Ласло Краснахоркаи

Ласло Краснахоркаи (унгарски: Krasznahorkai László), (1954, Ѓула, Унгарија) — современ унгарски писател и нобеловец.
Животопис
[уреди | уреди извор]Ласло Краснахоркаи е роден во 1954 година во Ѓула. Студирал право во Сегед, а потоа унгарски јазик во Будимпешта. Од 1983 година работи како професионален писател.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]Краснахоркаи е автор на поголем број прозни дела кои се преведени на повеќе европски јазици: шпански, полски, германски, француски, шведски, чешки, српски, бугарски, украински, и англиски. Исто така, неговиот расказ "Последниот брод" е објавени на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".[2]
Негови поважни дела се:[3]
- Сатанско танго (роман), 1985 година
- Околности за милост (раскази), 1986 година
- Меланхолија на отпорот (роман), 1986 година
- Затвореникот од Урга (роман), 1992 година
- Војна и војна (роман), 1999 година
- Рид на север, езеро на југ, патишта на запад, река на исток (роман), 2003 година
- Напуштеност и безнадежност под небото (роман), 2004 година
Признанија
[уреди | уреди извор]Краснахоркаи е добитник на повеќе награди, како што се:[3]
- Наградата „Атила Јожеф“, 1987 г.
- Наградата на Кругот на Микец Келемен (Холандија), 1987 г.
- Наградата „Тибор Дери“, 1992 г.
- Наградата „Шандор Мараи“, 1997 г.
- Наградата „Кошут“, 2004 г.
- Нобелова награда за литература, 2025 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 228.
- ↑ Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009.
- 1 2 Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 229.
| ||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
|
