престојуваат верни на своите корени и класични претходници".[27] На Metacritic, филмот има резултат од 82 од вкупно 100, врз основа на 42 критичари, што укажува на "универзално признание".[28]

  1. 1,0 1,1 1,2 Kemp, Stuart (April 25, 2014). „Sundance London: Ryan Coogler Talks 'Rocky' Spinoff 'Creed'. hollywoodreporter.com. Посетено на February 2, 2015.
  2. 2,0 2,1 Yamato, Jen (December 16, 2014). 'Dear White People's Tessa Thompson Lands 'Creed' Lead“. deadline.com. Посетено на December 17, 2014.
  3. „Rocky 7's plot is as Stallonian as you'd hoped it'd be“. usatoday.com. Посетено на February 25, 2015.
  4. 4,0 4,1 Sneider, Jeff (January 8, 2015). „Phylicia Rashad to Play Apollo Creed's Widow in 'Rocky' Spinoff 'Creed'. thewrap.com. Посетено на February 2, 2015.
  5. 5,0 5,1 5,2 Kit, Borys (November 10, 2014). „Boxers Andre Ward and Tony Bellew in Talks to Join MGM's 'Rocky' Spinoff 'Creed'. hollywoodreporter.com. Посетено на February 2, 2015.
  6. 6,0 6,1 „Graham McTavish - Twitter“. twitter.com. Посетено на February 2, 2015.
  7. D'Alessandro, Anthony (June 30, 2015). 'Creed' Trailer: Latest 'Rocky' Sequel Enters The Ring And This One Has Punch“. Deadline.com. Посетено на July 1, 2015.
  8. 8,0 8,1 8,2 „Creed Cast“. nytimes.com.
  9. The Trailer For The ‘Rocky’ Spinoff ‘Creed’ Has Arrived published by Bansky
  10. 10,0 10,1 10,2 Fleming Jr, Mike (July 24, 2013). 'Fruitvale Station' Duo Ryan Coogler And Michael B. Jordan Team With Sly Stallone On MGM 'Rocky' Spinoff 'Creed'. deadline.com. Посетено на February 2, 2015.
  11. „CREED Screenwriter Aaron Covington on developing the script & Sylvester Stallone's legacy as ROCKY“. Jog Road Productions. December 7, 2015. Посетено на December 15, 2015.
  12. „Sylvester Stallone potentially leaks 'Creed' spoiler online“. Toronto Sun. December 31, 2014. Посетено на November 29, 2015. The Expendables star has been working on the screenplay for new film Creed
  13. Jordan Zakarin (December 29, 2014). „Sylvester Stallone May Have Just Spoiled The Ending of the New 'Rocky' Movie“. Yahoo! Movies. Посетено на November 29, 2015. Stallone's apparently making edits to the script, since the tweet's accompanying text read, “Where the screenwriting is done.”
  14. „BREAKING NEWS re: Creed Movie - Michael B. Jordan and Sylvester Stallones - SPOILER ALERT“. phillychitchat.com. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на February 24, 2015.
  15. Owen, Luke (January 19, 2015). „Rocky spin-off Creed to shoot tonight at Goodison Park during Everton v West Brom game“. flickeringmyth.com. Посетено на January 20, 2015.
  16. „Sylvester Stallone: Rocky star delivers message at Everton“. bbc.com. January 19, 2015. Посетено на January 20, 2015.
  17. Charlton, Corey (January 21, 2015). „Posing with the champ! Tourists get selfie with Sylvester Stallone after running up Philadelphia's 'Rocky' steps“. dailymail.co.uk. Посетено на February 5, 2015.
  18. „A new 'Rocky' movie is set to begin filming in Philadelphia; Extras needed“. onlocationvacations.com. November 25, 2014. Архивирано од изворникот на 2015-02-21. Посетено на February 5, 2015.
  19. „The new 'Rocky' movie 'Creed' will be filming at a Boxing Gym in Philly this week“. onlocationvacations.com. February 2, 2015. Архивирано од изворникот на 2015-07-02. Посетено на February 3, 2015.
  20. Sullivan, Vince (February 13, 2015). 'Rocky' crew picks Delco gym as movie location“. mainlinemedianews.com. Архивирано од изворникот на 2016-04-01. Посетено на February 14, 2015.
  21. „The new 'Rocky' movie 'Creed' filming at The Victor Cafe in Philly“. onlocationvacations.com. February 13, 2015. Архивирано од изворникот на 2015-07-02. Посетено на February 14, 2015.
  22. „See Philadelphia's Victor Cafe transformed into Adrien's for 'Creed'. onlocationvacations.com. February 16, 2015. Архивирано од изворникот на 2015-02-17. Посетено на February 17, 2015.
  23. „Sylvester Stallone and Michael B. Jordan on the Creed Set“. comingsoon.net. February 18, 2015. Посетено на February 19, 2015.
  24. „Filming for the new 'Rocky' movie 'Creed' moves to Aston, PA this week“. onlocationvacations.com. February 24, 2015. Архивирано од изворникот на 2015-02-25. Посетено на February 25, 2015.
  25. „Future, Jhené Aiko, Meek Mill Appear on Newly Released "Creed" Soundtrack“. ABC News Radio. American Broadcasting Company. November 20, 2015. Архивирано од изворникот на November 23, 2015. Посетено на November 23, 2015.
  26. „Getting the 'Rocky' spinoff 'Creed' made was a real underdog story for director Ryan Coogler“. latimes.com. Посетено на December 2, 2015.
  27. „Creed (2015)“. Rotten Tomatoes. Посетено на February 29, 2016.
  28. „Creed reviews“. Metacritic. Посетено на January 12, 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]